Како пишувате вие?
Јас не дека сум се занимала сериозно со пишување, но се’ што сум напишала, имам чувство како само да се пишува. Ликовите ме заебаваат, приказната не ме слуша.
Се обидов да бидам „градинар“. Со книгата првенче доста се изнамачив. Имав многу голем проблем тогаш, најчесто не знаев како да ги изградам оние „мостови“, сцени меѓу поважни случувања, не ми доаѓаа идеи. Пречесто заглавував и кревав раце од пишување. Не успевав да продолжам и да ја скокнам таа дупка. Кога конечно седнав и ја искористив инспирацијата за да ја напишам
секоја глава и секоја сцена во таа глава дојдов до начин во кој немаше пречки. Оттогаш немам тешкотии да седнам и да пишувам дури и кога немам инспирација. И не поминувам часови размислувајќи што да се случи следно. Најважно од се, си ги знам ликовите, сите нивни минати и идни однесувања, и го знам текот на приказната. Знам што треба сега да кажат за да ги оправдаат нивните дела подоцна. Тоа ми е голема оддишка.
Сметам дека секој си има различен пристап, секому повеќе му лежи еден или друг вид на создавање на приказна.
Но, дури и настрогиот архитект не може да ги спречи ликовите некогаш да направат нешта кои претходно не ги предвидел. И тоа е одлично, се раѓаат нови идеи. Но, останува целосната слика за тоа каква треба да е приказната, барем во моето искуство.
nicole_l речиси надминуваат 14 000.
Мене лично не ми се допаѓа воопшто, ама секоја чест за девојката. Си нашла таргет група и точно си ја погодила. Камо сите да изградевме толкава авторска платформа.
Од поодамна размислувам да отпочнам блог, но тоа би го направила само поради промовирање на мојата претстојна работа. Би го поврзала со другите социјални мрежи, да генерирам посетители и читаност (и нели, потенцијални купувачи).
Но, тоа е доста обемна работа, не е туку-така, седни направи почни да си пишуваш за цел свет да гледа. Барем не за некој кој поголем дел од времето би го жртвувал за малку поопширно дело. Мое мислење е дека блогот треба да е огледало на авторот. Очекувам сериозна публика - сакам колку толку сериозен блог. Се надевам дека кога ќе го оформам концептот и ќе решам да ја започнам таа „авантура“, а тоа ќе биде кога романот ќе ми биде завршен и тргнат од листата на приоритети, ќе успеам и јас да се радувам на толкава посетеност.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 02:34 ---
nicole_l,
И јас имав сличен пат. Пишував песни и толку се трудев да ги закомплицирам, што после 20 дена, мене не ми беше јасно што сум сакала да кажам. Кога ги прочитав Данте, По и Бодлер, сфатив дека никогаш нема да достигнам такво совршенство и престанав да трошам хартија .
После тртљав кратки раскази, а имав амбиции да напишам роман.
Она што подоцна го пишував е еден вид мемоарска проза, која е интересна за читање еднаш, и толку.
Може за читателите ќе биде интересна и за повеќепати. ^_^
--- надополнето: 30 мај 2013 во 02:37 ---
Да, сум размислувал. Има еден куп постови во дотичната тема кои можат да ми послужат како основа да напишам некоја мала книга. Ќе ја разгледам идејата, фала на предлогот

.
И јас би го поддржала таквиот подвиг, време е некој да расчепка по се уште табу темите во државичкава наша што си е заглавена со едната нога во минатото.