За воља на вистината и не можеме да им парираме на србите по однос на житни приноси, ниту по технологија на производство во моментов. Ептен сме назад, каскаме, се работи на мали парцели. Наука е сето тоа, клима, почва, семенски материјали. Се работи уште со практики од минатиот век. Овој сектор би рекол е исто во изумирање. Едноставно државата го запостави земјоделието. Нема инвестирање во руралните области. Тоа постоечките хидросистеми не се во состојба да ги одржуваат па камоли изградба на нови.
Субвенциите кај нас се чист популизам, поткуп. Најлесно и е на државата да подели субвенции и да грака по телевизии за тоа. Реално се потребни континуирани инвестирања во земјоделието, кај нас од осамостојувањето не е направено скоро па ништо. Нема стратегија, визија, план.
Џабе збориме, состојбите на терен говорат се. Празни ниви, празни села, сега и градови.