- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
Хех, како и за сите други ситници во животот, така и со пенкалата... комплицирам.
Не дека сум некој колекционер на пенкала. Сум бил, кога бев помал имав милион, па некои од нив сеуште си стојат во посебен пакет. Имам МНОГУ... плус 3 кутии со по 100(неотпаковани од фирмата). Бог знае колку сум загинал/ми украле. Знам само дека имам подарено 2 кутии(2x100), знам да ценам подарок од некој, знам дека треба да си ги чувам и знам дека постојано си имам пенкало при рака.
Во мојата колекција има од најобични пенкала купени од книжара, до Rexpen кој ми го подари татко ми(него му го подари дедо ми), потоа имам уште еден REXPEN со полнач(некаде сум го забаталил по фиоки), имам неколку магични(магични во смисол можат да се бришат и сами избледуваат(подарок од Франција). Многу ми беа интересни тупурчињата, инаку станува збор за пенкала кои беа со радиус од 4-5 cm, закон едвај се држеа во рака. А истотака имам и пенкало долго 19 цм.
На поклон добив пенкало кое го користи и претседателот на Македонија(пријател на татко ми, кога печателе пенкалата за претседателот направиле копија плус, па имаВ и такво, како по обичај и тоа ми го украдија) .
Имам пенкало со вграден часовник, со аларм... германско, имам позлатено Monte Lema(мислам дека е швајцарско) и сега што добив на поклон од новите REXPEN.
А да, кога сме кај рапитографите чував еден од прадедоми, кој го купил со првата плата во Њујорк и јас идиотот, го однесов на училиште и ми го здиплија.