Партнерот ми е од село, што да правам?

Каде живеете?

  • Град

    Гласови: 322 78,5%
  • Село

    Гласови: 88 21,5%

  • Вкупно гласачи
    410
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Кога сме веќе кај тутунот порано се садеше на шило, се копаше на рака, се нижеше на рака сега овие три се механизирани и работата е олеснета. Иако нема збор дека мора и треба да биде уште повеќе платена, во Турција на пример ситнолисниот тутун што се произведува им го плаќаат 7е по кг а кај нас 5е макс со субвенции

Јас живеам во град ама имам куќа на село, и не е веќе селото тоа што беше порано..
Стока скоро и да нема сега, житните култури се на етапи и брзо се завршуваат а некој ни корен патлиџан немаат по дворовите :D
Не е веќе исплатливо. Житото им го земаат џабе, 8-9 ден.кг чинам беше последно. Мелничарите си играат курташак секоја година. Се прави увоз од страна, од Србија. Климатските услови се сменаа. Исто, цените на репроматеријалите, хемиските препарати и ѓубрива, гориво, се тоа постојано расте. Едино ако некој чува стока па да го искористува за храна, ама и тоа се поретко. Годинава цената на јагнето со корона кризата падна ептен, единствено субвенциите покриваат нешто, без нив никој не би се занимавал со земјоделие и сточарство.

Кај тутунот како што напоменав е слично. Државата на овие луѓе се сеќава единствено пред избори.
 
M

Macedon1um

Гостин

Житарките барем се берзанска роба и мислам најмалку се оштетени полјоделците што се занимаваат со ова (во споредба со другите култури). Е сега сосем друга работа е што огромен дел од нашава земја тука е со слаби класи, не е Војводина па се добиваат значително помали приноси со тоа и профит ама на поголеми површини пак има математика поготово што Европската унија со тоа и ние имаме таква политика да го субвенционираме производството..

За сточарство не се разбирам и не би коментирал премногу, ама со оглед дека си скоро па 24/7 ангажиран тоа е жива робија
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Еден куп мои пријатели фантазираат дека кога ќе се пензионираат ќе си купат имот и куќа на село и ќе се занимаваат релаксирано со земјоделство, на пример. Тие сега, помлади, не би издржале да прекопаат еден декар, или наведнати саат-два да ги собираат пиперките, не па после 10-15 години, колку и да се витални и здрави ... Ми се чини дека таа идеја е илузија: во пензија да се оди на село заради земјоделство.
Денес, во МК е илузорно да се мечтае за живот на село на кои било години. Нема можности за тоа.

Но се' се може ако се сака и ако има услови. Не пишувам за земјоделството како основна дејност, туку како своевидна занимација. Иако не сум од село, сум бил в село, сум копал, сум нижел тутун, сум собирал грозје, јаболка и други плодови. Ме праќале дури и на пазар да продавам, како дете, каде што сум делел тезга со роднини а парите од продаденото биле мои. Чисто да видам како изгледа тоа. Се' е навика и зависи од тоа колку е искрена и голема желбата. Ако очекуваш пристојно да живееш од земјоделие, тоа да ти е основен, па и единствен извор на егзистенција, тој воз одамна поминал ако воопшто застанал во Македонија.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
За сточарство не се разбирам и не би коментирал премногу, ама со оглед дека си (скоро) 24/7 ангажиран тоа е жива робија
Пријател работи со свинчиња покрај другото. Исплатлив бизнис е со оглед на тоа го гоиш - продаваш месо. Секој ден имаш работа ама карикирам 4 саати у ден. 2 саати сабајле 2 саати навечер, кога ќе дојде за продавање ако знаеш да колеш/средуваш месо и од тоа плус пари си зимаш. Си градиш круг на луѓе што зимаат од тебе и тоа е тоа. Да не правиме муабет за тоа како си ги размножуваш и слично, убав ќар може да се извади со тоа.

реално најисплатливо кај нас е пипер/патлиџан. Најмал влог ти треба ако имаш твое место каде да го садиш под фолија, а и „најмалце“ работа има. Пак ќе кажам 5-6 саати во ден во најлош случај. Ако стаиш капка по капка еднаш во денот или евентуално во два дена полниш резервари и пуштатш/сопираш.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Денес, во МК е илузорно да се мечтае за живот на село на кои било години. Нема можности за тоа.

Но се' се може ако се сака и ако има услови. Не пишувам за земјоделството како основна дејност, туку како своевидна занимација. Иако не сум од село, сум бил в село, сум копал, сум нижел тутун, сум собирал грозје, јаболка и други плодови. Ме праќале дури и на пазар да продавам, како дете, каде што сум делел тезга со роднини а парите од продаденото биле мои. Чисто да видам како изгледа тоа. Се' е навика и зависи од тоа колку е искрена и голема желбата. Ако очекуваш пристојно да живееш од земјоделие, тоа да ти е основен, па и единствен извор на егзистенција, тој воз одамна поминал ако воопшто застанал во Македонија.
Примерот што го дадов со пријателите кога ќе бидат во пензија да живеат на село и да се занимаваат со земјоделство, тоа не би им бил единствен приход, ќе си земаат пензија од која ќе можат струја и храна да си платат
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Житарките барем се берзанска роба и мислам најмалку се оштетени полјоделците што се занимаваат со ова (во споредба со другите култури). Е сега сосем друга работа е што огромен дел од нашава земја тука е со слаби класи, не е Војводина па се добиваат значително помали приноси со тоа и профит ама на поголеми површини пак има математика поготово што Европската унија со тоа и ние имаме таква политика да го субвенционираме производството..

За сточарство не се разбирам и не би коментирал премногу, ама со оглед дека си скоро па 24/7 ангажиран тоа е жива робија
За воља на вистината и не можеме да им парираме на србите по однос на житни приноси, ниту по технологија на производство во моментов. Ептен сме назад, каскаме, се работи на мали парцели. Наука е сето тоа, клима, почва, семенски материјали. Се работи уште со практики од минатиот век. Овој сектор би рекол е исто во изумирање. Едноставно државата го запостави земјоделието. Нема инвестирање во руралните области. Тоа постоечките хидросистеми не се во состојба да ги одржуваат па камоли изградба на нови.

Субвенциите кај нас се чист популизам, поткуп. Најлесно и е на државата да подели субвенции и да грака по телевизии за тоа. Реално се потребни континуирани инвестирања во земјоделието, кај нас од осамостојувањето не е направено скоро па ништо. Нема стратегија, визија, план.
Џабе збориме, состојбите на терен говорат се. Празни ниви, празни села, сега и градови.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Примерот што го дадов со пријателите кога ќе бидат во пензија да живеат на село и да се занимаваат со земјоделство, тоа не би им бил единствен приход, ќе си земаат пензија од која ќе можат струја и храна да си платат
И повторно, во зависност во кое село би живееле, би се соочиле со проблем. Има села, со три баби, 4 кучиња и неколку мршојадци кои чекаат по дрвата, таму и пред избори никој не оди. Понатаму има поубави села кои и не се толку блиску до поголем град што реално го отежнува секојдневниот живот на градски човек, навикнат на поинаква комуникација и поголем избор во секоја смисла на зборот: од понуда во маркет, мајстори, до болници, аптеки и сл. И на крајот имаш села кои се такаречи составен дел од некој град, но тука веќе правиме муабет за предградие. Како што пишав претходно, Македонија и не е којзнае каков пример за селска идила.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.406
Поени од реакции
9.036
Citajki kako razmisluvaat forumxiive I ne me ne cudi sto zenskite ne sakale da se mazat vo selo, pa za da zivis na selo ne mora da se zanimavas so kozi ovci I slicno kako sto se razmisluvanjata tuka. Jas ne znam vie za kakvi sela zboruvate ama primer zemete gi primer ohridskine sela, nisto ne im fali. Lugeto najnormalno imaat normalni raboti I biznizi I si ziveat vo kuki nadvor od gradot.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
На селата во Мк и на селаните впрочем, крстот им е ставен уште пеестите години. Од тогаш наваму освен субвенциите и по 5 цм асфалт на патиштата ништо нема инвестирано. Електрификацијата закасна дебело, хидросистемите не се доградија како треба, сега и тие што ги има со мака се одржуваат. Додека се билдаше работна рака на железара, мзт,македонка...... умре земјоделието и сточарството. Снема луѓе, по нив се затворија амбулантите и школите, се уништи и така слабата инфраструктура.....
Не дека ова е само во Мк, тренд е секаде ама кај нас е хорор. Така да ако партнерот ви е од село, радувајте се. Ќе живеете заедно со вид кој е во изумирање и на децата и внуците во биографијата ќе им стои дека се потомци на ретки животинчиња ;)
 
C

CoolIris

Гостин
На поголем дел од луѓето во денешно време при спомнувањето на зборот село, прва асоцијација му е одлегдување стока, живина, ниви, копање итн. Или, имам другарки, ако се мажеле на село, под дифолт значело тоа дека треба да седат во кујна и да раѓаат деца.

Чекај малку. Дали тоа значи, дека мажите во град, не го сакаат истото?
За жал и во градовите кај нас, во Македонија добар процент од мажите го бараат тоа. Жена што ќе му готви, пере, пегла и ќе гледа деца. И тоа не се вика селски менталитет, туку балкански. И како и на секоја тема и тука ќе пишам, секоја чест на исклучоци!

Значи, многу е важно со каков човек си имаш работа, неговите погледи, сфаќања и размислувања, а секако и твојата способност за привикнување.
Јас лично, не би имала проблем да живеам на село, се додека човекот со кој живеам има разбирање за мојата професија и мојот начин на живот.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
За жал и во градовите кај нас, во Македонија добар процент од мажите го бараат тоа. Жена што ќе му готви, пере, пегла и ќе гледа деца.
Па не е лошо и дрва да цепи, ама ако не може простено! Инаку има лек на сите овие страшни барања, храна ќе си порачува од кетеринг со достава, за перење на хемиско, а за деца најдобро е вдовец накај 50+ да се земе, него децата веќе му се големи, може и генерација со невестата па и друштво на готово ;)
 
Ја утна поентата друже ;)
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.811
Зависи од село до село. Ако не сте биле во село тогаш не знаете што зборувате.

Инфраструктурно е најважно како е врзано, на пример ако си од село Башино село во општина Велес тогаш немаш мака, ама ако си од село Слп во општина Велес ти се ебала мајката.

Живот на село не значи одгледување стока и работење нива, ама пак зависи од кое село си, пошто ако си од второво за леб ќе умреш зимно време ако немаш стока да да ја раниш па да збираш јајца, млеко, месо. Пат нема до селото, водовод нема, канализација нема, струја добро е има, телевизија ни со БУМ тв не фаќаше на времето, за интернет муабет да не правам, а зимно време со ништо не стасуеш до кај нив, со црвен крст со магариња 2014та зимото им носеа лекови.

Нормално селото си умира, истото е и со повеќе велешките села Џидимирци, Рудник.

Е сеа пошто темава вика ако партнерот е од село, ако е од едно од овие села или зимај ја после 2 испаѓања или не го мачи девојчето.
Ако е од другиве села, исто како во град да живее, плус има опции стока да си гледа, попаметно ти е ти да идеш домазет кај неа.

Асфалтен пат, природа, имаш водовод, имаш канализација, имаш струја, имаш интернет имаш школо тука, доктор, имаш дуќани за секојдневна употреба, ако ти притреба нешто градот ти е на 5 минути ќе отидеш ќе си земеш. Плус село е, можеш да си чуваш коковчиња, ќе лапаш свежи природни јајца, ти ќе си ги раниш природно, 2 гуденца ќе им даваш исто природно нема да купуваш месо со ризично потекло. Па тука градинче, чувче, патлиџанче у дворот, ако има ракија дедо ти, коа седнеш у дворот под ладот од оравот абе милина.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
На поголем дел од луѓето во денешно време при спомнувањето на зборот село, прва асоцијација му е одлегдување стока, живина, ниви, копање итн. Или, имам другарки, ако се мажеле на село, под дифолт значело тоа дека треба да седат во кујна и да раѓаат деца.

Чекај малку. Дали тоа значи, дека мажите во град, не го сакаат истото?
За жал и во градовите кај нас, во Македонија добар процент од мажите го бараат тоа. Жена што ќе му готви, пере, пегла и ќе гледа деца. И тоа не се вика селски менталитет, туку балкански. И како и на секоја тема и тука ќе пишам, секоја чест на исклучоци!

Значи, многу е важно со каков човек си имаш работа, неговите погледи, сфаќања и размислувања, а секако и твојата способност за привикнување.
Јас лично, не би имала проблем да живеам на село, се додека човекот со кој живеам има разбирање за мојата професија и мојот начин на живот.
Некои работи ги претеруваш....зошто да не переш готвиш и чуваш деца ако во тоа време си на трудничко отсуство да речеме?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom