Писатели, јавете се! :)

  • Креатор на темата Креатор на темата ADreamer
  • Време на започнување Време на започнување
Делата ги пишувам за лично задоволство, и ако не го бидне како издадено дело, сам ќе ги опнам делата на интернет и крај. Не ми е до заработување преку делата (ако можам да заработувам - супер, да не бидам сфатен погрешно), но не ми е целта тоа. Пишувам бидејќи сакам да пишувам, и кога би се осеќал готов со некое дело би го пуштил целото негде каде е лесно достапно, како на пример интернетов. Дали преку блог, дали преку некаква веб страна, не е важно.

По мене квалитетот страда поради ориентираноста кон профитот. Сите се оптеретуваат со тоа колку ќе се продава и каде ќе се продава пред да имаат квалитетен производ пред себе. Колку од оние на кои сега им се восхитуваме умреле во сиромаштија, не се бројат. А сега книгите во милионски тиражи им се продаваат. На крајот писател се станува поради љубовта кон приказните и зборовите, а не поради љубовта кон парите. Кој сака пари, друго чаре подобро да си бара. Може да се заработи, ама нема гаранција. Уметноста секогаш ќе им припаѓа на боемите. Барем во поголема мера.
Се додека како писател си на позитивна нула, супер е. Битно зборот до далечини да ти се чуе.

Ајде сега писатели, да видиме кој што пишува. Споделете, кажете си, да си се поддржуваме вака виртуелно.
 
Еве да дадеме една подршка за сите писатели- кајгаџии односно да направиме дил. Секој кајгаџија кој пишува е должен редовно да известува за тоа како напредува пишувањето и да постира по некое делче од напишаното а одкако книгата ке се испечати да направи една промоција на која ке треба да дојдат сите кајгаџии љубители на литературата и секако задолжително да купат примерок од книгата. А има, има голема цифра кајгаџии така што писателот ако не биде ќар барем нема да биде зијан од пишувањето. Кој е за ова, се гледаме на првата промоција :)
 
Не сум писател на книги, ама пишувам сценарија хонорарно за неколку холивудски куќи и за душа си пишувам раскази понекогаш.
Последно го работев специјалот на Луси Си Кеј за Божиќ лани, од разбирливи причини не можам да објавам тука материјали, освен мал дел од неколку сценарија кои не беа прифатени.
 
Пишувам поезија за своја душа. :)
И, да не должам премногу, ќе се префрлам на едно друго „подниво“ од темава - мислам дека поголемата маса на луѓето, барем во 21 век, и не се грижат премногу за тоа да купат или прочитаат некој книга, токму поради тоа што веќе се се „префрли“ на Интернетот, а книгите „ни“ станаа досадни.
А, ако веќе се решат да купат некоја книга, купуваат книги од автори како Николас Спаркс, Пауло Коелјо...знаете, по малку површни и излитени писатели, барем според мене.
--- надополнето: 29 мај 2013 во 12:49 ---
некоја*
 
Да помрчам малку.

Она што јас го забележувам кај младите „автори“ е немањето никаква самоктиричност за сопстевните писанија.

Многу често сум се прашувала дали самонаречените автори имаат прочитано еден роман или барем една збирка песни!?!?
Секоја пишуванка во стих не е песна и секое сочинение од 1000 знака не е краток расказ. Да не зборам за оние што се мислат за Толстој, ако напишале нешто повеќе од 50 страници!

Во право е Шкорпион дека писателот во МК треба цела работа сам да си ја брка, за разлика од ЈУЕСЕЈ, ама не заборавајте дека бест-селер во Македонија е 2000 примерока.

Малите книжевности не можат да опстанат ако се препуштени на пазарната економија. Мора да имаат некаква финансиска поддршка од државата.

Ќе пишам пак попосле.
 
Да си кажам искрено дека вие овде сте првите на кои им кажувам дека започнав да пишувам нешто :D. Не верувам многу во средината, а искрено и немам желба да дознаат другите. Јас започнав да пишувам само заради сопствена сатисфакција. Не ми интересира ниту да издавам, ниту да заработувам или слично. Освен нешто ептен ако не се залетам, што искрено не ми се верува.

Инаку да кажам два-три збора за делото (иако ми е малку смешно да го нарекувам така). Не започнав да го пишувам со претходен план или со претходна подготовка. Едноставно неколку недели пред тоа имав силна желба да се искажам, а најмногу ме влечеше да почнам да пишувам. Во тој период ми се случија неколку работи, преку кои уште еднаш го увидов менталитетот во нашето општество, менталитет кој мене многу ми пречи и со кој јас воопшто не се сложувам. Затоа решив да почнам да пишувам од нешто, но не да држам филозофски предавања, туку стрикно преку вистински приказни, со изменети ликови да се обидам да доловам онаа смисла која сакам да ја изнесам или докажам. Стилот се обидов да не украдам од ништо што сум читал до сега, па затоа некако почетокот може да се окарактеризира како "автобиографија во трето лице". Првите делови се главно описи на ликовите, кои според мене ќе бидат од огромна важност да се поврзат со настаните кои имам во план да ги изнесувам. Почнав да шетам низ времето и највозбудливата приказна ја раскажав во прво лице, бидејќи така ми одговараше.

Здравје, кога ќе успеам да склопам некоја целина, може да споделам овде. А, ако има некој да сподели нека го направи тоа, да биде сигурен дека од мене ќе биде прочитано. Многу сакам да читам и воопшто не ми пречи ако е долго :).

П.С Ако има некоја тема ваква каде има некој пишувано свои дела, ако може дадете ми линк.
 
Од истата причина Лангелина голем број писатели си ги држат во фиока делата или во некое фолдерче на компјутер. Не знам за другите, ама јас самиот сум си најголем критичар во однос на креативните дела кои ги работам, и доволно фрустрации калемам од тоа, и ако отиде се јавно би бил подложен на нов бран критики кои не се мој производ. Дел од причините и што не сум сакал да издавам било што мое било баш мислења како твоите (кои да не ме разбереш погрешно, се сосема во ред, само не секој е спремен да ги чуе/чита). Едно е сам да си даваш критики друго е кога некој друг го прави тоа. Не знам дали и другите делум поради тоа ги зачувале само за себе делата.
 
Мислам дека последните 20 години во Македонија се нема напишано ништо вредно ниту пак се има појавено некој нов писател кој ке понуди нешто ново. Освен еве да го издвојам Венко Андоновски кого барем до некаде може да го мериме со оние бардови од рангот на Јаневски, Андреевски и остала плејада писатели на кои им се восхитуваме. И мислам дека проблемот не е во темите, секоја тема може да биде интересна, проблемот е во стилот, знаењето за темата на која се пишува, описите на ликовите на чувствата, описите на местата, општеството........... Сегашниве пишаници повеке ми наликуваат како некој да ми раскажува филм што го гледал, како турска серија... Сметам дека не е толку важна приказната туку начинот на кој ке се раскаже, деталите, описите........

Еве нешто од 2005 кое мене многу ми се допадна. Македонско.
http://sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=164:јагода-михајловска-георгиева-индиго-бомбај&Itemid=6
 
За Јагода не дискутирам, книжевен гениј ми е. Една од ретките. Си го има тоа филозофското ама хипнотизира со напишаното. Знае како жената, знае како.
--- надополнето: 29 мај 2013 во 16:42 ---
Од истата причина Лангелина голем број писатели си ги држат во фиока делата или во некое фолдерче на компјутер. Не знам за другите, ама јас самиот сум си најголем критичар во однос на креативните дела кои ги работам, и доволно фрустрации калемам од тоа, и ако отиде се јавно би бил подложен на нов бран критики кои не се мој производ. Дел од причините и што не сум сакал да издавам било што мое било баш мислења како твоите (кои да не ме разбереш погрешно, се сосема во ред, само не секој е спремен да ги чуе/чита). Едно е сам да си даваш критики друго е кога некој друг го прави тоа. Не знам дали и другите делум поради тоа ги зачувале само за себе делата.

An artist can never have too much self criticism. :D
 
Никогаш не сум дала мислење на млад автор за неговото дело, ако самиот не побарал. И дури и да не ми се допаѓа, никогаш не сум рекла да оди да чита за да види што е тоа роман или песна. Кога некој бара мислење, најчесто става само краток дел и тешко може да се види дали делото чини или не. Ако се замешам во муабетот, тоа не го правам за да го исплукам авторото.
Обично укажувам на нешта што штрчат или нешта што според мене се добри, за кои авторот понекогаш не е ни свесен.
Знам за едне автор кој многу милуваше да пишува на долго и на широко, а многу беше подобар кога пишуваше куси расакази.
Многу често авторите пишуваат во трето лице, а мислат во прво и текстот звучи како состав на седмоодделенец. Многу често дејството непотребно се забавува со употребата минатите времиња, на свршените глаголи, наместо да го употребат сегашното време со минато значење.
На тие работи укажувам, и верувај, многу сум нежна и внимателна, зашто најчесто се работи за млади автори кои се многу чувствителни.:unsure:

Секој пишува за да биде читан. Мое мислење е дека писанијата треба да ги објавувиш (најлесно и најевтино е на веб-страница или на блог) и да видиш каде си.
Штом пишуваш на англиски, тогаш твојата публика не е во МК, па тоа е „олеснителна околност“ :) .
Што се однесува до темите, мислам дека не е лошо да се пишува за животот во Македонија. Орхан Памук е најпреведувам нобеловец токму затоа што темите му се егзотични за западниот свет. Доволно е да ве преведат на германски и две години може да си живеете од хонорарот. ;)
 
А шо беше тогаш тоа погоре, а? А!? :D

Се зезам :)

Абе чим сум решил да пишувам на темава воопшто значи и дека сум подготвен и на други чекори, веќе сум излегол од таа комфорт зона на приватна занимација и сатисфакција. Што се однесува до жанрот и темите, сум ги одбрал тие жанрови бидејќи има доволно луѓе кои пишуваат за Македонија, дали од историски аспект, духовен аспект, традиционално-културолошки аспект или некое модерно секојдневие. Да не зборам колку нашата кинематографија (иако ова е тежок збор да се употреби за тоа што ние го имаме како аналог за тој термин) изобилува со такви приказни отсликани и одиграни на платно преку добро напишано сценарио од страна на некои луѓе. Пишувањето мене ми е бегство од реалноста, и понекогаш реализмот и секојдневието знаат да си фатат корени во некои идеи кои ги третирам во приказните, ама никогаш не се очигледни или буквални кога некој би читал. Парелели можат да се најдат за многу работи, дури и во врска со мене, ако некој добро ме знае, како ете неки од најблискиве пријатели, во некои од делава ќе најдат паралели со мене како човек, дали ситуација, или некој карактер итн. Значи одмор од реалноста, а кога не пишувам, читам слични дела кои ја вршат истата улога (escapism), така да со пишувањево гледам како на вентил, кое доколку се случи да почнам со издавање, или објавување, би сакал да имам на ум дека и на некој друг ја правам истата услуга која јас ја барам во други раскази.

Не од тие поважните, но поекспериментални дела, во груба форма, веќе ги имав објавено, како и цртежи, не само пишани креации. Ги имав објавено на deviantart.com, и, иако гарнирав следбеници и публика, после некое време ги повлеков бидејќи почнаа да крадат идеи, концепти, цели приказни, и сега останати се неколку дигитални цртежчиња и по некоја стихотворба во јапонски литературен стил. Ненормално крадат туѓа работа, особено ако видат дека си незаштитен, не си со професионална кариера, и особено, ако си од "third world country". Ај што се краде и копира на големо, ама некои се безобразни и на други начини. Доста често добивам понуди да стрип storyline да направам, или да оформам некој концепт, идеја, преку скица и сл. за некого. Ама не како клиент, во бизнис рамки, како што треба да биде, но волонтерски, без пари, за џабе. Најновото безобразие беше баш пред една недела кога од мала компанија за видео игри побараа од мене да напишам новела за некоја нивна научно фантастична приказна, со рок од 4 месеци. Лесно им е, ќе те видат се трудиш, имаш што да придонесеш, а од Господ заборавена земја си, и таков непристоен бизнис предлог ќе ти дадат. Да пишуваа сите новели за 4 месеци, бесплатно, сега ќе фрчеа видео игри од сите страни како паштета, да беше толку лесно пишувањето.

За жал, голем дел од следбеништвото е баш такво. Бизнис предатори и мршојадци. Ќе видам што ќе направам во иднина, можеби ќе објавам нешто на некој мој блог или слично. Имам и другари кои можат да помогнат околу промоција и публицитет, и така акдемски се градат во маркетиншкиот занает, само мене ова што го спомнав пред малку ми е поголем проблем. Не сакам да бидам еден од оние кенкави писатели/уметници кои ќе кукаат по судови за повреда на авторски права, но не сакам ни мојата пасивност околу тоа да биде злоупотребувана како до сега, и тука некаде се наоѓам во небрано, и што понатаму.
 
Имаше муабет за еден што ни пет ни шест си објави книга, апла украдена, и тоа у Македонија! :P
 
Имаше муабет за еден што ни пет ни шест си објави книга, апла украдена, и тоа у Македонија! :P

Кога кај нас имаме птици грабливки, што останува за светскиот пазар? :) Човек ако се решил да биде писател, треба екстремно претпазлив да е.
 
Кога кај нас имаме птици грабливки, што останува за светскиот пазар? :) Човек ако се решил да биде писател, треба екстремно претпазлив да е.

Мислам дека најефикасен начин е да се стави сметка (ако е можно тоа во МК) на вебот за може да донира секој колку смета дека треба. Ти си геј и живееш во регион кој не егејфрендли и тоа може да го искористиш :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom