Пешаци дивеат по скопските улици

Леон

џаболебар
Член од
16 ноември 2008
Мислења
54
Поени од реакции
5
Една денешна случка буквално ме испровоцира за ваква тема. Полицајци, ве молам објаснете кој е, а кој не е во право и како да се реагира.
Денес проаѓав на една од најфреквентните скопски раскрсници, ја знаете, онаа кај градска болница и собрание. Возам по средна лента и за мене е зелено па си проаѓам. По лева лента вози уште една кола. Логички, ако за мене е зелено за пешаците што треба да ја поминат улицата е црвено. Така бар ме учеа :toe: Е видиш, пешаците тоа си го игнорираат. Цела багра си тргна, а човечето го гледам и јас од кола дека е црвено. Видов, не видов, прикочив. Колата што возеше по лева лента си пројде, како што и би се очекувало, зелено му е на човекот, а тие што се на пешачкиот што мајка бараат таму ако за нив е црвено? Кој тука прави прекршок? Нејсе, колата пројде и баграва продолжува, ја поминува левата лента, видов, не видов, застанав. Еден господин што ја влечеше во целата таа гужва на сред улица својата отприлика 10-годишна ќеркичка, уште почна да ми се дере од надвор да си продолжам, што застанувам? Си тргнав. Кога ке му ја утепа скраја било некој ќерката пошто он ја пика во сред гужва заради негови хормони, кој ке биде крив? На 50 метри понатаму господата џандари го застанаа типот што помина и уште незастанат почнаа да му шкрабаат казна. Ни крив ни фолжен, само затоа што си помина прописно на зелено. А тие што се мотаа на сред раскрсница и уште само кафе им фалеше, никому ништо. Камо казна за нив?Или сега сила им се даде со драконскиве казни за шоферите па ке збеснуваат по улици?
Навистина молам за мислење од полицајците на форумов. КЕ ИМА ЛИ КАЗНИ ЗА НЕСОВЕСНИТЕ ПЕШАЦИ???????????????
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
765
Денес никој не застанува на пешачки. Ама никој не ни поминува на пешачки... :pipi:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.175
Поени од реакции
4.962
Прво да ги наштелуваат семафорите ... после нека делат казни ...
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
10.722
Поени од реакции
8.588
Ќе почнам да ги газам тие што ми претрчуваат пред кола кај градска болница и уште па гледаат во обратен правец, ко да се кабадаји некои, ах ќерата, само царот турски за вас е, мамето ваше...колку има возачи без култура, толку и пешлациве се понашаат пута 6, па треба ли да има жртви? Каде е полицијата? Во мајчина...ете таму е...низ цел град ми прелетуваат некој си, кои што мислат дека го ослободиле Скопје, а ги мрзи до пешачки да тркнат...каде бе со таа култура? Ја деген сум што им стојам и на пешачки и сегде а? Цццц срамота и брука, какви некултурни створења живеат во овој град!
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.608
Поени од реакции
464
Еден ден скоро одкако го изгласаа тој законот за 50 еура казна за непрописно поминување на улица 20 метри подоле од раскрсницата, кај автобуската во рок од 10ина минути сопреа сигурно едно 15 луѓе што ја преминаа улицата не на пешачки премин, али тоа беше само тогаш и тоа еден полицаец на едната страна на улицата друг на другата и трет од страна во цивилка фотографира како доказ. Најверојатно тоа го правеа зошто имаше некоја телевизиска екипа и им правеа интервју на полицајците и демек да се покажат на дело, одкако си отиде тв екипата си отиде и полицијата. После тоа немам видено ниеднаш казнување на пешак.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.660
Пред недела бев во Ск... Семафорите во центар (сите околу соборна) за пешаците светат нон стоп црвено. Дремевме 5 минути за да сватиме дека нема да светни зелено, па поминувавме на среќа.
 
Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
33.719
Поени од реакции
26.431
Пешаците се далеку понекултурни од возачите. Поготово на Партизанска.
Излетуваат како муви без глави. Како они да се од метал, а не колата. Без да погледнат, без да застанат неколку секунди, да видат дали воопшто може да закочи колата...

Има и возачи кои се некултурни, ама откако почнаа да казнуваат за се и сешто - пешаците станаа „непобедливи“. Мислат, буквално во секоја ситуација може да поминат секаде. Е некогаш не може, дури и да се на зебра.

А тоа што си минат на црвено на семафор... Тоа е така зошто уште никој не казнува за тоа.
 
SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
219
Исто е и во Струмица во последно време на црвено си минат гајле немат и сега на мене ако ми е зелено јас морам да ги почекам господата на црвено да поминат па да поминам јас, исто и порано поминуваа на црвено ама барем тогаш гледаа да нема кола сега гајле немат...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.501
Поени од реакции
1.312
Многу арогантни сељачишта на двете страни, јас сум видел возачи како не даваат жмигавец, како збори по мобилен а го знае законот, така да заклучокот би бил не е демократија за стока туку за народ!
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
167
Една денешна случка буквално ме испровоцира за ваква тема. Полицајци, ве молам објаснете кој е, а кој не е во право и како да се реагира.
..... Така бар ме учеа.....
Абе тебе убаво те учеле, ама мора да разбереш дека не секогаш можат 1:1 да бидат применети некои правила, поарди разноразни причини.
Исто така мора да разбереш дека некои семафори барем во скопје малку се поинакви.
Имено конкретната раскрсница, на неа семафорите се ако може да се каже анти-пешачки, пошто времето за кое е запалено зеленото светло за пешаци не е доволни ни за млад човек со брз од да ја премине раскрсницата. А особено ти како што си вртел, точно на тој премин од ќошот на градска спрема плоштад обично се собира многу народ кој чека да помине па можно е целата група да тргне, во мешуврме да се запали црвено ама и покрај тоа целата груша ќе пројде зошто ако ептен се прдржува кон семафорот ептен ќе се насобере народ на тоа место, а баш тој ќош е изразено тесен за многу народ.
Исто така имаш уште по очигледен пример каде што иако по правило ако тебе ти е за лево зелено и на пешаците им е зелено е кога ќе возиш од почеток на партизанска кон рекорд, и на семафорите каде треба да свртиш лево. Имено во истиот момент кога се пали зелено за лево за накај рекорд им се пали и зелено за пешаците кои ти го пресекуваат патот. Ова се случува пошто едната улица е направена едносмерна и нема комбинација на пуштени зелени семафори за автомобили а да не се сече патот на возилата со патото на пешаците.
Така да имај некогаш обзир и спрема некои очигледни технички проблеми кои треба да се надминат во сообраќајниот систем.
А дека доста пешаци го претеруваат со без врска преминување улица на 30 метри од нив има пешачки како на пример кај потегот автобуска-зелен пазар до градска тоа е сосема точно. А партизанска потегот од кај апче до кај соборна имајте на ум дека тука секогаш има многу народ особено преку ден кога е отворен пазарот и тука пешаците имаат секогаш предност на минување, па треба повнимателно.
Ама пешаците би ни биле најмалиот проблем ако се реши проблемот со такситите, кои додека не се на повик се влечкаат а кога че примат повеик возат ко камикази, или пак кога ќе се реши проблмот со идиоти кои по грешка се наместиле на лента за правао ама си сечат лево, односно пред раскрсница им текнува да сменат лента кога веќе се чека во лента непосредно пред раскрсницата.
Мене дури и ми се има случено во аеродром да ми се пушти зелено за лево а тој од спротива (на кој му е црвено за право) да продолжи право и да ми сече пат и уште да ми светка и и свири.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
576
Една денешна случка буквално ме испровоцира за ваква тема. Полицајци, ве молам објаснете кој е, а кој не е во право и како да се реагира.
Денес проаѓав на една од најфреквентните скопски раскрсници, ја знаете, онаа кај градска болница и собрание. Возам по средна лента и за мене е зелено па си проаѓам. По лева лента вози уште една кола. Логички, ако за мене е зелено за пешаците што треба да ја поминат улицата е црвено. Така бар ме учеа :toe: Е видиш, пешаците тоа си го игнорираат. Цела багра си тргна, а човечето го гледам и јас од кола дека е црвено. Видов, не видов, прикочив. Колата што возеше по лева лента си пројде, како што и би се очекувало, зелено му е на човекот, а тие што се на пешачкиот што мајка бараат таму ако за нив е црвено? Кој тука прави прекршок? Нејсе, колата пројде и баграва продолжува, ја поминува левата лента, видов, не видов, застанав. Еден господин што ја влечеше во целата таа гужва на сред улица својата отприлика 10-годишна ќеркичка, уште почна да ми се дере од надвор да си продолжам, што застанувам? Си тргнав. Кога ке му ја утепа скраја било некој ќерката пошто он ја пика во сред гужва заради негови хормони, кој ке биде крив? На 50 метри понатаму господата џандари го застанаа типот што помина и уште незастанат почнаа да му шкрабаат казна. Ни крив ни фолжен, само затоа што си помина прописно на зелено. А тие што се мотаа на сред раскрсница и уште само кафе им фалеше, никому ништо. Камо казна за нив?Или сега сила им се даде со драконскиве казни за шоферите па ке збеснуваат по улици?
Навистина молам за мислење од полицајците на форумов. КЕ ИМА ЛИ КАЗНИ ЗА НЕСОВЕСНИТЕ ПЕШАЦИ???????????????
Ја знам таа раскрсница.Минимум 10 пати избегнав удар од кола.Верувај ми, семафорот е хаос.Само што ќе тргнеш на зелено, за 3 секунди е црвено.Мислам дека истава ја даваа и на Зевзекманија.Не е крив човекот, туку семафорите.А можно е и да се поправени во меѓувреме, оти цел месец не сум била за Скопје.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Никогаш не проаѓам на улица ако не е на зебра или на семафор, ама какви идиотишта има, ни на пешачки не застануваат.
на партизанска не можеш ни на пешачки да пројдеш, поготово на сабајле. Ќе те мавне некој со неизмиено лице и очи, има да леташ до центар, или влае. Катастрофа. Култура никаква. :toe:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.872

епа баш така, поготово пред факс партизанска коа треба да ја минувам смрт ми е понегогаш ќе се изначекаш некој да застане, а па некогаш еден ќе застане ама тој до него нема и ако не го видиш добро летна до соборен или до симпо зависи од која страна преминуваш
 
Black Night

Galvanize
Член од
25 септември 2008
Мислења
327
Поени од реакции
19
Абе си возам со возот така низ Велес и таман таму на Стар Мост ми претрчува еден пешак. Кочам таму кај епархијата и вракам рикверц до рампите на мостот, отварам џамот и му викам. Добро бе мајка му стара, гледаш рампи се пуштени каде леташ. Таму џандари стојат и ништо не казнуваат, па дури и јас им бев крив. Ми вика осовината на задното десно тркало ти е слаба каде брзаш ми вика. Ми вика дирек у АМСМ да ја средиш и друг пат да не возиш ко манијак. Абе свашта .....:pijan:
 
На врв Bottom