Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

GarDiaN

ФудБалЕрчЕ
Член од
16 февруари 2006
Мислења
465
Поени од реакции
19
Prirodno e da imas custva (ljubopitnost koj si sto si, od kade si ), a kako i da e vestacki se stvara. Zatoa sto patriot znaci da ja sakas drzavata i kulturata. No ne slepo da veruvas site sto ti kazuvaat, tuka da baras da ja osoznaes vistinata.

Ubavo e da si patriot i da ja sakas drzavata, no zaradi pravite pricini.

Ne kako Grcite i Buggarite isprani mozocinja i slepo da veruvaat vo toa sto im e kazano. I ja nemozam so tvrdenje da kazam Aleksandar i nie sea deka sme istiot narod, no sekako ne se grcite. Moze sme se izmesale, moze i ne ama znam deka sme zacuvale mnogu raboti od niv, zname, dialekt, kultura. I toa mi dava sila da veruvam deka sme isti narod.
Ili ko 2001 posle 3-4 meseci vojna ti ke mi kazes deka si se borel za covekovi prava, a so ne kaza pred toa , sea ti tekna, wow kako ti tekna???. Zal mi e sto ke bidat zapisani vo istorijata ko borci za prava(iako nese), no znam deka na decata ke im ja kazam pravata vistina za cela nasa istoria i sepak pak da prodolzat da baraat dokazi za toa ne slepo da veruvaat vo toa.

Bidi patriot od pravi pricini i prav patriot ne treba so ke mu tekne da pravi , trebit da se organizira.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Ej ova mi izgleda neshto kako parodijata na onoj, Stefan Vlahov Micov... kako beshe... "Filosofskiot kluc na Makedonskiot identitet"...
:)

Pazi... filosofskiot... Sith prijatele, da ti daam edno zname za rozdendan?:drk:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Знамето, патриотските песни, итн...се се тоа само симболи на љубовта кон својата нација.
Како што Sith и остали, мавтаат со anarchy, Че Гевара, Iron Maiden или што ти ја знам знамиња, затоа што сакаат анархизам, метал итд. така и патриотите ги истакнуваат симболите на својата мајчица, и преку истите, дополнително, ја искажуваат својата љубов кон неа.
И не туку мрчете за знамиња, кога сте се наредиле со беџови и пун курац други симболи. А знаме, а маица со име на некоја факинг група или на Че Гевара фацата. Исти ташак.

И Picasso, ако немаш што да кажеш на темава, онда НЕ пишувај на истата.
Фала
Пријатно
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Мислам дека кај повеќето луѓе природно се раѓа и љубовта кон својата земја, ако ништо повеќе тогаш барем нишка на патриотизам, но секако дека улога играат и надворешните влијаниа. Пред се тука би ги ставил родителите кои од мал може да ти укажат дека треба да си ја сакаш државата, да ја почитуваш и се што оди заедно со тоа.
Од друга страна ако твоите родители не си ја сакаат земјата, тогаш може и кај тебе да внесат некаква одбивност иако не мора да значи.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Малце историја:
Многу одамна за време турска династија мал си ти не знаеш тоа
немало држави, јазици и народи.
Бунтовното човештво почнало да ја гради вавилонската кула со која симболички сакало да му се инаети на Творецот, затоа Бог им ги побркал јазиците за да не можат да се разберат.
Така настанале јазиците.
Со текот на времето лугето почнале да се делат на секти :nesvest: односно да се
групираат...
Така настанале државите.

Малце философија:
Национализмот како еден вид на религија има заеднички точки со поранешните религиозни системи.
Патриотот свесен е за својата зависност од својот национален бог.
Патриотот енергетски е зависен од својот бог и во него го гледа своето совршенство,среќа и бесмртен идеал.
Жртвите паленици и темјанот што ги принесува на националниот бог на патриотот му ја смируваат совеста.
Нацијата за патриотот е вечна, а смртта на нејзините синови ја величат нејзината бесмртност.

Поента:
Да бидеш патриот значи да дозволиш душата да ти биде контролирана од географија.
За да постои една држава неопходно е да има ограда такозвана граница и јас како патриот треба да му биден вечно захвален на "генијалецот" што ја измислил таа идиотска направа наречена граница бидејќи без неговиот изум јас требаше да направам социјално самоубиство. :nesvest:
Јазиците,народите,обичаите,традициите се артификални творби.
Да не постоеа границите немаше да има ни држави ни философски клучеви ни идентитети ни химни ни знамиња ни грбови.
Македонија има вкупна површина од 25712 сквер километарс, значи цела површина која е надвор од периметарот е помалце вредна само затоа што ја не сум се родил таму :nesvest:
Патриотизам=фашизам
Интернетот у последниве 10 и нешто години муњевито ги руши границите,бариерите,препреките наречени национална свест идентитет итд.

Заклучок:
Патриотизмот има рок на траење.
Да си патриот во овој глобализиран свет значи да си демоде.


п.с
Просто си се чудам самиот на себе како можам до тој степен да пишувам квалитетни постови.
Не за џабе сум Избраниот.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
THE CHOSEN ONE, со сета почит...во заблуда си. Поточно, си класичен пример за успешна екс-ју и западна пропаганда, преку која "големите" го потиснувале вроденото национално чувство на "малите" и на тој начин ја засилувале моќта на сопствената нација.
Речениците:патриотизам = фашизам и патриотизам = демоде, се сликовита претстава за тоа како некој друг, преку омаловажување на Македонецот, успеал да направи Македонецот отпосле сам себе да си се понижува. Еклантантен пример на успешно рибање мозок, кое изрибаните продолжуваат да го фураат, и тоа откако рибачите ќе се повлечат.

Велиш нациите се нешто вештачки создадено и ограничуваат. Ок. Али, по таа логика, можеме да речеме и дека семејството, интимните врски и општо секоја форма на заедништво. се истотака накнадно создадени и треба да се раскинат/игнорираат. Значи, човекот не треба да се врзува за ништо и никој, не треба да има чувства на припадност и заштитништво кон своите родители, своите деца, своите пријатели и ближни, само затоа што тоа се општествено изградени заедници.
И можеби би признала кога некој би ја фурал таа теза, но само кога би живеел сам самцат во некоја пештера. Се додека одбира да остане меѓу луѓето и да формира било какви врски со нив, тогаш е фејкер и фолирант, без покритие за својата теза.

Сега, ќе се обидам и сликовито да ти прикажам на кој степен се наоѓа патриотизмот, и зошто е потребен. Имено:
љубов и почитување на самиот себе ---> на смејството ----> на пријателите и ближните ----> на пошироката околина----> на народот и земјата на кои им припаѓаш----> на човештвото во целина (алтруизам, без било какви граници)

Сево ова се фази, кои постепено одат. Не може да се прескокнат, туку се последователни. Т.е не може да се потценуваш и мразиш себе, а искрено да сакаш било кој друг. Значи, се тргнува од самопочитта и љубовта кон она што си ти како индивидуа, па, чекор, по чекор, се стигнува до врховниот израз на љубов и широчина, а тоа е алтруизмот.

Поради тоа не може да биде затуцано и негативно љубењето на својата земја, туку напротив, тоа е итекако потребно скалило во фазата која носи до космополитизам.
Без да бидеш прво патриот, не може да бидеш космополит.
Без да се осознаеш себе, како личност и како припадник на одреден народ, не можеш да го осознеш човештвото во целина.
Без да си ја цениш и сакаш сопствената нација, не можеш да го направиш истото за останатите луѓе и нации, а камо ли за целииот свет.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Поточно, си класичен пример за успешна екс-ју и западна пропаганда,
Ада како човек кој верува во Библијата тешко дека ќе да сум бил задоен со комунистичко или пропагаторско млеко.

Велиш нациите се нешто вештачки создадено и ограничуваат. Ок. Али, по таа логика, можеме да речеме и дека семејството, интимните врски и општо секоја форма на заедништво. се истотака накнадно создадени и треба да се раскинат/игнорираат.
Ада бракот тоест семејството е прва институција која била воспоставена од Бог.

Ада ако си патриот кај беше 2001? :kesa:
Добро нема везе женско си опроштено ти е. :salut:
Сепак, мора да се спомне дека во Израел и женските имаат задолжителна војска затоа цел свет го прават дар мар.(затоа не ти е опроштено :nenene:)
Ако не планираш во блиска иднина доброволно да отидеш во војска гледај да се воздржиш од бришење и мерџирање на темите на Избраниот. :helou:

Уште една работа Ада, јас и покрај тоа што го презирам патриотизмот јас искрено им се восхитувам на патриотизмот на Американците, може звучи парадоксално но јас лично високо ги респектирам луѓето со силни емоции и цврсти карактери.
Луѓе кои не се плашат да умрат па макар било тоа поради лажен патриотски идеал или макар бил пион кој погинал за бизнис интересите на Rothschild,Warburg или некој трет бизнис олигарх.
Затоа Ада не го респектирам македонскиот патриотизам бидејќи е лажен.
Ада има мал миљон докази дека македонците се плашлив народ, долготрпелив, истраен.
А понизноста долготрпеливоста и истрајноста се во тотална контраикција со воиственоста што ја имаат Американците, Русите, Србите, Хрватите итд.
Ах, заборавив ние на кондиција ги фаќаме :tapp:

Да не беше спорот со името немаше ни да дознаеме дека постел човек пред 2300 години по име Александар не па за друго да правиме муабет.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ада како човек кој верува во Библијата тешко дека ќе да сум бил задоен со комунистичко или пропагаторско млеко.



Ада бракот тоест семејството е прва институција која била воспоставена од Бог.

Ада ако си патриот кај беше 2001? :kesa:
Добро нема везе женско си опроштено ти е. :salut:
Сепак, мора да се спомне дека во Израел и женските имаат задолжителна војска затоа цел свет го прават дар мар.(затоа не ти е опроштено :nenene:)
Ако не планираш во блиска иднина доброволно да отидеш во војска гледај да се воздржиш од бришење и мерџирање на темите на Избраниот. :helou:

Уште една работа Ада, јас и покрај тоа што го презирам патриотизмот јас искрено им се восхитувам на патриотизмот на Американците, може звучи парадоксално но јас лично високо ги респектирам луѓето со силни емоции и цврсти карактери.
Луѓе кои не се плашат да умрат па макар било тоа поради лажен патриотски идеал или макар бил пион кој погинал за бизнис интересите на Rothschild,Warburg или некој трет бизнис олигарх.
Затоа Ада не го респектирам македонскиот патриотизам бидејќи е лажен.
Ада има мал миљон докази дека македонците се плашлив народ, долготрпелив, истраен.
А понизноста долготрпеливоста и истрајноста се во тотална контраикција со воиственоста на што ја имаат Американците, Русите, Србите, Хрватите итд.
Ах заборавив ние на кондиција ги фаќаме :tapp:

Да не беше спорот со името немаше и да дознаеме дека постел човек пред 2300 години по име Александар не па за друго да правиме муабет.
Со постов, сам си потврди дека сепак не си останал имун на екс-ју и западната пропаганда.

Значи, свесен си дека меѓу народите кои ги наброја постојат искрени патриоти, кои живот би дале за својата земја. Дополнително, велиш дека ги респектираш и им се восхитуваш.

Од друга страна пак, го потценуваш Македонскиот патриотски дух, кој, во претходниот пост, дури го изедначи и со фашизам и нешто кое е демоде.
Контрадикторни тези, м?

Или само последица на туѓото "перење мозок", кое направило се што е наше, Македонско, да потценуваме и исмеваме, а истото, кога е кај друг народ, да го почитуваме и величаме.

Како не забележуваш дека ни е наметната логика на робови и инфериорци?
Како не забележуваш дека тоа оди во туѓ прилог, а нас не слабее и уништува?

Кога на некој постојано му повторуваш дека е неспособен и слаб, после доволно време, тој почнува да верува во тоа, и самиот да се инхибира и не превзема ништо. Баш ова го има во твојот пост.

Ако до вчера сме покажувале слабост, не треба да покажуваме и од утре. Не, утре е шанса за нешто ново, нешто поинакво.
Утре е шанса да се скинат синџирите на туѓите, лаги, манипулации, негирања и да се обидеме сами исправено да зачекореме.

Не е страшното кога некој ќе те победи или понижи. Страшното е кога ќе се помириш со поразот и понижувањето. А, најстрашното од се е кога ќе дозволиш да умреш, без да превземеш ништо за да се промени срамната положба.

Робот е роб, поради својот робски менталитет. И кога ќе има шанса да се ослободи, ако не си го смени мајндсетот, тој само ќе поита кон нов газда. И ќе си остане роб. Со окови кои самиот одбива да си ги тргне.

И на крај ќе се фати во ситуација како велича туѓ патриотизам и го подржува, а за подигање на својот нејќе да превземе ништо и го негира во корен.

П.С
Се додека сум модератор на подфорумов, нема да се воздржам од спојување и бришење на било чии теми, доколку тоа го бараат правилата на форумот, односно ќе постапувам во согласност со задачите и обврските кои тајтлот модератор ми ги носи.
А, ако не сакаш твоите теми да бидат подложени на акциите кои претходно ги споменав, тогаш воздржи се од непочитување на правилата на форумов.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Патриотизмот е вродено чуство кое може да биде постепено потиснувано од некоја наметната(ненаметната) пропаганда со тенденција и да исчезне кај некои особи кои се нестабилни на такви пропаганди:toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Зарем патриотизмот се потврдува само преку земање пушка?

Што е со сите преродбеници, Мисирков и останати чии дела се темел на нашата основа како народ.

Ада е потполно во право.

Од друга страна пак, го потценуваш Македонскиот патриотски дух, кој, во претходниот пост, дури го изедначи и со фашизам и нешто кое е демоде.
Контрадикторни тези, м?

Или само последица на туѓото "перење мозок", кое направило се што е наше, Македонско, да потценуваме и исмеваме, а истото, кога е кај друг народ, да го почитуваме и величаме.

Како не забележуваш дека ни е наметната логика на робови и инфериорци?
Како не забележуваш дека тоа оди во туѓ прилог, а нас не слабее и уништува?


Кога на некој постојано му повторуваш дека е неспособен и слаб, после доволно време, тој почнува да верува во тоа, и самиот да се инхибира и не превзема ништо. Баш ова го има во твојот пост.
Него..што расправаме... да не беше спорот со името немаше и да дознаеме дека постоел човек пред 2300 години по име Александар... :kesa:
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ада батали ме ти мене, јас и патриотизам магаре и музика.
Јас доколку (доколку би го купил филмот) би бил патриот тогаш бил спремен да станам машина за убивање или да го дадам животот за интересите на сопствениот народ.
Ада нели македонската нација е стара над 5000 години?
Пред 5000 години или ај де не идеме толку далеку еве пред 500 години немало ни Југославија ни "друже Тито ми ти се кунемо" ја немало ни Америка значи немало пропаганди.
Ај кажи ми зошто тогаш немало изградено силна идеолошка матрица?
Патриотизмот Ада не е книга па да земеш да го научиш.
Или го имаш или го немаш го наследуваш преку гените на твоите родители.
Ада види го подфорумот политика на што личи?
Изиграваат некои патриоти тепачишта јаки ама пушка штом ќе пукне сите се кријат под ќебето.
Зајакот се раѓа како зајак живее како зајак и умира како зајак.
Не може зајакот да еволуира во лав освн ако не веруваш во теоријата на мрднатиот Дарвин.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ада батали ме ти мене, јас и патриотизам магаре и музика.
Јас доколку (доколку би го купил филмот) би бил патриот тогаш бил спремен да станам машина за убивање или да го дадам животот за интересите на сопствениот народ.
Ада нели македонската нација е стара над 5000 години?
Пред 5000 години или ај де не идеме толку далеку еве пред 500 години немало ни Југославија ни "друже Тито ми ти се кунемо" ја немало ни Америка значи немало пропаганди.
Ај кажи ми зошто тогаш немало изградено силна идеолошка матрица?
Патриотизмот Ада не е книга па да земеш да го научиш.
Или го имаш или го немаш го наследуваш преку гените на твоите родители.
Ада види го подфорумот политика на што личи?
Изиграваат некои патриоти тепачишта јаки ама пушка штом ќе пукне сите се кријат под ќебето.
Зајакот се раѓа како зајак живее како зајак и умира како зајак.
Не може зајакот да еволуира во лав освн ако не веруваш во теоријата на мрднатиот Дарвин.
Македонецот не е зајак.
Македонецот го имал Александар Македонски, го имал Самоил, го имал Гоце Делчев, го имал Ченто...Македонецот и после 5 века турско ропстство го зачувал јазикот, верата, чувството на припадност...Македонецот и после 50 години СФРЈ, во која се обидувале да го потиснат Македонскиот дух, одбрал да има независна држава и да ја зачува истата.

Сево ова, не е одлика на народ без идеолошка матрица. Кога би било така, и кога би биле навистина кукавици, тогаш би не снемало одамна. И немаше да има случаи како Хунзите и Калашаите, кои и после 2300 години знаат дека се Македонци.

Има во нас лавови. Единствено, ставовите како твојот, кои се обесхрабрени и без верба во сопствениот народ, носат до неуспеси.
Не може сам да се понижуваш, а да очекуваш почит од другите.

И ако некој нема доверба и почит кон својот народ, тогаш барем нека молчи и нека не ги демотивира оние кои искрено имаат. А, да не повторувам дека кога не си го цениш својот народ, не се цениш ни самиот себе.

Другите ќе се однесуваат кон тебе, онака како што ти се чувствуваш и претставуваш. Одбереш ли да бидеш зајак, другите ќе те третираат ко зајак. Но, поверуваш ли дека си лав, ќе добиеш и таков третман.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ок, сваќам дека кај нас биле најјаките играчи.
Ада која е разликата помегу внатрешен и надворешен непријател?
Како треба да ги третира овие малициозни ентитети еден вистински домољубец?
И каков третман добиваат во Македонија, и зошто?
Ах,заборавив да кажам не сум Македонец Израелец сум.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ок, сваќам дека кај нас биле најјаките играчи.
Ада која е разликата помегу внатрешен и надворешен непријател?
Како треба да ги третира овие малициозни ентитети еден вистински домољубец?
И каков третман добиваат во Македонија, и зошто?
Ах,заборавив да кажам не сум Македонец Израелец сум.
Карактеристична иронија, која само уште еднаш покажува на кои се начини се деградира и она што навистина вреди во сопствениот народ. Штета.
Нема пострашна казна, од кога сам себе се казнуваш. Ниедна деструкција не е поголема од автодеструкцијата.

Во тој контекст, разликата помеѓу внатрешен и надворешен непријател, е тоа што првиот може да биде многу поштетен, односно раната која ќе ја нанесе да биде смртоносна.
"Црнила" на Чашуле има многу сликовити прикази zа овој "проблем".
Или, мислана: Господе чувај ме од оние кои ми се претставуваат како пријатели. Од непријателите, јас сам ќе си се чувам.

А, вистинскиот патриот, оние кои не се патриоти, треба да ги третира на начин што ќе се обиде, овака или онака, да им ја пренесе љубовта кон сопствената земја. Поточно, не да им ја пренесе, туку само да ја разбуди и разгори. Затоа што таа постои кај секој од нас. Само кај некои спие.

Кога ќе те понесе магијата на љубовта (а, патриотизмот е баш тоа, љубов), нема запирање. И што повеќе луѓе се оддадат на таа љубов, тоа посилна нација, и тоа повеќе идни алтруисти и широки луѓе.

Клучот е во свесноста. Се поттикне ли таа, нема воопшто да правиме муабет за издаици и внатрешни непријатели, ниту за луѓе кои не му веруваат на својот народ (т.е не си веруваат на себе си)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Кај вистинските патриоти е вроден, кај останатите ВИСТИНСКИ нит го има, нит го имало, нит ќе го има само глумат лудила.
50% од Македонците би се преселиле од земјава по најбрза можна постапка (спаѓам во овие), 40% со задоволство би се брцнале во Егејско (ако не се таму и моментално), 10% се вистински патриоти.
Тоа не значи дека останатите не ја сакаат Македонија, далеку од тоа.. Али сепак свесни се колку можат да успеат во животот во земја како нашата, гледаат пред се за својте интереси од аспект на амбиција и им е совршено јасно дека нема леб тука. Љубов кон Македонија има во скоро сите од нас, но чист патриотизам е скоро невозможно да има од секој аспект.. Можеби може од аспект на историја или незнам си што али пак не е тоа тоа.. Пропаѓаме и ни е јасно, ама не признаваме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom