Пасош

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Sledge Hammer, 27 јануари 2019.

  1. vladok

    vladok

    Член од:
    19 февруари 2016
    Мислења:
    268
    Допаѓања:
    36
    тоа значи да почекаме за промена на документи после март 2019?
     
  2. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    11.573
    Допаѓања:
    5.425
    не ми е јасно за овие УПЛАТИ однапред, се плаќа НА ЛИЦЕ МЕСТО со картица !!
    А и термините мислам се добиваат лесно, едино ако сега има застој па да се натрупаа народ...
    Туку тоа БЕСА што бара за новите лични карти сигурно е или фотошоб ???
     
  3. Guliver

    Guliver

    Член од:
    22 август 2009
    Мислења:
    614
    Допаѓања:
    221
    Вчера имав термин во Беко , ми кажаа се уште се издаваат како РМ. До кога не знам.
     
  4. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    11.573
    Допаѓања:
    5.425
    мислам дека треба да излезе во Службен Весник изгледот и содржината на Новиот Пасош, не е тоа тек така...

    Ја пак мислам дека може да направат голема утка ако некаде во Северномакедонски Пасош пишува Државјанство Македонско !!
    може нација да биде македонска,( таа и не ја пишува во ниеден биометриски документ) ама Државјанство и пасош мора да бидат Северномакедонски
     
  5. vladok

    vladok

    Член од:
    19 февруари 2016
    Мислења:
    268
    Допаѓања:
    36
    а што бара БЕСА?
    не сум у тек?:(
     
  6. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    11.573
    Допаѓања:
    5.425
    “Загарантирано државјанство за Албанците. Во личните карти ќе има графа на етничка, албанска припадност. Албанската дијаспора од Македонија ја воведовме во уставот.
    Ние не го затворивме поглавјето за правата на Албанците. Движење Беса ја запечати иднината на Северна Македонија
    во НАТО.”
    Државјанството – македонско ќе биде напишано на албански, а ќе има и посебна графа за етничката припадност, нешто што во сегашните лични карти го немаше.
    [​IMG]

    проблемот е што Заев и Димитров ветиле дека НЕМА да има Македонска националност
    демек терминот Македонско ќе бил Државјанство, а тоа е ВОН СЕТА ЛОГИКА
    Државјанство е на Држава а не на нација, на пример :
    Државјанство на Република Македонија сега треба да гласи Државјанство на Република Северна Македонија

    Друго, ПРОТИВ сите човечки права е во ЈАВНА ИСПРАВА да може да се внесе
    НАЦИОНАЛНОСТ Албанец а не и Македонец !!!
    Шемата на Заев и Димитров беше ДА НЕ СЕ ВНЕСУВА НИКАДЕ Националност, АМА беса МУ ГО ЗБИЧИЈА АМАНДМАНОТ !!!
     
    Последно уредено: 31 јануари 2019
  7. total

    total

    Член од:
    14 август 2010
    Мислења:
    649
    Допаѓања:
    699
    Цитат од Сител:

    "Најрано во ноември граѓаните ќе можат да извадат пасоши но и други лични документи под новото име Република Северна Македонија. Околу 9 месеци вообичаено трае тендерската постапка која ја води МВР . "

    Извор:
    https://sitel.com.mk/kako-kje-se-po...ica-do-izdavanjeto-na-pasoshite-so-novoto-ime
     
    На Guliver и vladok им се допаѓа ова.
  8. Ryan221

    Ryan221

    Член од:
    13 март 2015
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Штом е темата за пасош да прашам и јас за процедура за изгубен пасош..
    Пред неколку месеци реновиравме нешто дома и тогаш многу работи беа исфрлени од домот а и најверојатно мојот пасош кој беше ставен во некои стари книги. Сега барав насекаде и не можам да го најдам, највеорјатно е фрлен со книгите тогаш.
    Која е процедурата сега.. нешто читав службен весник прво требало но на нивна страна нема опција во е-услуги за пасош.
    Ако некој има линк или информации пишете...
     
  9. total

    total

    Член од:
    14 август 2010
    Мислења:
    649
    Допаѓања:
    699
    Исто е како за обично вадење пасош само што треба + да се пополни изјава како го изгуби пасошот и наместо стариот пасош лична карта важечка ти треба. Мислам и дека + 75 денари треба да уплатиш за да излези во службен весник
     
    На Ryan221 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vladok

    vladok

    Член од:
    19 февруари 2016
    Мислења:
    268
    Допаѓања:
    36
    Новите пасоши со РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА кон крајот на годинава:(
    --- Споено дупло мислење, 13 февруари 2019 ---
    Имам едно прашање , колку месеци пред да истече рокот на важност на пасошот може да се влезе во земјите на ЕУ ?
     
  11. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    26.541
    Допаѓања:
    31.268
    Мислам дека е едно 2-3 месеци за Шенген,а за у Грција или Бугарија мислам помалку дека е.
    Ќе каже сеа некој кој знае поточно.
     
    На vladok му/ѝ се допаѓа ова.
  12. total

    total

    Член од:
    14 август 2010
    Мислења:
    649
    Допаѓања:
    699
    Помалку од месец дена до истекот на пасошот, влегов во Гр. без проблем никој ништо не спомна.

    Шо не значи дека друг полицаец на пример или на друг премин исто би постапил....
     
    На Bafra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bafra

    Bafra Гостин

    Пред 10 дена, група со автобус, на бугарска граница бугарот (не беше во униформа) што ги собираше пасошите, прашуваше дали некој има пасош што му е со важност помалку од 3 месеци. Никој не се пријави па не би знаел што и како.
     
    На total му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vladok

    vladok

    Член од:
    19 февруари 2016
    Мислења:
    268
    Допаѓања:
    36
    Дали за вадење на нов пасош со Северна Македонија треба прво да се извадат нови изводи, лична карта..... со Северна Македонија за да се дојде до нов пасош?

    Да не има некој информации од МВР?или рано е да се размислува за новите пасоши?
     
  15. total

    total

    Член од:
    14 август 2010
    Мислења:
    649
    Допаѓања:
    699
    Па има информација - објавено е погоре, кон крајот на годината новите пасоши и нема потреба од нова Л.К. или извод за да извадиш пасош освен ако тие не истекле пред пасошот па си извадил претходно
     

Сподели преку: