Со воз имам големо искуство
Имам патувано двапати Скопје-Краков натака и навака
Ако почнам да раскажувам што се случуваше ќе ми требаат 3-4 страни од темава :tv:
На кратко ... За да се стигне од Скопје до Краков треба да се сменат возови на 4 места Белград,Будимпешта,Брецлав,Катовице
Возот од Скопје до Белград касни 3-4 саати секогаш тоа е неизбежно ...
Ми се случи да го испуштам возот што требаше за Будимпешта до го фатам и останав цел ден во Белград и дури вечерта фатив воз ... Од Будимпешта натака е веќе полесно и возовите се точни во минута ...
Само јас како што сум малер оваа година патував во најголемиот студ и се случи шините да замрзнат и механизмот за менување на колосекот и патувањето ми стана историско ...
Препорачувам да не се патува преку зима освен ако не сакате да си имате неочекувани изненадувања и невидени авантури
Цената на повратен билет Скопје - Краков е околу 200 евра мислам
Скопје-Будимпешта 75 евра ,Будимпешта-Краков 100 и кусур
Оваа година кога бев планот ми беше со воз да одам до Будимпешта и од таму да фатам автобус до Краков ,билетот Будимпешта - Краков е неверојатни 20 евра во 2 правци преку оваа
агенција има ефтини билети за повеќе европски дестинации ,арно ама планот не ми искочи затоа што возот Скопје - Белград каснеше 3 саати и се отиде у к***
Иначе се на се сум преноќувал по хотели ,сум дремел ,по железнички ,сум скитал по станици ,не ми сметало го сметам тоа како големо искуство ...и повторно би се нафатил тоа да го направам
Меѓутоа во скоро време се надевам на ефтини авио билети од Скопје до ЕУ