Парно на дрва (Потрошувачка)

Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
131
Купив од JUMBO некое средство за чистење на стакло на камин (ваљда е некој боен отров :)), прскаш и после 2 мин со крпа се чисти одлично црнилото. Има јак мирис кога ќе напрскаш, и да не се прска метал ради корозија. Производ на нашиот јужен сосед.:bravobe:Топло го препорачувам
 
Член од
30 декември 2010
Мислења
6
Поени од реакции
3
Јас имам парно на дрва, со котел (30kw) сместен во посебна просторија во приземјето и греам околу 140 м‘2. Имам 8 радијатори, регистер во WC и 120л бојлер и овие 3 години како што го имам трошам околу 12-14 м‘3 дрва.
Сега за сега сум задоволен, имам некои размислувања за да се преправи за на пелети но тоа би било после некоја година.
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
236
И јас имам парно на дрва котелот е Прити 20+6кв ( http://www.rimeko.com.mk/mk/?id=7&prov_id=727 )грееме 140м2 на два спрата две дневни две купатила две спални котелот е со фурна која се користи цела сезона за се и сешто. Поврзан е и болјер кој се користи за двете купатила и има вода во секое време така да потрошувачката на струја ни е редуцирана. Потрошувачката е 20м3 дрва презадоволни сме :D
 
Последно уредено:

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Јас имам парно на дрва, со котел (30kw) сместен во посебна просторија во приземјето и греам околу 140 м‘2. Имам 8 радијатори, регистер во WC и 120л бојлер и овие 3 години како што го имам трошам околу 12-14 м‘3 дрва.
Сега за сега сум задоволен, имам некои размислувања за да се преправи за на пелети но тоа би било после некоја година.
Јас од оваа година сум на пелети, да не дожам со еден збор не се мисли :) (Секако ти си ја знаеш математиката кај тебе)
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.500
Еве шема на поврзување на буфер во систем за парно на дрва


http://akumulacni-nadrz.cz/tepla-uzitkova-voda.php
Semata na slikata e mnogu uprostena varijanta kako da se povrze bafer so kotel i grejni tela.
Pravata primena na baferot e so primena na Bafer+Meshacki ventil koj prema grejnite tela(radijatori ili podno toplovodno) ke propusta voda so konstantna temperatura od primer 60C(ova se regullira na ventilot) so mesanje na vodata od kotelot zagrena na primer +90C i povratot od radijatorite od primer +50C. Kotelot e direktno i kratko vrzan so izmenuvacot vo baferot i primarno se zagreva vodata vo baferot. Volumenot na baferot od diskusii po forumi treba da bide okolu 50L po KW snaga na kotelot, znaci za 20KW kotel treba 1000L bafer za maximalno iskoristuvanje. Za kukji bafer moze da se zeme i plasticen koj ima pomala cena no golem gabarit, za stan samo klasicni metalni baferi so izolacija doagjaat predvid zaradi pomal gabarit.
Ima mnogu varijanti na povrzuvanje, na videovo dosta dobro e objaneto kako toa funkcionira, i kako moze i so kotel na drva-peleti-struja i nautro da se ima topli radijatori bez da treba da se nalozi i zapali kotelot. Po forumite moze da procitate i deka so 2 lozenja dnevno od po 2 saati great 2 sprata kkukja so toplata voda od baferot.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2009
Мислења
155
Поени од реакции
243
Volumenot na baferot od diskusii po forumi treba da bide okolu 50L po KW snaga na kotelot, znaci za 20KW kotel treba 1000L bafer za maximalno iskoristuvanje.

Volumenot na baferot od diskusii po forumi treba da bide okolu 10L po golemina na lozisteto (vo litri) na kotelot, znaci kolku litri e lozisteto * 10L (14L za piroliticki) i se dobiva vrednosta kolku treba da bide golem baferot, znachi treba najmalku edno celo loziste na kotelot da moze da absorbira paferot.

Јас имам парно на дрва, со котел (30kw) сместен во посебна просторија во приземјето и греам околу 140 м‘2. Имам 8 радијатори, регистер во WC и 120л бојлер и овие 3 години како што го имам трошам околу 12-14 м‘3 дрва.
Сега за сега сум задоволен, имам некои размислувања за да се преправи за на пелети но тоа би било после некоја година.
Каков котел имаш и каква е изолацијата на објектот?
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.500
Volumenot na baferot od diskusii po forumi treba da bide okolu 50L po KW snaga na kotelot, znaci za 20KW kotel treba 1000L bafer za maximalno iskoristuvanje.

Volumenot na baferot od diskusii po forumi treba da bide okolu 10L po golemina na lozisteto (vo litri) na kotelot, znaci kolku litri e lozisteto * 10L (14L za piroliticki) i se dobiva vrednosta kolku treba da bide golem baferot, znachi treba najmalku edno celo loziste na kotelot da moze da absorbira paferot.



Каков котел имаш и каква е изолацијата на објектот?
Ako e taka use bolje, pomal bafer bi mi trebal. Ja se gream na klimi no imam i radijatori za tmperaturi pod -15za koi seuste nemam zemeno kotel no sekako ke bide na struja, se raboti za stan bez ogjak.
Logikata e baferot da go gream navecer na eftina do 90C a da go trosam preku den. Tajmerot bi ukljucil pumpa primer vo 6 i povratot bi go mesal mesackiot ventil so vodata od 90, na izlez bi bila od 60 do 70C sto pak zavisi od T nadvor.(na potoplo 60 na poladno 70)
Kotelot pretpostavuvam bi imal nekoj mal vgraden rezervoar za voda od 10Litri, no dali tuka treba da se dodade plus i vodata od radijatorite i cevkite do niv t.e vkupnata kolicina na voda to cirkluliira?
Najdov eden mixing water kalkulator vo zavisnost od protokot ovde
Kako da ja odredam goleminata na Bafferot vo zavisnost od protokot? Presmetka preku izolacija i gubitoci na toplina potesko da ja odredam i porealno mi e preku protokot, primer na saat 3-4 pati da ja izvrti celata voda vo sistemot dali e logicno razmisluvanje ?
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2010
Мислења
212
Поени од реакции
73
Interesna rabota no kolku bi cinelo seto toa.A i koga ke se izladi baferot tolkava kolicina voda da se zagree ke potrosi mnogu energija.Pridobivkata e konstantna temperatura verovatno.Konstantna temperatura se dobiva i so termostatski radiatorski ventili.Sepak mislam deka nema da ima nekoja znacajna zasteda .
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Буферот е пред се наменет за ложење со дрва
Со буферот може да постигнеме поголем процент на искористување на горивото. Ако имаме буфер, не мора да го гушиме огнот поради регулација. Туку согорувањето го вршиме во најповолни услови по советите на @мкд владе
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.500
Interesna rabota no kolku bi cinelo seto toa.A i koga ke se izladi baferot tolkava kolicina voda da se zagree ke potrosi mnogu energija.Pridobivkata e konstantna temperatura verovatno.Konstantna temperatura se dobiva i so termostatski radiatorski ventili.Sepak mislam deka nema da ima nekoja znacajna zasteda .
Bi cinelo 500L bafer 500evra(bugarski), plus mesacki ventil 50evra. Sea dopolnitelno mesackiot ventil moze da se nadogradi so motor i senzor koj posle so elektronika se komanduva, no toa e poskapiot del koj nemora odma da se ima. Dobivkata e sto ne lozis cel den kontinuirano tuku samo koga vodata vo baferot ke padne ispod odredena T, primer po forumive srbve zborat u ladni denovi ti se sobira 5-7dena vo mesecot da ne grees, ili 10-12dena u potoplite denovi. No logikata e sto pogolem bafer toa podobro, pomalku palenja i dogrevanje na baferot imas ako e toj pogolem. 1m3 ili 1000litri voda akumuliraat 70Kw toplina na 60C.
So termostatskite ventili e isto ama nema topla sabajle za da zagree na dugme nego mora da se pali ako kotelot e na tvrdo gorivo, za na struja ic netreba muabet, baferot e edini nacin e da se iskoristi nokjnata eftina tarifa.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Како дрвата бе ова година ? Се погодија, нема саѓи и зацрнето стакло?
@Kurto , @Струмикс ич не се пофаливте.
Супер годинава... дрвата средени кон крајот на мај, имаа време да се исушат убаво...
засега одлично функционира се.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
212
Поени од реакции
73
Za na struja vo pravo si e najisplatlivo da se zagreva baferot vo evtina tarifa. Za na drva eve kaj mene na primer so izoliran objekt do sega ako se nalozese vo 21 casot naredniot den do 8 sabajle koga i se pali kotelot temperaturata vo sobite e 19-20 stepeni.Do sega ne posluzi vremeto a ako e poladno verovatno za da se postigne istiot rezultat ke treba da se lozi posledniot pat vo 24h.Kaj mene imam kombinirano radiatorsko i podno greenje pa i se iskoristuva do maksimum cela toplina od vodata.
 
Член од
30 декември 2010
Мислења
6
Поени од реакции
3
Каков котел имаш и каква е изолацијата на објектот?
Kotelot e centrometal - hrvatski celicen (30kw) a izolacija nesto posebno nemam, klasicna fasada bez izolacija, pvc stolarija, i 10cm tervol na tavanot. Ne sekogas gream po cel den, ima denovi vo 16h da zapalam ogin zavisno od toa kako sme na rabota, a i zimive ne se bas ladni pa mislam i na toa se dolzi takvata potrosuvacka sto ja imam.
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
222
Поени од реакции
67
Ај ќе правиме муабет вгодина ова време. Ете го установивте проблемот, дрва купивте претпоставувам. До следна грејна сезона ке бидат суви барут и стаклото би требало да биди стакло чисто( теоретски барем).
Јас кажав и претходно дека нема магична крпа или средство со кое стаклото не би се црнело, само што на некој не му се допадна одговорот. Стаклото нема да се валка само и само ако:
-каминот правилно се употребува
-самиот камин има опција за воздушно чистење на стаклото
-оџакот влечи како што треба тоест овозможува добар проток на воздух а со тоа и подобро и целосно согорување на дрвата без гушење.
-дрвата се доволно суви но ако се исполнети условите погоре тоа и не би требало да претставува толкав голем проблем посебно ако горилникот е доволно загреан.
Единствена пречка може да претставува самиот котел кој не дозволува горилникот да развие оптимална температура при која дрвата ке изгорат најефикасно но тоа е тоа.
Еден од овие улови да не е исполнет ке имате покрај се друго налепено со гареж и зацрнето стакло.
Од мое искуство најчест проблем е неправилно димензиониран оџак кој не обезбедува доволно провев, следно е неправилна употреба на каминот и поретко ( ако се работи за понови модели) е каминот да нема опција за воздушно перде со кое во голема мера се решава проблемот со зацрнетото стакло.
Сепак и покрај се колку толку да се намали нафаќањето на гареж било на стаклото било на котелот или на оџакот е каминот да се работи при високи температури на горилникот за да има поцелосно и поефикасно соговрување на дрвата, без притоа да имате потреба да го гушите за да ја намалите температурата на собата или водата. Тоа се постигнува со купување на камин со снага која најповеќе ви одговара спрема кубните метри кои планирате да ги загревате така да каминот би работел оптимално без притоа да го прегревате или гушите.
Поопштирно за се што ве интересира имаше веќе објаснето во оваа тема поточно некаде од 4 страна па понатаму само што треба некој да побара. Има таму и за правилно горење на каминот, типови на камини, пресметка на потребна снага на камин, пресметка на оџак како и теоретски објаснувања и практични искуства во врска со камините и многу други работи.
Со години (20 и кусур) се греам на струја .Прво на термо 6 после скоро 7 год. на клима инвертер и бев задоволен се додека за празнициве од сецкање на струјата ми се расипа кклимата.Дрва имав 3-4 кубици стари повеќенод дваест год. Бидејќи немав греење на сред новогодишни празници на брзина купив камин од Пламен Тренк. Јас преферирав да купам нешто слично на твојот од челик и шамот ама така е ко ќе слушаш жена и постари :) .Каминот не е лош , мал и доволен за 35 кв., и се е во ред се додека се затопли времево па почна доста да враќа чад. Денеска најповеќе враќаше има доста голем ветер и дожд , а денеска е ниска околу 3 степени и се разочарав ;) .Оџакот е нов првпат го употрбувам, дрвата се суви како книга , џамчето исцрнато, немам редуцир должина на чункот е 1.5 м, па што. Е проблемот ?Се мислам на пролет да ставам на врвот од оџакот турбина, дали е паметна идеја бидејќи имам над 7 м оџак од влезот на чункот па по некоја логика барем кога ќе дува ветер ќе прави цуг на оџакот. Дали има некој искуство со турбина ? Регулација на воздух каминот има некое кружно отворче на долната страна од вратницата, а внатре има 3 гусени завеси две одстрана и едно од згора што како идеја не е лоша. Чаре ...?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom