Перо Антиќ со кукавичка изјава дека доаѓа од „ФИРОМ“

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Има. Не претерувај сега.
Еве ја Survivor на гледам, ама Жаре збореше на Македонски кога им
гостуваше во студио. Точно дека поише зборат српски, ама дека има има.
Па дури и Накова што и се смееа дека е лигава, збореше Македонски.
Па добро, од поновите генерации се губи тој комплекс на пониска вредност што го кажав претходно. Ама сепак, тие луѓе сеуште се бројат на прсти.
Како и да е, еве не бев запознаен со овие случаи (не ги следам тие шоуа) и мило ми е што има таков, да го кажам напредок.


Остај он што ја утна. Ама колку луѓе се напенавија да го бранат. цццц
Јес да претераа некои со нападите, ама дека он испадна принцеза што
не знае да поднесе критика, испадна. Само баш убаво што се гледа
дека некои од луѓето што го бранат се арогантни до даска и си мислат
дека ако направат нешто за оваа држава, после можат да серат колку сакаат.
Абе кога ќе направиш нешто како што треба. Не застануваш да ти рече некој браво...
Само продолжуваш понатака. И продолжуваат да важат истите правила како до тогаш.
И одговорноста не се намалува, само се зголемува.
Стануваш икона на цел народ бре! Деца мали на тебе се огледуваат!
Капитен си!
Генерално со во право. Сепак, тоа се спортисти, не се луѓе што стојат пред камери и држат говори, што знаат што ќе кажат однапред.
Башка, понесени од емоции..Понекогаш и не се размислува. Колку големи спортски имиња, и наши, а посебно светски, буквално кажано..треселе глупости, број не им се знае. И за тоа Перо што го изјави, секако дека не е најдобро, ама далеку од тоа дека треба вака да го плукаме, затоа што кратко кажано, човекот тоа не го заслужил. Барем според мене.
И пак ќе речам, сите овде патриоти, ако дале 1 денар во Грција, имаат бугарски пасош, или баш како што кажа ти погоре, не си го зборуваат јазикот таму каде што слободно можат, треба прво да се погледнат себе си и да размислат 2 пати пред да осудат друг.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
499
Поени од реакции
381
Па за таков пример требаше Милорад Чавиќ да се спомне, на Кешељ кој ќе му праи проблем во Грчка?

Ова подоле се веќе муда! Му одземаа и медаља и рекорд му поништија ради ова.
Јас и на тоа мислев,никој нема да му прави проблем кај нашиот јужен сосед,ама ако ФИБА,не да сака, него мора да го казни ,а верувам за тоа си бил свесен и тој,АМА он си има муда и пак си тера по свое....епа затоа си било еднаш еден Србин и едно Македонче.....
Во овој случај нашиот капитен дефинитивно нема муда да си ги сноси последиците према него, како од ФИБА,така и од клубот од нашиот Јужен сосед....и затоа пак ќе кажам,ама сега малку подругачие....си било еднаш едно Македонче и остатокот од Светот...
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
\
Нема наш пејач(ка)/спортист(ка) што зборел на Македонски кога гостувал на каква и да е тв што не е македонска. Разгледај по јутјуб и сам ќе се увериш. Тоа си е така кај нас и тоа е тоа. Значи и Тоше бил предавник (он па и грчки песни има пеено), и Калиопи, и Панчев зборува српски на нивни телевизии кога се појавува. Значи сите се предавници..така? Само ние овде сме цвеќиња за мирисање, ние сме "безгрешните" што имаме право на сите да им судиме.
Ти објасна Питу Гули .. што е Тони Зен ? си зборуваше цело време Македонски .. к.р го болеше дали го разбираат или не .. и оваа Накова не зборуваше српски .. а овој Антич го владее српскиот и затоа си зборува српски за своите браќа !
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Јас и на тоа мислев,никој нема да му прави проблем кај нашиот јужен сосед,ама ако ФИБА,не да сака, него мора да го казни ,а верувам за тоа си бил свесен и тој,АМА он си има муда и пак си тера по свое....епа затоа си било еднаш еден Србин и едно Македонче.....
Во овој случај нашиот капитен дефинитивно нема муда да си ги сноси последиците према него, како од ФИБА,така и од клубот од нашиот Јужен сосед....и затоа пак ќе кажам,ама сега малку подругачие....си било еднаш едно Македонче и остатокот од Светот...
И што доби со ова? Му поништија рекорд и златен медал. Ама битно го направил ова, а Србија и тој воедно си останаа без признание. Ова што тој го направи од спортска гледна точка е најкретенското нешто што постои, од патриотска и градолупачка не правам муабет. Не ви ја разбирам логиката, ако не тогаш, ајде на квалификацииве сите да идеме да врескаме Македонија, да ги бојкотираме, па не мораме да идеме ни на ЕП, ни на СП, ни на ОИ, битно ќе сме си Македонија.

