Здраво на сите,
Јас сум нов на форумов, но подолго време ги следам Вашите размислувања па решив и јас да се приклучам.
Јас сум сообраќаен инженер со долгогодишно искуство, а воедно и судско вешто лице од областа на сообраќајот.
Бидејќи се чувствувам за компетентен, би сакал да Ви објаснам некои работи.
Регулирањето на сообрачајот во скопје како и во сите останати градови , па и по сите патишта низ Македонија е ХАОС:nesvest:.
ХАОСОТ за сите неусогласености е поради само една проста причина, бидејќи регулирањето на сообраќајот го вршат лица од разноразни струки кои се само приучени и мислат дека се знаат за регулирањето на сообрачајот, а тоа се архитекти, градежни инженери, електро инженери, информатичари и кој се не, а и полицајци кои без навреда имаат само основни познавања на сообраќајот но немаат аналитички познавања , иако мислат дека ги имаат.
Бидејќи на повеќе наврати погоре читам за состојбата на раскрсниците во Скопје, да Ви кажам дека потполно сте во право, регулирањето на раскрсниците е безвеза (најблаго речено).
Конкретно за регулација на само една раскрсница потребно е да се анализираат повеќе податоци како што се проток на возила (разделени по правци), проток на пешаци (разделени по правци), одредување на максимален можен проток по правци на раскрсница итд., како и усогласеност со сите соседни раскрсници итд.
Можеби ова звучи невозможно, но сообраќајната наука има точни методи поради што на запад се функционира скоро беспрекорно.
Се додека не се направи конкретна анализа невозможно е некој информатичар само да ги програмира семафорите, а зелениот сигнал да биде некоординиран со зелениот сигнал на пешаците со што се пешаците и возачите доаќаат во конфликт.
Во Македонија сообраќајни инженери има многу малку , а само сообраќајниот факултет произведува кадри квалификувани за сообраќај .
Доколку имате било какви прашања , би Ви одговорил.
Поздрав