Пивофест 2011 - 14-17 јули

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Не знаев дека скандинавец (на пример) може да пишува вака читко и кирилица македонски!
Под балканци се однесуваше на балканскиот менталитет. Имам бајаги против балканските навики и традиции , а богами и фразата „ако не пиеш на турбофолк на шо ќе пиеш?“ .
А инаку да , на граѓански попис не се водам како македонец или било кој од балкански народи , само живеам тука .
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312

Гледам нешто исфрустриран си,али нема везе. Чим не си македонец ваљда имаш некој пасош општо признат па можеш да киднеш кај сакаш. Подобро иди таму кај шо мислиш дека ти е супер,не мора никој тука да трпиш. А за начукување,без гајле биди,секогаш секој знае да најде повод ако сака да се опие. Па дури и на турбо фолк.

А пошто Чолич не е турбо фолк,еве така малку ќе те разочарам :(
 
Не би го сместил во друг жанр покрај турбо фолк (Мерак ми је - соодветен пример). Минус баладите , тие се едноставно балади.
Не сум исфрустриран , само неможам да сватам како може секоја година истото да е и народот пак да се пали на тоа. Следна година ќе го донесат Жељко Јоксимович и тако даље , ни ронка разновидност.
И да имав средства пријателе , радо би одел во некоја од западниве земји . :)
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.947
Поени од реакции
12.551
Џабе се расправате - факат е дека балканците немаат сенс за музика и факат е дека ако имаат шанса половината би избегале одтука :D
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Turbo folк = moar people ( idiots)

Се е до профитот. Ако би имало повеќе народ дојден за Продиџи нив ќе ги донесеа. Цела Македонија се пали на турбо фолк, нормално дека тоа ќе ти донесат.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Џабе се расправате - факат е дека балканците немаат сенс за музика и факат е дека ако имаат шанса половината би избегале одтука :D
би рекол дека и за ова се греши,демек Сите Балканци сме исти

од цел ексЈУ простор само ние и земјата од каде што потекнува турбо-фолкот се палиме на таа НЕмузика...

па и во Србија опаѓа популарноста на таа кич,музика само кај нас таа напредува

па затоа би рекол ако и Македонците беа Балканци,тогаш и меѓу нас ќе имаше некоја еволуција на музика,голем баланс на ХаЦе,електронската и турбо-shit музиката........а не само за време на звучни имиња од МУЗИКАТА,да се правиме дека турбо-фолкот е комиње
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Пошто се споменуваа Продиџи во муабетов за Пивофест... (и неможев да ја најдам темата за Продиџи у музика)...

Продиџи ќе настапуваат на Rockwave фестивалот у Грција (мајката у ..... на гејциве :))... на 3ти Јули. Е сеа, поради тоа, има две варијанти, можат попат да ги соберат кај нас (ко примерите со Хртс и Баста), или после настап на овој фестивал, т.е. настап на Балканов, да не ги видиме Продиџи кај нас уште најмалку година дена.

За жал, поверојатно е вторoто... :/
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Не би го сместил во друг жанр покрај турбо фолк (Мерак ми је - соодветен пример). Минус баладите , тие се едноставно балади.
Не сум исфрустриран , само неможам да сватам како може секоја година истото да е и народот пак да се пали на тоа. Следна година ќе го донесат Жељко Јоксимович и тако даље , ни ронка разновидност.
И да имав средства пријателе , радо би одел во некоја од западниве земји . :)
Прво и основно,ова не е лично до тебе,еве и јас се ставам во истиот кош: За лања јадење први сме!
Се нешто не чинело,ако се гради зашто се гради,ако не се гради зашто не се гради,ако се прави зашто се прави и таканатаму....

Ајде,кога сме толку силни и пред се КУЛТУРНИ,ЕМАНЦИПИРАНИ,СО СОПСТВЕН ЛАЈФСТАЈЛ,КЛАБЕРИ,РОКЕРИ или АНТИтурбофолкери,ајде да се собереме да се изброиме колку сме па да видиме колку сме моќни.

Значи кај нас,а и скоrо секаде во светов одлучува мнозинството,масатa,пазарот,побарувачката и т.н.

Јас или Ти,не сме тие што одлучуваат. Јас и ти и уште неколку иљади (пак сме малку),имаме сенс и почит кон некои други култури,музички стилови,правци и слично. Ама нажалост твоите и моите сограѓани (многу повеќе од мене и тебе) го немаат тоа исто чувство и побуда кога има пее Цеца и кога им се "дере" Кејт Флинт.

Иначе за Чолич ако сака и цел форум нека се сврти против мене јас има да го бранам ко да е Мајкл Џексон. А ако ме праша некој зошто, има мал милион причини. Една од тие причини е што го слушала и баба ми,го слушам и јас и сеуште ако му се ПОДдигни малце курот насабајле,ја полни Маракана ко из шале. Нека повели друг! Следни причини ги има уште многу. Доколку бидам предизвикан,ќе дебатираме :)

Е па сега ти види! :smir:
 
Се сложувам со сето тоа друже и јасно ми е дека масата одлучува.

Токму поради тоа беше коментарот за „мрзам балканци“ . Мене не ми смета еднаш да го гледам Чолич или Цеца или Аца Лукас , ама ми смета кога секој 3 месеци се прават концерти , се набиваат цени и луѓе сеуште има. Како што кажа , луѓето се најдени во некој comfort zone од кој несакаат да излезат , не сакаат да чуат нешто ново . 6 пати ќе даваат по 500 денари за Аца Лукас пошо е наш , а Hurts скапи им се за 900 . Токму тоа мислев под балкански менталитет , репетитивноста на културната разностраност од минатото и сега. Па , незнам дали можам да го искористам зборот разностраност.

Лично против Чолич немам ништо , нити Цеца , нити Синан Сакич што ми е стигнато до таа мера. Па тие се само пеачи , некој се будалетники кој други им ги пишуваат песните и се наоѓаат на сцена поради тоа што се шоумени повеќе од пеачи , како што и самиот кажа можат да соберат маса и да направат журка. Мора нешто да се работи , ако не за слава бар за леб. Ама на секој нормален (лош термин) човек би му здосадил после труење 15 години со истата ствар. :)
Исто така , и 60те последни концерти на Бјело Дугме и Рибља Чорба да ги напоменам кој се секогаш преполни.

Како и да е , ако имам можност ако не на главната вечер на некоја од споредните може да се отиде . Само да не напукаат цени на пиво , не се во трка со цените со Октоберфест.
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
1.394
Поени од реакции
259
Ништо од Продиџи и останати...не лажат ко копиљи. И ајде сега Здравко...ама нема да го слушам.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Шо ќе ми се Продиџи ако пак плаќам мало кригличе 100 ден на пиво фест ?
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.484
Поени од реакции
7.970
Стигна конечниот лајн-ап за Пивофест 2011

Main Stage:

14 July (Thursday)
Foltin (Macedonia)
Superhiks (Macedonia)
Joke (France)
Red Five Point Star (Slovenia)

15 July (Friday)
The Purple Zeppelin (Macedonia)
Crossroad Blues Band (Macedonia)
Van Gogh (Serbia)

16 July (Saturday)
Goce Arnaudov (Macedonia)
Elena Veleska (Macedonia)
Mile Kuzmanoski (Macedonia)
Haris Dzinović (B&H)

17 July (Sunday)
Vlatko Ilieski (Macedonia)
Lambe Alabakovski (Macedonia)
Elena Risteska (Macedonia)
Zdravko Čolić (Serbia)

Alternative Stage:

14 July (Thursday)
PMG Kolektiv
Kanton 6
Mirko Popov

15 July (Friday)
Conquering Lion
Robotek

16 July (Saturday)
Bei The Fish
Dushko Janevski

17 July (Sunday)
The John
Nino Naumov
 
Kajgana Shop

На врв Bottom