Пешаци дивеат по скопските улици

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Многу има ретардирани пешаци. Голем број поминуваат на црвено, дијагонално преминуваат раскрсници(!!), често надвор од пешачките зони, искачаат од под автобуси, дури ни сообраќајните полицајци не ги фермаат.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Сузуки, модел ПЕ (пешак елиминатор)



Добро погледајте го возилото на сликата. Затоа што, ако некогаш, не дај боже, ве убие кола додека минувате улица, тогаш најверојатно тоа ќе биде токму ова возило. Се работи за Grand Vitara XL-7 на Сузуки кој освои нула бодови за заштита на пешаци во меѓународната студија за влијанието на автомобилите во сообраќајните несреќи која ја објави Советот на потрошувачи на Хонг Конг. Решетката на предницата на овој модел во најголем број случаи веднаш го убива пешакот или пак барем тешко го повредува. Ако веќе ви е судено на вас да налета возило, тогаш најдобро е тоа да биде Hondа CRV, чија каросерија е посебно дизајнирана за намалување на сериозноста на повредите кај пешаците. Што се однесува до возачите или патниците во автомобилот, најсигурни се возилата на Mercedes и Renault, додека Land Rover Freelander и (повторно) Suzuki нудат најмала заштита. Врвни модели за заштита на патниците се Renault Megane II, Vel Satis, Mercedes E 220 CDI Elegance, Mercedes C класа и Saab 9-3.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Многу има ретардирани пешаци. Голем број поминуваат на црвено, дијагонално преминуваат раскрсници(!!), често надвор од пешачките зони, искачаат од под автобуси, дури ни сообраќајните полицајци не ги фермаат.
па кај исто е дали си во пешачка зона или не. Ни на пешачки премин застануваат возачите, а денес и на тротоар ќе те згазат.
доста плукате пешачи, возачите се уште полоши
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
законот е:
25 евра за преминување на улица од страна на пешак на несоодветно место
300 евра казна за возило доколку не пропушти пешак на пешачки премин

само кој да ги казнува,
ако работеа џандариве по овој закон само од пред мојот факултет ќе се наполнеше буџетот
 

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Абе ајде луге ова во Скопје е лудило.Возиш со страв од работа до дома и мислиш сега дали некој ке те удри,дали ке згазиш некој...Луѓево се пореметиле.Ти се фрлаат на кола за да ги згазиш и да ти земат пари (да им платиш оштета).Ццццц до каде дојде светов.Неам зборови.
:salut:
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Пешаците се далеку понекултурни од возачите. Поготово на Партизанска.
Излетуваат како муви без глави. Како они да се од метал, а не колата. Без да погледнат, без да застанат неколку секунди, да видат дали воопшто може да закочи колата...

Има и возачи кои се некултурни, ама откако почнаа да казнуваат за се и сешто - пешаците станаа „непобедливи“. Мислат, буквално во секоја ситуација може да поминат секаде. Е некогаш не може, дури и да се на зебра.

А тоа што си минат на црвено на семафор... Тоа е така зошто уште никој не казнува за тоа.

Ок ти е забелешката ама и полициската ароганција не е за потценување кога станува збор за прекршоци. Еве ја приказната која ја напишав и која ја видов со свои очи.

Стојам на семафорот пред Мавровка, денот пладне, гужва невидена. Пред мене полициски крајслер а светлото на семафорот црвено. Одкарши на другите семафори приоѓа девојка се врти лево десно, нема возило, и преоѓа пешачки на црвено. Полицискиот крајслер како од катапулт поаѓа на “црвено“ преку раскрсницата и на тротоарот за пешаци се паркира. Од крајслерот излегува полицаец ја стига девојката и бара легитимација. Сцена како на филм за која жалам што немав камера на телефонот да ја снимам а и да имав ке немав време да го направам тоа. Приказнава ја пишувам поттикнат од многуте слични ситуации кои можеме да ги видиме низ градов а кои се дело на полициската ароганција. Баш би сакал да чујам ваш коментар во врска со приказната т.е. колку тоа исправно постапија полицајците кога вршејки ја “должноста“ ја загрозија безбедноста на десетици други учесници во сообракајот.