Одлучете се, сакате спорт или не сакате спорт? Лесно е. Не можете да мешате и спорт и политика.
--- надополнето: 4 јуни 2012 во 15:28 ---
Ти објасна Питу Гули .. што е Тони Зен ? си зборуваше цело време Македонски .. к.р го болеше дали го разбираат или не .. и оваа Накова не зборуваше српски .. а овој Антич го владее српскиот и затоа си зборува српски за своите браќа !
И Арсен Венгер е Французин па пак дава интервјуа на англиски. Што е разликата?
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
72
Поени од реакции
69
Јас и на тоа мислев,никој нема да му прави проблем кај нашиот јужен сосед,ама ако ФИБА,не да сака, него мора да го казни ,а верувам за тоа си бил свесен и тој,АМА он си има муда и пак си тера по свое....епа затоа си било еднаш еден Србин и едно Македонче.....
Во овој случај нашиот капитен дефинитивно нема муда да си ги сноси последиците према него, како од ФИБА,така и од клубот од нашиот Јужен сосед....и затоа пак ќе кажам,ама сега малку подругачие....си било еднаш едно Македонче и остатокот од Светот...
Не не... Си било еднаш едно македонче, неговите другарчиња македончиња што го бранат по форуми И остатокот од светот. ;)
--- надополнето: 4 јуни 2012 во 15:29 ---
И што доби со ова? Му поништија рекорд и златен медал. Ама битно го направил ова, а Србија и тој воедно си останаа без признание. Не ви ја разбирам логиката, ако не тогаш, ајде на квалификацииве сите да идеме да врескаме Македонија, да ги бојкотираме, па не мораме да идеме ни на ЕП, ни на СП, ни на ОИ, битно ќе сме си Македонија.

Одлучете се, сакате спорт или не сакате спорт? Лесно е. Не можете да мешате и спорт и политика.
--- надополнето: 4 јуни 2012 во 15:28 ---


И Арсен Венгер е Французин па пак дава интервјуа на англиски. Што е разликата?
Политика и национален интерес, не е исто. (y)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не не... Си било еднаш едно македонче, неговите другарчиња македончиња што го бранат по форуми И остатокот од светот. ;)
--- надополнето: 4 јуни 2012 во 15:29 ---


Политика и национален интерес, не е исто. (y)
Небитно, ЛЕН, ФИБА и останатите спортски организации се многу строги по овие критериуми. Расизам, државни проблеми, се што е надвор од спортот не смее да биде вмешувано. А и не сме ние USA или некоја бог зна која светска спортска велесила па да ни прогледуваат низ прсти или ние да ги диктираме правилата. Да станеме репрезентација за респект, како Италија во ватерполото сама што си прави распореди, да, поинаку ќе се некои работи.
 
M

Muranyi

Гостин
Што е крив Перо што нашите педери настапуваат под тоа име?Затоа не хејтајте само.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Ти објасна Питу Гули .. што е Тони Зен ? си зборуваше цело време Македонски .. к.р го болеше дали го разбираат или не .. и оваа Накова не зборуваше српски .. а овој Антич го владее српскиот и затоа си зборува српски за своите браќа !
Го дадов јас моето мислење за тоа претходно...тоа не е предавство, тоа го прават многу наши кога ќе отидат во Србија (каде и да е каде што можат да го користат македонскиот јазик за колку толку да се разберат). Тоа е комплекс на нижа вредност останат уште од Југославија, полека се менуваат тие работи, но треба време. И пак ќе кажам, ако му замеруваме на Перо за тоа, треба да им замериме и на многу наши пејачи и спортисти, а јас не гледам некој да го прави тоа.
--- надополнето: 4 јуни 2012 во 15:42 ---
И да се дополнам. Овде се тера водата на сосема погрешна страна. Работите се гледаат многу површно.
Ако се плука по Перо, треба да се плука по сите репрезентативци што воопшто прифатиле да играат за репрезентацијата на Витаминка, што дозволуваат да ги најавуваат под референцата, што воопшто учествуваат на какво и да е натпреварување(ова важи за сите не само за кошаркарите). Треба да се плука по сите федерации што го дозволуваат тоа, по сите политичари што на беџовите носат натпис со референцата на разно разни форуми, треба да се плука по сите што купуваат грчки производи или одат во грција. Не смее да има селективност. Но, тоа плукање смеат да го прават само безгрешните, оние кои не направиле ништо од погоре наведеното, а такви не постојат.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
И Арсен Венгер е Французин па пак дава интервјуа на англиски. Што е разликата?
Разликата меѓу англиски и француски е огромна ... а македонскиот е скоро ист со српскиот !
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Разликата меѓу англиски и француски е огромна ... а македонскиот е скоро ист со српскиот !
Ајдее... абе небитно, друг јазик е. Еве викаат и бугарскиот бил сличен ама јас ни збор не разбирам бугарски, најсериозно. Мора leandra да ми преведува.

Aма ние Македонците сме си таков џагара - багара народ, повеќе не интересира кој што кажал, отколку кој што направил со дела. Многу ми е гајле мене што направил Перо се додека на теренот дава 200 %. Резултати сакам бре! Така да и не ме чуди што оваа тема направи 50 страни.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Ајдее... абе небитно, друг јазик е. Еве викаат и бугарскиот бил сличен ама јас ни збор не разбирам бугарски, најсериозно. Мора leandra да ми преведува.

Aма ние Македонците сме си таков џагара - багара народ, повеќе не интересира кој што кажал, отколку кој што направил со дела. Многу ми е гајле мене што направил Перо се додека на теренот дава 200 %. Резултати сакам бре! Така да и не ме чуди што оваа тема направи 50 страни.
Море и 600% да дава не постои за мене повеќе ..
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Ти објасна Питу Гули .. што е Тони Зен ? си зборуваше цело време Македонски .. к.р го болеше дали го разбираат или не .. и оваа Накова не зборуваше српски .. а овој Антич го владее српскиот и затоа си зборува српски за своите браќа !
болдираново... то гревчето незнај македонски ко шо треба да зборува, српски ќе знаела... глеш дека беше изгубена и во време и во простор таму?

кратко и јасно!!! НЕ СИ ЈА ЦЕНИМЕ ДОВОЛНО ДРЖАВАТА, ЗАТО Е ТАКА!!!
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.915
Поени од реакции
924
фергусон е шкот а дава изјави на енглески. :cautious:

а антич е србин и си дава изјави на српски.

не гледам тука нешто спорно.

ова ви е исто како да го пратиш џими наш у нигерија и да дава изјави на нивни јазик па да го пљуваш. :noze:

мамата
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
484
Поени од реакции
502
Не знам зошто толку упорно сакате да го оправдате,па не знам нормално било што давал изјава на српски.Да, нормално е ама нека си дава изјава која ќе им биде интересна на србите,а не да праќа порака на Mакедонците и Македонија на српски јазик.Србите к_р ги боли оти пехарот го посветил на Македонија и дека на Mакедонците кои го хејтале им порачува да умрат.
 

Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
Прв пат слушам за дечково,ама писмото му е ДОБРО!!!!!
Капитенот на македонската кошаркарка репрезентација, Перо Антиќ, по неодамнешното финале од Евролигата меѓу другото изјави:„Сите што зборуваа погрешно нека умрат“. Оваа изјава го иницираше моево писмо до претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).
Здраво Даниел,
Што мислите, која е поважна функција на спортот, на репрезентативците:
1. Да шират позитивни вредности (многу деца се угледуваат на капитенот, тој ја гради културата кај младината, сакаат да бидат како него, капитенот е модел од кој учат што е правилно)?
2. Да се победи на Олимпијада?
Што мислите, што е поважно за Македонија? Што мислите, што би се случило кога во некоја западноевропска држава некој репрезентативец би дал ваква или слична изјава?
Јас последниве осум години играм професионално кошарка во Исланд, држава со култура градена под влијание на другите скандинавски држави и на САД. По првите четири години во Исланд бев награден со државјанство од страна на парламентот на Исланд.
Претседателе, еве што би се случило во Исланд кога капитенот на репрезентацијата би кажал јавно реченица од типот „сите што размислуваат погрешно нека умрат”.
Многу родители и општествено одговорни спонзори на кошаркарската репрезентација би го контактирале претседателот на федерацијата и би побарале исклучување на капитенот од националниот тим во најбрз можен рок.
Претседателот секако би го сторил тоа, бидејќи функцијата на кошаркарските херои во општеството е да шират позитивни вредности. Тие се градители на културата во едно општество, илјадници млади деца се идентификуваат со своите спортски херои. Пред неколку месеци во еден неформален разговор актуелниот претседател на ФИБА-Европа, Олафур Рафнсон, ми спомна дека Вие, претседателе на МКФ, многу често го користите и му давате важност на зборот идентификација, па верувам знаете што значи кога младината се идентификува со омилениот спортист.
Со отстранувањето од националниот тим ќе се испрати јасна порака до целата младина дека не е најважно да си победник, најважно е да си пред сè човек со позитивни вредности, кои се долготрајни, одржливи и се гаранција за здрава младина и за подобра иднина во сите области на општествениот живот. Спортот и репрезентацијата треба пред сè да промовираат толеранција, соработка, тимски дух, напорна работа и други позитивни вредности, кои се корисни и неопходни за прогрес во сите области на едно модерно општество. Тоа е и една од основните причини за постоење за репрезентацијата.
Ме интересира дали преферирате да отворите шампањско и да славите победа на Олимпијада или да покажете лидерство и да направите позитивна промена во општеството, да испратите јасен сигнал за тоа кои вредности водат до прогрес, а кои вредности сигурно не водат до прогрес. Колку што Ве познавам, вие сте толерантен, работлив, образован и верувам широк човек и ќе дозволите вашите деца и младината да се идентификуваат со Вас и со Вашите вредности, а нема да бидете себичен и да дозволите капитенот да биде референтен модел на нашата младина. Имате можност да покажете зрелост и општествена одговорност и да го оправдате лидерското место на кое воедно сте во последниве неколку години.
Во контекст на ова, актуелната министерка за култура на панелот за брендирање на Македонија како дел од маркетинг-конференцијата на „Капитал“ кажа дека е потребно интегрирано дејствување на различни сегменти од општеството, во кои спаѓаат и спортските лидери и ѕвезди во градењето на позитивни вредности во нашата култура.
Јован Здравевски
(кошаркар на исландски Стјарнан)
Магистер по маркетинг и меѓународен бизнис​
http://www.mkd.mk/37065/kolumni/otvoreno-pismo-do-pretsedatelot-na-mkf-daniel-dimevski/
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom