Да, silent party. Не ви е јасно? Е, па еве вака: има пулт, има диџеј, има место за шизење и секако луѓе желни за добра забава, но наместо моќни звучници за секого има пар добри слушалки! Досетливо, нема што! Како идеја за првпат се појавува во далечната 1969 во еден научно-фантастичен фински филм (Time of Roses), а за првпат во реалноста идејата е икористена во 90-тите на минатиот век од страна на екоактивисти кои го искористиле вој концепт за да можат да се забавуваат, а да не го вознемируваат локалниот див свет. Во 2005 година концептот се појавува и на познатиот Glastonbury Festival, поради рестрикциите во однос на гласната музика. Оваа година со Silent Disco можеа да се забавуваат и посетителите на EXIT Festival во Нови Сад, а во комбинација со 3D Disco беше дел и од овогодинешната програма на веќе споменатиот Гластонбери фестивал.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.