- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.590
Не е веќе исплатливо. Житото им го земаат џабе, 8-9 ден.кг чинам беше последно. Мелничарите си играат курташак секоја година. Се прави увоз од страна, од Србија. Климатските услови се сменаа. Исто, цените на репроматеријалите, хемиските препарати и ѓубрива, гориво, се тоа постојано расте. Едино ако некој чува стока па да го искористува за храна, ама и тоа се поретко. Годинава цената на јагнето со корона кризата падна ептен, единствено субвенциите покриваат нешто, без нив никој не би се занимавал со земјоделие и сточарство.Кога сме веќе кај тутунот порано се садеше на шило, се копаше на рака, се нижеше на рака сега овие три се механизирани и работата е олеснета. Иако нема збор дека мора и треба да биде уште повеќе платена, во Турција на пример ситнолисниот тутун што се произведува им го плаќаат 7е по кг а кај нас 5е макс со субвенции
Јас живеам во град ама имам куќа на село, и не е веќе селото тоа што беше порано..
Стока скоро и да нема сега, житните култури се на етапи и брзо се завршуваат а некој ни корен патлиџан немаат по дворовите
Кај тутунот како што напоменав е слично. Државата на овие луѓе се сеќава единствено пред избори.