Хухууу...
Еве ме мене назад.
Тргнав во сабота со специјалниот воз во 11 што тргнуваше од СК за ПП. Стигна возот за 3 саати. 265 денари карта е сосема коректно.
Брокер, ти ја разбирам желбата за автобуски превоз, ама тоа предложи го на организаторите, пишување само на форум, нема да заврши работа баш многу.
Во споредба до претходните години, може да се пофалат штандовите на пиварниците кои оваа година повеќето беа на приземје и кат.
Друго беше исто ко лани.
Бев сместен кај роднини кои имаат тригодишно синче, па да ги испочитувам, немав многу можност да прошетам по свој ќејф, мада и од она малку виденото може да се извади заклучок дека фестивалот е таков како што е.
Работа што ми направи ќејф е што во саботата од 1 и нешто по полноќ музика пуштаа Давор (мислам дека тој беше), Чваре и Славе. За жал морав да заминам на сред сет на Давор.
Наредните години ако идам, тоа најверојатно ќе биде со друштво од Скопје и ќе идеме специјално за некој бенд, еве на пример WU TANG. Додуша и оваа година имаше црнци, плех оркестри од Радовиш, Штип...
Ако споредуваме во светски рамки, настан приближен на овој е Redneck Olympics