поздрав..
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Денес проаѓав на една од најфреквентните скопски раскрсници, ја знаете, онаа кај градска болница и собрание. Возам по средна лента и за мене е зелено па си проаѓам. По лева лента вози уште една кола. Логички, ако за мене е зелено за пешаците што треба да ја поминат улицата е црвено.
Логички, ама конкретно таа раскрсница е така направена, па кога на оние кои вртат им се пали зелено, истовремено и на пешаците им се пали зелено. Веројатно за да се добие во време, што реално е и добра одлука, бидејќи фрекфенцијата е огромна за автомобилите кои одат право, но оние кои вртат се релативно малку, па нема да ги чини ништо и да почекаат пред пешачки да поминат пешаците.

Проблемот е во македонската толеранција и менталитет. Сите ние сме газди и дедо ни` го ослободил Скопје. Опинци на семафор и зад волан... :nesum:
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Ок ти е забелешката ама и полициската ароганција не е за потценување кога станува збор за прекршоци. Еве ја приказната која ја напишав и која ја видов со свои очи.

Стојам на семафорот пред Мавровка, денот пладне, гужва невидена. Пред мене полициски крајслер а светлото на семафорот црвено. Одкарши на другите семафори приоѓа девојка се врти лево десно, нема возило, и преоѓа пешачки на црвено. Полицискиот крајслер како од катапулт поаѓа на “црвено“ преку раскрсницата и на тротоарот за пешаци се паркира. Од крајслерот излегува полицаец ја стига девојката и бара легитимација. Сцена како на филм за која жалам што немав камера на телефонот да ја снимам а и да имав ке немав време да го направам тоа. Приказнава ја пишувам поттикнат од многуте слични ситуации кои можеме да ги видиме низ градов а кои се дело на полициската ароганција. Баш би сакал да чујам ваш коментар во врска со приказната т.е. колку тоа исправно постапија полицајците кога вршејки ја “должноста“ ја загрозија безбедноста на десетици други учесници во сообракајот.

поздрав..[/quotе]


Правилно е да се чека на пешачки премин дури не светне зелено,има нема автомобили треба да се чека,тоа е општа култура во европските земји,додека кај нас повекето не го знаат тоа а камоли да го почитуваат,ке погледнат-нема кола и ај...а за што стои тогаш семафорот кога никој не го гледа?
Во право се полицајците и воопшто не се арогантни,а дали ги загрозиле друѓите тие сами знаат.
 
Член од
17 април 2009
Мислења
17
Поени од реакции
0
Здраво на сите,

Јас сум нов на форумов, но подолго време ги следам Вашите размислувања па решив и јас да се приклучам.
Јас сум сообраќаен инженер со долгогодишно искуство, а воедно и судско вешто лице од областа на сообраќајот.
Бидејќи се чувствувам за компетентен, би сакал да Ви објаснам некои работи.
Регулирањето на сообрачајот во скопје како и во сите останати градови , па и по сите патишта низ Македонија е ХАОС:nesvest:.
ХАОСОТ за сите неусогласености е поради само една проста причина, бидејќи регулирањето на сообраќајот го вршат лица од разноразни струки кои се само приучени и мислат дека се знаат за регулирањето на сообрачајот, а тоа се архитекти, градежни инженери, електро инженери, информатичари и кој се не, а и полицајци кои без навреда имаат само основни познавања на сообраќајот но немаат аналитички познавања , иако мислат дека ги имаат.
Бидејќи на повеќе наврати погоре читам за состојбата на раскрсниците во Скопје, да Ви кажам дека потполно сте во право, регулирањето на раскрсниците е безвеза (најблаго речено).
Конкретно за регулација на само една раскрсница потребно е да се анализираат повеќе податоци како што се проток на возила (разделени по правци), проток на пешаци (разделени по правци), одредување на максимален можен проток по правци на раскрсница итд., како и усогласеност со сите соседни раскрсници итд.
Можеби ова звучи невозможно, но сообраќајната наука има точни методи поради што на запад се функционира скоро беспрекорно.
Се додека не се направи конкретна анализа невозможно е некој информатичар само да ги програмира семафорите, а зелениот сигнал да биде некоординиран со зелениот сигнал на пешаците со што се пешаците и возачите доаќаат во конфликт.
Во Македонија сообраќајни инженери има многу малку , а само сообраќајниот факултет произведува кадри квалификувани за сообраќај .
Доколку имате било какви прашања , би Ви одговорил.

Поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom