Ај, јас да го скршам мразот
Предлагам да го читате делов со
ова упалено на звучките или слушалките, за да влезете во расположението и да се создаде атмосфера
. Enjoy:
Поминаа седум циклуси откога последен пат се родија нови бебиња да ја збогатат популацијата. Уна беше најновото, и е родена во периодот кога дождот не е кисел. Изминаа три циклуси од нејзиното раѓање кое го скрши тој натален вакуум. Нејзиното пристигнување на овој свет народот го доживеа како препород на културите кои сега овој свет го нарекуваат свој дом. Сега малечката е три циклуси стара, но сенката од темната страна на планетава и висна врз нејзината судбина. Настапи тој студ. Студот кој сите го чекаат да пристигне оваа сезона. Беше ладно, да, но многу поладно од вообичаено. Доста неочекувана клима за овој период од годината. И ветровите се чинеа појаки. Малечката седеше на едно кадифено перниче, и беше завиткана во дебела крзнена прекривка. Загледана во вечниот дожд, барајќи слики и приказни во динамичното свивање на капките врз зелените округли прозори. Почна да црта по нив со малите рачиња. Вечниот дожд беше главна тема во нејзиниот живот. Она не знаеше за време кога немало дожд, за неа истиот е реалност, присутен е од кога е родена, додека за старците од кланот истиот беше најголемиот проблем со кој се соочиле при почетокот на колонизацијата.
Засилените дождови последните неколку циклуси ја расцутеа флората до невидени размери, а ракамбите почнаа да се множат во доста голем број. Нивните повици за парење го исполнуваа просторот наоколу и даваа дополнителна имагинација на креативно-плодниот ум на малечката Уна. Кога доаѓаше времето за одмор, тогаш ракамбите стануваа најгласни, но после генерации и генерации живот на овдешните простори, луѓето се навикнаа да ги сметаат тие крикови за знак дека треба да се почива, и често создаваа нагон за спиење. Занесеноста на малата Уна ја прекина ненадеен остар звук, како нешто да се скрши, и се сврте нагло во насока накај вратата од домот. Насилно ја беа отвориле неколку луѓе, кои полека влегуваа внатре. Можеше јасно да ги види нивните темни силуети, кои во блицови се отцртуваа со секоја наредна молскавица. Двајца носеа трет кој се држеше со рацете преку нивните рамена. Меѓу нив го препозна и гласот на својот вујко Јаков.
- "
Неира, брзо, земи ги завоите и медицинските уља! Ронан е тешко повреден, малата нека ги грабне анестетиците и кутијата со медицински алатки, брзо!", полека со мали чекори навлегуваа кај широката соба. Како што влегуваа полека малечката можеше да види како човекот во средина, кој дозна дека е татко и, му течат капки крв на подот, одделени сантиметри една од друга, формирајќи еден патоказ кој водеше кон масата. Старицата се стрча до собата одлево лелекајќи и плачејќи. Малечката седеше избезумена и здрвена од глетката. Како да е скаменета.
-"
Уна! Што кажав!? Оди трчај по анестетиците и опремата!", громогласно се јави вујко и, и ја штрекна малата надвор од здрвеното лимбо во кое се наоѓаше. Се стрча до собата во која отиде и баба и, каде почна нервозно да бара по фиоките, шокирана од глетката не можеше да се сети каде стоеја лековите што умртвуваат сетила. Баба и уште лелекајќи и со црни солзи од бојата на нацртаното лице, ја виде малата и се сецна. Знаеше колку и значи татко и, и дека ваква глетка не е за мали деца. Ја стави дланката на нејзината глава и кога го доби вниманието на внука и, ја отвори најгорната фиока. Во истиот момент поита да ги однесе газите кај луѓето, додека се обидуваат да тргнат облеката од татко и со кинење на делот каде е повредата. Уна ги зема маслата и алатките и побрза кај останатите, оставајќи ги кај луѓето, но се тргна на едно 3 метра од нив, поради внатрешен страв од целата ситуација. Клекната и со перница скоро голема колку неа, ја имаше гушнато и ѕиркаше помалку со очите, набљудувајќи го тоа што се одвива пред нејзини очи ...
-"
Проклети да се! Сите до еден! Ќе ги снема од лицето на планетава еден ден, ти ветувам Јавор" рече Јаков, тешејќи го татко и на Уна, иако во бесознание, додека тој и пријателот му ги нанесуваа газите на помалите рани и припремајќи ги алатките за медицина.
-"
Ма што се случи, деца бре!? ... Како дојде до ова ..? " прашуваше бабата, се уште плачејќи и мавајќи се по главата со дланките.
-"
Не се опасност само во затворени и скриени средини Неира, и не се само шумите во прашање веќе .... сега ги напаѓаат и транспортните линии по кои се движат трговските конвои".
Старицата почна пак да лелека држејќи ги рацете на главата. Јаков вадеше нешто што наликуваше на црни шилци надвор од абдоменот на Јавор. Уна се покри со перницата, не можеше да гледа веќе.
- "
Јужно-африканскиот трговски конвој го нема веќе. Го уништија цел. Пробаа слична тактика и со северно-азискиот но наидоа на потешкотии, Голубинов прикажа некакво ново оружје на дело, се разбегаа како лебарки." Старицата почна да ги грее маслата на жешка пареа, други да ги мачка по раните на Јавор.
- "
Какво и да е оружјето, немаат доволно ресурси да не заштитат сите, едвај ги тргнаа од својот грб. Ние среќа имавме, наидовме на Чернов-класа транспортер, и покрај невремето и ветровиве успеавме да се кренеме од земја и во еден дел да дојдеме овде". - "
Никој друг не преживеа?", праша нервозно старицата, се уште со плачлив тон во гласот. - "
Не знаеме, кога се случи нападот ние бевме кај десното крило од нашиот локален конвој, и видовме само како се почна да се разлетува околу нас, тела летаа во вис како листови на ветер, едвај живи глави извадивме од таму. Ако останавме да бараме други за спасување и ние сега ќе бевме мртви", кажувајќи го тоа, заврши со превезување на Јавор во пределот околу главата. Старицата вртејќи со главата лево и десно во неверување, и со рацете на неа тивко промрмори нешто на еден од старите јазици. - "
А сега што ќе правиме со прехранување? Храна од каде?" праша старицата.
- "
Можеме да ги ловиме каркуните и да ги береме плодовите од шумите, нивното месо, како и некои од плодовите се погодија да одговараат на нашиот биосистем и генетика", се јави третиот маж во собата кој беше тивок додека го преврзуваа Јавор со Јаков. - "
Да, но тоа значи поголем ризик за нас. До сега сите напади беа од преголемо талкање во длабочините на шумите. Каркуните не се познати по тоа да висат на отворени полиња". - "
A што друго ни останува Јаков? Да гладуваме? Од истите плодови и другите растенија ќе ни требаат за да правиме локални анестетици. Конвојот освен храна носеше и медицинска опрема, оставени сме само на себе, да се снаоѓаме". - "
А кој си ти чедо?", го фати старицата за брадата младичот, и почна да го разгледува како да му бара пори на лицето, барајќи нешто по што ќе го препознае. - "
Јас сум синот на Благун , врачот од Каримбатов кланот. Се викам Велес, сигурно се сеќавате на мене. Ме чувавте како малечок. Штета е што се гледаме повторно тек сега, кога сме во вакви околности, ама ..."
- "
Синко, ако ме служи меморијата уште, јас последен пат кога те видов ти беше пилиштарец, едвај имаше научено да одиш". - "
Да, така е, баба Неира", одговори младичот, притоа наведнувајќи ја главата. Старицата го фати пак за брадата и му ја подигна главата. - "
Денес ми го спаси синот. Го донесе дома во еден дел. Нема друго нешто за кое една мајка ќе биде поблагодарна. Така што нека идат околностите по ѓаволите! Денес стана дел и од нашето семејство, и нашиот клан". Велес пушти блага насмевка на кажаното.
Старицата го провери Јавор и неговите витални функции, направи длабока воздишка на олеснување и седна до Уна во лотос позиција. Малечката стана и почна да ги брише црните линии од лицето на Баба и кои се спуштаа од очите вертикално до брадата. Старицата ја гушна, ја седна во скут и заедно почнаа да пеат племенски традиционални песни и молитви за брзо закрепнување. Јаков и Велес им се придружија. На Уна почна да и се спие, да осеќа умор. Криците на ракамбите почнаа да стануваат се погласни и погласни, наговестувајќи дека е време за спиење, особено за малите деца. Осети како баба и ја крева и ја става во креветот, но не можеше да ги отвори очите. Не се даваше целосно да заспие, тлееше уште некаков страв, од таа туѓинска злобна сила која го порази така лесно татко и, кој секогаш бил парагон на непокорлива сила и хероизам. Но тука настапи баба и, таа почна да готви чаеви за луѓето и да поставува миризливи свеќи наоколу. Дрвениот накит кој го имаше на рацете, вратот и главата оддаваше звук, додека го мешаше чајот и ги редеше свеќите. Тивок звук, кој во умот на Уна ги засени и криците на ракамбите надвор, и кој и даде потребен мир и чувство на познатост и безбедност да она конечно потоне во сон. Не помина многу време пред да почне да сонува.
Сонуваше како патува низ разни дождливи светови кои како на тенки гранки висат околу Хинрик и ротираат околу него. Како да се обидуваше да најде поинаков свет од тој каде само виреат дождови, сакаше да се врати назад во времето на прадедо и, кој живеел на свет каде имало многу малку вода и немало многу врнежи. Или подалечните нејзини предци, кои биле номади на планета која била толку сува, што најголемиот дел бил пустина. И беше тешко да ја замисли пустината, сувото ... Кога и да ја замислуваше, песочните дини беа темни, навлажнети .. И колку појако замислуваше, почнуваа дините да се таласаат како бранови, беа подвижни ... како и морињата .... Наскоро се стана едно големо црно море која ја обвитка Уна целосно а облаците почнаа да добиваат монструозни форми. Се обиде да се скрие внатре во водата, но осети како нешто се движи под неа, во црните длабочини ...
================================================
Извадок, преведен од англиски на македонски, од 3тото поглавје, на книгата "Ера на Дождот" која е се уште work in progress.
Тука го прекинав делот, бидејќи се буди малечката од кошмарот, и ќе треба уште дел 5 пати поголем да напишам за случувањата отпосле.
Книгата е/треба да биде, sci-fi драма, која ја отсликува селидбата и населувањето од страна на конгломерација на различни култури од Земјата, на една планета која е месечина на гасовит џин како Јупитер, но со услови слични како кај Земјата. Еден од причините за Егзодусот е голема меѓуѕвездена војна во која се инволвирани различни факции на Земјените култури и некои вонземски елементи. Воглавном приказната ја опишува драмата и секојдневнието на луѓето населени на планетава, и како се соочуваат со сите проблеми и предизвици при колонизирањето, каде освен комплицираните планетарни услови, има и непријателски домороден елемент кој ги става сите во небрано...
И толку, нема да опишам повеќе бидејќи премногу детали ќе оддадам