Пиво

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 265 39,7%
  • Златен даб

    Гласови: 184 27,6%
  • Amstel

    Гласови: 65 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 74 11,1%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,9%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 119 17,8%

  • Вкупно гласачи
    667

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Тоа е работа на вкус, треба да пробаш. додека не пробаш нема да знаеш. Освен тоа, тоа горе е темно од пченица, има темни јачменови пива.
дефинитивно првото и последното не би ги пробала
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Најубото пиво. Данско е.
А да ставеше слика со наполнета чаша со него и да дадеше точно потекло и подетално објаснување, бидејќи вака ништо не ни кажуваш. И доста со дискусии, прашања по ПП, темава не е за дискусии дали некое пиво лини или не, туку само за презентација на досега од вас пробаните пива кои тука сеуште не се претставени.

Тиквичка последното (фленсбургерот) е пилсенер пиво или од ист тип како и скопското, во основа и доста потсеќа на скопското, а првите три (Шеферфохер) се пченични пива и вреди да се пробаат, од кај знаеш може ќе ти се допаднат. Понатамошна дискусија на темата Пиво.

Во меѓувреме ќе се обидам да најдам некој да ја зачисти темава од дискусии за каде се наоѓа, и дали некое пиво чинело или не, како и од постови кои не даваат ама никакви информации за презентираното пиво.

Фирма: Flensburger
тип: pilsener "GOLD" (Light)
потекло: Flensburg, Schleswig-Holstein, Deutschland



Пивото како што кажува типот е пилсенер односно јачменово пиво и има карактеристичен горчлив вкус за овој тип на пива. Ова е слабо пиво со понизок процент на екстракт (<11%) што му дава значително понеинтензивен вкус за разлика од обичниот пилсенер. Содржи 4,8% Vol. алкохол.
 
Последно уредено од модератор:

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Фирма: Zipfer
Тип: Lager Beer
Потекло: Brauerei Zipf

zb.jpg
Zipfer_Large.jpg

Произведено во Пиварата Zipf, во Австрија. Јачменово светло бистро пиво, со алокохол 5.40%. Се одликува со малку поовошен и поблаг вкус одколку обичните лагер пива.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940


The company is owned by the Swinkels family.
Според мене едно од најдобрите Холандски пива
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Bitburger Lager Beer
bitburger.jpg
Произведено во Bitburger Brauerei, Germany
Тип: Лагер (пилснер) светло бистро пиво
Алкохол: 5% по волумен

Будејовички Будвар - оригиналниот Bud
Budvar_Budejovicky_L.jpg budvar.jpg
Произведено во: Brewery Budweiser Budvar / B.B.N.P. - Czech republic
Tип: Лагер (пилснер) светло бистро пиво
Алкохол: 5% по волумен
 
Последно уредено од модератор:

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Фирма: Flensburger
тип: Dunkel
потекло: Flensburg, Schleswig-Holstein, Deutschland



Типот на пивото темен пилсенер односно темно јачменово пиво и има карактеристичен горчлив и дополнително зачинет вкус за овој тип на пива. Ова е јако пиво со повисок процент на екстракт (>11%) што му дава значително поинтензивен вкус за разлика од обичниот пилсенер со дополнителни тонови кои поради повисокиот процент на екстракт како и житарица доаѓаат до израз. Содржи 4,8% Vol. алкохол.

Фирма: Flensburger
тип: weizen
потекло: Flensburg, Schleswig-Holstein, Deutschland



Пивото како што кажува типот е матен вајцен односно пченично нефилтрирано пиво и има карактеристичен киселкаво-благ вкус за овој тип на пива. Има умерен вкус кој сепак малку има блуткави тонови што е пак карактеристично за нефилтрираните пива. Содржи 5,1% Vol. алкохол.

Специјален поздрав до Acid





Фирма: Einbecker
тип: pilsener
потекло: Einbeck, Niedersachsen, Deutschland



Ова како сите други пилсенери (јачменови) пива има карактеристичен горчлив вкус. Вкусот е релативно интензивен, но со нагласен горчлив вкус кој го дава хмељот, карактеристично е што не создава многу пена. Содржи 4,9% Vol. алкохол.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Дали некој од вас тука пиел Крушовице, особено црно? Ако одите некогаш во Чешка, тоа е пиво кое мора да се проба.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Скопското највеќе пијам иначе Хајнекен е најдобро
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Најубаво е Хајникен ама највеќе пијам Горско.
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Мераклика сум си по пиво, сите пива шо се достапни на пазарот ми се пробани, и кога патувам некаде сакам да пробам што нудат :) :) :) Нај мерак ми се прави кога се во мали стаклена шишенца, незнам зошто ама посебен филинг ми е ко така :) Иначе на периоди сум со ова пивава едно време го купував Бадвајзер, сега почесто Хајнекен и новово Скопско.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.464
Поени од реакции
22.062
Bacillus gagous, ти очигледно живејш во северна Германија, поред пивото што го пиеш. Ја морам да признам, дека слабо имам пробано пиво од северна Германија, освен Јевер које навистино е добро пиво и од Келн Коелш пиво.
Иначе ја знам доста пива од јужна Германија (живеам во Штутгарт а студирам во Нирнберг). Има големи регионални разлики. Викаат дека пивата од северна Германија се доста херб но неможам да кажам ништо за тоа. Пивата од Баден-Виртемберг се доста херб и мене ми се добри, посебно Штутгартер Хофброј. Различни се баварските пива, посебно тие од регионот Франкониа. Тие се многу меки и слабо газирани до негде и наблажуваат. Треба да се знајт дека Франкониа е регионот со најмногу пивари во светот поред жители. Секоја кафана со своја пивара и навистина квалитетни пива се произведуваат.
И Чешкото пиво не е за фрлајне. Будвар и Пилснер Урквел навистина се добри лагери, иако малку непознатото Гамбринус ми е омилено.
Како и да е, поред мене Германските пива се најдобри во светот, иако чешките се исто тука негде.

Еве една пива карта од Германија, каде се пие какво пиво:


И еве колку пивари поред км2 имат во германските покраини:


Баварија: Големина 70.551,57 km², значи 620 пивари во цела покраина.

Она Бокбиер што го гледате во северно-источна Германија навистина е франконска специалитет. Пиво со Алкохол од 10%. :vozbud:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Фирма: Einbecker
тип: bock
потекло: Einbeck, Niedersachsen, Deutschland



Ова e јачменовo пивo со скоро ист рецепт како пилсенерите но покрај карактеристичниот горчлив вкус се чувствуваат и траги од други тонови кои потекнуваат од сладот. Вкусот кој е релативно интензивен и богат е поради разликата помеѓу бок и пилсенерите, односно за разлика од пилсенерите кои содржат до 12% ектракт, овој тип на пиво (bock) содржи над 14% екстракт поради што и содржи 6,5% Vol. алкохол.

Фирма: Einbecker
тип: bock
потекло: Einbeck, Niedersachsen, Deutschland



Ова e јачменовo пивo со скоро ист рецепт како пилсенерите но покрај карактеристичниот горчлив вкус се чувствуваат и траги од други тонови кои потекнуваат од сладот. Вкусот за разлика од обичниот бок е многу поинтензивен и другите тонови се поизразени а и бојата е потемна. Тоа е поради тоа што ова пиво се прави од првата реколта на јачмен во годината и нема доволно време за да го постигне саканото ниво на алкохол при ферментацијата во однос на количеството слад. Овој тип на пиво (bock) содржи над 14% екстракт и 6,5% Vol. алкохол. Овој тип може да се најде само од крајот на април па се до крајот на јуни, односно сезонски.
 
Последно уредено од модератор:

Sebastian

Too weird to live, too rare to die
Член од
26 јануари 2007
Мислења
606
Поени од реакции
9
Одлично руско пиво:

Стариот воденичар





Блиску по вкус до Скопско.

Исто и Живјец - одлично полско пиво


 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Фирма: Einbecker
тип: pilsener (gold - extra mild)
потекло: Einbeck, Niedersachsen, Deutschland



Ова е класичен пилсенер (чист јачменово пиво) на со многу мал процент на екстракт, што допринесува да карактеристичниот горчлив вкус на пивотот само малку да се почуваствува, повеќе само како слаб тон. Содржи 4,9% Vol. алкохол.

Фирма: Einbecker
тип: bock dunkel (темно)
потекло: Einbeck, Niedersachsen, Deutschland



Ова e јачменовo пивo со скоро ист рецепт како пилсенерите но покрај карактеристичниот горчлив вкус се чувствуваат и траги од други тонови кои потекнуваат од сладот. Вкусот за разлика од обичниот bock е поинтензивен но сепак горчливиот вкус е подоминантен и покрај него се губат другите тонови кои можат да се почуватвуваат кај обичниот bock. Овој тип на пиво содржи 6,5% Vol. алкохол.

Фирма: H[tt
тип: pilsner
потекло: Baunatal, Kassel, Hessen, Deutschland



Ова е пилсенер (јачменово пиво) со карактеристичен горчлив вкус. Вкусот е помалку интензивен за разлика од повеќето класични пилсенери. Содржи 4,8% Vol. алкохол.[/quote]

Фирма: Hütt
тип: pilsner naturtrüb
потекло: Baunatal, Kassel, Hessen, Deutschland



Ова е природно-матен пилсенер (јачменово пиво) со карактеристичен горчлив вкус но и со други слаби ароми поради тоа што не е исфилтриран од останатите состојки присутни при процесот на ферментација. Вкусот е помалку интензивен за разлика од повеќето класични пилсенери. Содржи 4,9% Vol. алкохол.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom