Патување со воз до Европските градови??

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Некој има искуство со патување до европските градови со воз???Кој се најповолни начини за патување???Преку кои градови????
Фала однапред.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Avoid !!! До Германија гарант ќе ти требаат 7-8 месеци за да стигнеш :tapp:
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Поефтино ти е авион/автобус.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Јас и летање не ојме заедно,така да останвит автобусот. :)
 

krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
Ако го избегнеш факторот пари, боље е со воз. Барем мене ми е. Еве летно време коа се распусти или што, не сме ограничени со време, така да може во лето да се шетне. Само, знае некој колку се карти, некој некакво искуство?
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Јас скапав по возови од 1998 па до пред две три години.
Прекинав поради мрцварењето по Србија.
Ама ако сега морам да одам а не можам со авион ќе одам со воз и покрај ужасот во Србија.
Возењето во Автобус е хаос, те термозат на граница и Хрвати и Словенци, а и рајата по автобусите е збирштина, имаш од сите видови.
Значи проблемот со возот е од Белград надолу, се клацкаш 9 саати 400км,
од Белград нагоре е супер. Картата е малку скапа ама тоа е. Од Белград имаш за Будимпешта,Виена,Братислава,Загреб,Љубљана,Цирих,Милано,Минхен итд.
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Со воз имам големо искуство :)
Имам патувано двапати Скопје-Краков натака и навака
Ако почнам да раскажувам што се случуваше ќе ми требаат 3-4 страни од темава :tv:

На кратко ... За да се стигне од Скопје до Краков треба да се сменат возови на 4 места Белград,Будимпешта,Брецлав,Катовице
Возот од Скопје до Белград касни 3-4 саати секогаш тоа е неизбежно ...
Ми се случи да го испуштам возот што требаше за Будимпешта до го фатам и останав цел ден во Белград и дури вечерта фатив воз ... Од Будимпешта натака е веќе полесно и возовите се точни во минута ...
Само јас како што сум малер оваа година патував во најголемиот студ и се случи шините да замрзнат и механизмот за менување на колосекот и патувањето ми стана историско ...
Препорачувам да не се патува преку зима освен ако не сакате да си имате неочекувани изненадувања и невидени авантури
Цената на повратен билет Скопје - Краков е околу 200 евра мислам
Скопје-Будимпешта 75 евра ,Будимпешта-Краков 100 и кусур

Оваа година кога бев планот ми беше со воз да одам до Будимпешта и од таму да фатам автобус до Краков ,билетот Будимпешта - Краков е неверојатни 20 евра во 2 правци преку оваа агенција има ефтини билети за повеќе европски дестинации ,арно ама планот не ми искочи затоа што возот Скопје - Белград каснеше 3 саати и се отиде у к***
Иначе се на се сум преноќувал по хотели ,сум дремел ,по железнички ,сум скитал по станици ,не ми сметало го сметам тоа како големо искуство ...и повторно би се нафатил тоа да го направам
Меѓутоа во скоро време се надевам на ефтини авио билети од Скопје до ЕУ
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Патување со воз низ Европа е одличен избор, многу флексибилен и авантуристички начин. Освен делницата Скопје-Белград што претставува измачување. Обавезно разгледај ги InterRail понудите, особено се поволни за млади до 25 години. Тоа е железнички билет што важи низ сите земји во Европа, а еве дел од понудата:

10 days within 22 days €239
15 days continuous €279
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
Јас со воз сум патувал само во Англија, Германија, Австрија и Швајцарија и се топ. Зависи кај идеш, јас од белград до франкфурт и обратно со авион платив 110 долари во март, си ја резервирав месец порано а до таму со бус и од белград до аеродром со 72 бус, фино брзо, 100динари е карта до аеродром и стално ги има. Иди си на expedia.com може да најдеш нешто ефтинко, па од Германија фати си воз, внатре возовите се што да ти кажам.

Е ако идеш на Интераил тикет ондак не верувам дека ти се исплати комбинацијата авион и воз.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Сега појма немам како е..... но едно време (отиде у бестрага) преку лето за мали пари си вадевме студентско феријална карта која важеше два месеци за било кој воз по Европа и пат под нозе, ноќе патуваш (читај..не плаќаш хотел) дење се акаш по градовите...:vozbud::helou:
 

krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
Патување со воз низ Европа е одличен избор, многу флексибилен и авантуристички начин. Освен делницата Скопје-Белград што претставува измачување. Обавезно разгледај ги InterRail понудите, особено се поволни за млади до 25 години. Тоа е железнички билет што важи низ сите земји во Европа, а еве дел од понудата:

10 days within 22 days €239
15 days continuous €279

Овие карти може на железничка да се купат, или само на интернет?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109


Идејата ти е повеќе од супер - и ја би истото доколку би имал повеќе слободно време-многу поубаво е отколку патување со авион- - можноста да уживаш додека патуваш и да застанеш и разгледаш онаму каде сакаш и што сакаш - да, навистина е пријатно ваквото патешествие (пред неколку години патував за Москва со воз - и стварно незаборавно беше )

еве некои линкови- можеби ќе ти бидат од полза
http://www.interrailnet.com/http:///interrail-prepare-your-trip
http://www.voyages-sncf.com/billet-train
http://reiseauskunft.bahn.de/bin/query.exe/dn
http://www.rozklad.pkp.pl/cgi-bin/new/detect.exe/cgi-bin/new/query.exe/p?
Брисел-Париз-Брисел билетот за воз е 49 evra
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Колкава е цената на повратен билет на релација Скопје-Белград-Скопје ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom