- Член од
- 31 декември 2007
- Мислења
- 441
- Поени од реакции
- 111
СОПКА ЗА РОК ЅВЕЗДАТА ВО ПРИЛЕП?
Влатко Илиевски не настапи на "Пиво фест"
Скандал се случи зад сцената на завчерашниот "Пиво фест" во Прилеп, откако Влатко Илиевски не настапи на а финална вечер, иако претходно беше најавен на сите реклами. Според организаторите на фестивалот, Општина Прилеп, Илиевски не дошол на време на својот настап, кој требал да започне во 20, 30. Пред него пееја Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски, и на крајот Здравко Чолиќ.
Менаџерот на рокерот, Кристијан Стефановски вели дека Влатко требал да настапи последен од македонските изведувачи, веднаш пред Здравко Чолиќ.
" Влатко беше лично поканет од прилепскиот градоначалник Маријан Ристески и од Пиварата која го плаќа неговиот настап. Со нив бевме договорени тој да пее последен, како најголема наша ѕвезда во моментов Кога стасавме зад сцената некаде по 21 часот, од организацијата ни рекоа дека Влатко бил прв на листата изведувачи и веќе нема простор за негов настап. Ние за тоа не бевме известени и е сосема спротивно од она што претходно се договаравме. Можеби за да ја кренат популарноста на други пејачи, некој од менаџерите или организацијата му прават сопки на Влатко", вели менаџерот на Влатко, Кристијан Стефановски.
Снежана Ристеска пак, одговорна за уметничкиот дел на "Пиво фест" вели дека програмата на изведувачи била објавена еден месец порано.
" Имавме термини и бевме врзани со директниот пренос на ТВ. Влатко требаше да настапи прв во 20, 30 часот. Тој задоцни, и според програмата немаше простор даа пее по Елена и Ламбе", ни рече Ристеска.