Партнерот ми е од село, што да правам?

Дискусија во форумот 'Љубов и секс' започната од leandra, 19 март 2009.

?

Каде живеете?

  1. Град

    293 гласови
    78,8%
  2. Село

    79 гласови
    21,2%
  1. unrecovery

    unrecovery

    Член од:
    18 јуни 2010
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
    Тој/таа е од село!!

    Ме интересираат ваши мислења:
    1. Дали ви смета да се дружите со луѓе од село?
    2. Дали имате стереотипи за нив?
    3. Дали ги дескриминирате?
    4. Дали ви смета т.е. дали би се ‘‘фатиле‘‘ со некој-а од село??
    Имам слушнато некои работи како: абе остави го него тој е од село?? Па шо има врска бе ако е од таму?!?!
    Па и тие самите сигурно не се глупи за да сватат дека ги игнорира некој и плус тоа само ке им ја намали самодовербата, затоа една случка: имаше еден дечко 17-18 години, живеше во село и се ‘‘заљубил‘‘ во некоја од град и кога му рекоа да и каже тој само рече: што ке и кажам бе, од село сум јас џабе....:(.....па затоа ме интересира мислење од сите па вие како сакате:salut:
    ако не е темава како што треба слободно:locked:....мое беше да ја отворам а администраторите нека одлучат:smir:
     
    На Дамјан_Amstaff му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MiloBilderce

    MiloBilderce Bukake anyone ?

    Член од:
    7 ноември 2009
    Мислења:
    1.240
    Допаѓања:
    68
    лоооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооол

    Не ми смета и да е од планина и да живее со пакт волци , само ако има културно и дружељубиво однесување .. Ако не е селото , немаше да постои градот ..
     
  3. Pl.

    Pl. Pl.

    Член од:
    16 јули 2009
    Мислења:
    567
    Допаѓања:
    64
    од каде сака нека е,штом го сакам , секако ќе го сакам
     
  4. BOJ@N

    BOJ@N Штрумф Текнувало

    Член од:
    30 ноември 2008
    Мислења:
    884
    Допаѓања:
    486
    Мене лично не ми смета.
    Мислам дека кај нас има многу луѓе со предрасуди по ова прашање, но според мене не е важно човек од каде е, туку е важно каков човек е. :smir:
    :salut:
     
  5. Anne.

    Anne. ~ Happiness In Slavery.

    Член од:
    4 декември 2009
    Мислења:
    4.584
    Допаѓања:
    10.204
    Познавам луѓе што живеат у центар, а поголеми сељаци од нив немам видено....Не е битно од кај си, него каков човек си и како се однесуваш кон другите! Село/град уопште не ми смета, од кај сакаш биди само ги почитувај луѓето.:salut:
     
    На Iskra му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ~~РубинРед~~

    ~~РубинРед~~ Гостин

    Мене не ми смета,баш напротив,сметам дека децата од село се по воспитани од градските кремци и многу бројни шмизли кои се лигаваат и мислат дека светот се врти околу нив.Имаат поголема култура.Во мојот клас кај што учев имаше деца од село и деца од град...нормално со селските деца ми беше илјада пати подобро отколку со оние кои бираа со кој ке се дружат.
    Па и да имам дечко од село кој полов орган е битно тоа?ако го сакам ке го сакам онаков каков што е а не да гледам од каде доага.
     
  7. MiloBilderce

    MiloBilderce Bukake anyone ?

    Член од:
    7 ноември 2009
    Мислења:
    1.240
    Допаѓања:
    68

    Колку е само вистина оваа реченица .. оние од село имаат поголема душа , по дружељубиви , попријателски настроени се од овие фраерчињава градски ..
     
  8. makman

    makman

    Член од:
    18 мај 2010
    Мислења:
    149
    Допаѓања:
    50
    Јас сум сељак и топ ми е. :salut: инако до сега сите девојки шо сум ги имал биле од град и ниедна не се пожалила :toe:
     
    На UniqueGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Дамјан_Amstaff

    Дамјан_Amstaff Love Kickbox

    Член од:
    25 ноември 2009
    Мислења:
    1.255
    Допаѓања:
    281
    Дојди бали ќе товараме ке се набилдаш малце .
    А што е со тоа дека селаните ги презираат градскине луѓе ? Еве една реченица што ја слушнав пред малце "Абе бркајте ги девојчињана додека учат тука , кога ќе отидат во град по оние залижанине педерчиња , ви ојде возот." Да ги гледам тие од Скопје како слабаци , млитави...не ја знам причината.

    -Уф не знаете кога некој од Скопје ќе дојде кај нас , верувајте бетер е од тоа кога селанец ќе отиде во град и ќе були во големине згради како муле...
     
  10. Iskra

    Iskra

    Член од:
    23 август 2008
    Мислења:
    1.754
    Допаѓања:
    263
    У денешно време јас не разликувам село од град , а особено не селата од околината на Скопје. Имам многу другарки од тие села и супер се девојчињава,современи, воспитани најномално само што ете по игра на судбината живеат во село (ако може да се нарече село: Белимбегово, Кучевиште, Петровец...)
    Според мене село у права смисла на зборот се оние селана по планините, каде што има недопрена природа, а не селата кој се во близина на некој град кои мање више се споени со градот и уопште немоеш да приметиш дека си го напуштил градот и дека си отишол у село.
     
  11. ~~РубинРед~~

    ~~РубинРед~~ Гостин

    Па како нема да ги презираат кога и градските луге ги исмеваат селските?значи се еднакви.Да не очекуваш селските да си траат и да трпат понижување?
    Ете ке ви кажам една сллучка која се случи неодамна.
    Ко што кажав погоре имав другарчиња од село и се возат во комбе.Во мегувреме возачот на комбето качи и некои градски деца.Во комбето беше хаос.Моја другарка беше предмет на исмејување од градските деца...ја нарекуваа селанка и нејзе а и другите и со други погрдни зборови ги врегаа нив а и нивното село а токму тие шмизли одеа секоја вечер на излегување таму по селата.
    Продолжија да се расправаат и во училишниот двор...Градската типка продолжи да и мава ремет заедно со останатите од нејзиното друштво и се смееја ко нездрави мислејки дека се многу јаки но испаднаа многу глупи.Не дека сите градски деца се дигноглави но сепак во прашање е и домашното воспитување.Немам ништо против градските луге и јас сум од град но помал но сепак останувам на мојот став дека селските деца се дека дека подобри од градските.
     
  12. Ivica^

    Ivica^ Confident Liar

    Член од:
    14 август 2007
    Мислења:
    7.859
    Допаѓања:
    7.181
    A која е разликата помеѓу тие луѓе кои живеат во приградски населби и тие села каде што има недопрена природа, според тебе тоа би значело дека тие луѓе што живеат во селата низ планини се сељаци и не чуле за мобилен телефон и по дифолт тоа значи дека се прости луѓе?

    Банална работа, не мора да значи дека тие што живеат во село се прости, неуки и за најголем успех го сметаат ако научиле да свират на кавал додека паселе овци. Не е битно каде живееш, битно е како си воспитан, како се однесуваш кон другите и каков пристап имаш кон животот. Многу градски луѓе знаат да бидат сељаци и обратно.
     
    На Anne Rice и la-loca им се допаѓа ова.
  13. PokerFace

    PokerFace I'll never be the same..

    Член од:
    30 март 2009
    Мислења:
    1.212
    Допаѓања:
    619

    Оф топик: Искра не го кажа тоа .. а верувам не ни го мислеше! Не знам од каде ти свати дека она мисли дека тие од планинските села се неуки,прости и дека не виделе ни телефон ни ништо. Само си кажа што за неа претставува село, а со тоа што кажа дека приградските села се разликуваат од планинските сакаше да каже дека и таму има шмизлетини,кремци и слично. Барем јас така сватив. Премногу остро напаѓаш без причина ;)

    Он топик: Никогаш не ми претставувало пречка тоа од каде доаѓа некој за да се дружам со него. Како што веќе кажаа има доста што живеат во градовите а се сељаци у душа, за разлика од селаните кои живеат подалеку од градот :)
     
  14. CurvaSudMilano

    CurvaSudMilano

    Член од:
    27 јуни 2008
    Мислења:
    8.821
    Допаѓања:
    5.250
    Јас сум од село па до сеа не се пожалиле. :)
     
  15. BooBojan

    BooBojan JOKER

    Член од:
    23 март 2010
    Мислења:
    2.237
    Допаѓања:
    985
    И јас сум од село и што да кажам.Има некои глупи девојчиња кои заради своја гордост никогаш нема да одат со машко од село без разлика на тоа дали е паметен,културен не ни сакаат да помислат да бидат со некој од село поправо ке бидат со некое глупо,разгалено,лигаво градско дете(не се сите такви немојте погрешно да ме сватите) отколку со некој од село ОВА СЕ ОД ЛИЧНО ИСКУСТВО.Ми се има случено неколку пати ама што да ви кажам бе ич к*р не ме боли за такви.А и јас самиот повеке сакам да најдам некоја од село(ама паметна и симпатична) сакам да знае се за селските работи и добро јадење да ми направи.
    Затоа никогаш не се срамете да бидете со некој од село ако ви се допага на вас и ич да не ви е гајле за тоа што ке кажат другите.

    --- надополнето ---

    Respect for these.

    --- надополнето ---

    Исто како што викат старите "опасно е кога човек ке соблечи опинци а ке облечи кондури".
     

Сподели преку: