sagaqua
Successful and Creative
- Член од
- 23 декември 2005
- Мислења
- 2.218
- Поени од реакции
- 31
Да Леандра. Конкретниов пример е баш тоа и што го мислев со претходниот пост. Одличен показател дека нешто не е во ред со врската. Но пак не мислам дека со паузирање нешто се решава. Не сака да лаже, не сака да глуми...но зошто ќутење и паузирање?leandra напиша:Се согласувам со првиот дел,дека за паузи поради разонода никој не би се согласил.Мора да постојат причини што држат вода.
А за вториов дел,што ако ова го чуствува само едната страна во тој период?Другата има лош период (на секој му се случува,и различно реагира на такви периоди),што ако неможе да ти опише што чуствува во моментот,што ако ти каже дека му е неопходен некој ден без тебе,без телефони,гледања,дека му е потребен чист воздух,а при тоа е свесен дека не сака да те повреди,но неможе ни да те лаже и да глуми дека се е во најдобар ред.Би му рекла седи тука нема паузи,зошто ако сега си заминеш,никогаш нема да ме видиш?Дали и тоа е решение.
Никогаш не би уценала никого ни под разно...ама не би дозволила тек така да барам или прифатам пауза без никакво реално објаснување
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
Причините можат да бидат најразлични во таква ситуација:
- неопходен ден без партнерот = го имаме сите и кога врската нормално функционира. Не може да бидеш 24 часа на ден со некого постојано па и да си во брак. Се случува и да бидете разделени и по неколку денови, се е тоа нормално и реална пауза.
- чист воздух = ова пак звучи премногу сериозно
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Илјадници можни причини кои не исчезнуваат со барање пауза, не се решаваат со бегање од проблемите, не се прескокнуваат со тоа што ќе се оддалечиш од партнерот за одреден временски период без оглед дали е еден ден или една година, не исчезнуваат како магија...напротив можат само да затајат некаде за време на паузата додека ете исчезне тоа незадоволство, исфрустрираност или збунетост кај партнерот, за прва можна прилика да излезат пак на површина , зашто ништо не се поправило или корегирало....максимална комуникација во врската и посветеност на проблемите.
Никоја врска не е совршена, но, може да биде нормална кога има развиена комуникација....тамам работа ако при секој наш период ( а ги има такви периоди од време на време) кога нешто не е во ред, или не ни се сите сите овци на број, да бараме пауза
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)