Пасош

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Поздрав до сите членови на форумот.
Уплатив пари на уплатниците за пасош бидејќи може за некои 2-3 месеци ќе ми треба пасошот а може и нема.

Моето прашање околу пасошот е следното: на трафика кај што се продаваат барања за пасоши и лични карти и уплатници за пасоши ми кажаа дека можам јас и сега во Јануари да уплатам пари за процедурата за пасош и не морам веднаш да закажам термин за сликање, ми кажаа дека во текот на цела 2019 година ќе ми важат уплатените пари за пасошот и сум можел пример и преку летен период да закажам термин за сликање.
Прашањето го поставив на мејлот од страницата на МВР и нормално не добив одговор

И дали од форумов некој знае дали е навистина така, ако се уплатени парите сега во Јануари дали можам и подоцна во текот на оваа 2019 година да закажам термин за сликање за пасош?

Сега во моментов пасошот не ми го треба, но не се знае можеби ќе ми го треба за 2 месеци. Најмногу ми е поради фактот ако сега извадам во Февруари пасош не сум сигурен ама веројатно ќе пишува Република Македонија, и после пак ќе треба нов да вадам пасош.
Од влада имаше соопштение дека сите документи ќе важат додека им е рокот, но ако извадам во Февруари 2019 пасош на кој ќе пишува Република Македонија и кој ќе важи дури 10 години до Февруари 2029 година, не сум баш сигурен дека ќе има толеранција за дури до 2029 година да можам да користам пасош на кој ќе пишува Република Македонија. Со таков пасош во Грција не сум сигурен дека би ми можел да влезам, дури ниту во членките на ЕУ е прашање дали ќе може.

Некое мислење молам од членовите.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.102
Поени од реакции
3.948
Башка јас колку што знам пасошите и на 5 години ги даваат, не на 10, бар мене сите пасоши до сеа по 5 години ми важеа.
 
G

Gjoksi

Гостин
Башка јас колку што знам пасошите и на 5 години ги даваат, не на 10, бар мене сите пасоши до сеа по 5 години ми важеа.
- За лица постари од 27 години пасошот се издава со рок на важење од десет години.
- За лица на возраст од 4 до 27 години пасошот се издава со рок на важење од пет години.
- За лица до навршени 4 години живот пасошот се издава со рок на важење од две години.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.102
Поени од реакции
3.948
- За лица постари од 27 години пасошот се издава со рок на важење од десет години.
- За лица на возраст од 4 до 27 години пасошот се издава со рок на важење од пет години.
- За лица до навршени 4 години живот пасошот се издава со рок на важење од две години.
Не знаев за ова :)

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Ќе си извадам нов пасош кога ќе ми истече стариот за 10 години, ако сакаат нов пасош да си вадам пред 10 години тогаш нека биде бесплатно.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Желба подолго да се остане Македонец:), не е до парите!
Сигурно е за тоа да остане Македонец :pos:
Македочето ако не искористи нешто до крај не го бива, немој пропадне инвестицијата од 30 евра. Исто како што бричот кој го користат за брадата после го користат 12345 пати за друго.
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
412
Поени од реакции
82
Мора сите документи(лична карта, пасош,таблички, сообраќајна,возачка) да се сменат до 2024 година

мене ми истекуваат за три месеци, дали да почекам за нов пасош или два пати ќе треба да плаќам??
 
G

Gjoksi

Гостин
Член 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија гласи:
„Постоечките официјални документи и материјали на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои може да се користат надвор од државата, ќе се усогласат со Амандманот XXXIII најдоцна во рок од пет години од нeговото влегување во сила.“
Амандманот XXXIII се однесува на промената на името од „Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“ и влегува во сила со влегувањето во сила на Конечната спогодба.
Вака како што е напишано, произлегува дека најкасно до 2024 или 2025 година ќе мора да ги смениме постоечките лични карти, пасоши, сообраќајни дозволи, возачки дозволи и др.!
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Ми истекува пасошот следниов месец.
Има некој инфо дали новите ќе бидат Северна ако закажам термин периодов?
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
412
Поени од реакции
82
Ми истекува пасошот следниов месец.
Има некој инфо дали новите ќе бидат Северна ако закажам термин периодов?
Прашај во МВР, и ако дознаеш нешто би те замолил да кажеш.
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
497
Поени од реакции
679
Ми истекува пасошот следниов месец.
Има некој инфо дали новите ќе бидат Северна ако закажам термин периодов?
I jas istoto se prasuvam, dali i za licnite karti i vozackite e isto?! Ako doznaes nesto bi te zamolil da kazes.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Ми истекува пасошот следниов месец.
Има некој инфо дали новите ќе бидат Северна ако закажам термин периодов?
Името официјално не е променето. Додека Грција не го ратификува договорот за членство во НАТО останува старото име, значи уште нема „Северна“.
ПС
Се очекува на 8 февруари ова да биде ратификувано.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom