Ај ќе правиме муабет вгодина ова време. Ете го установивте проблемот, дрва купивте претпоставувам. До следна грејна сезона ке бидат суви барут и стаклото би требало да биди стакло чисто( теоретски барем).
Јас кажав и претходно дека нема магична крпа или средство со кое стаклото не би се црнело, само што на некој не му се допадна одговорот. Стаклото нема да се валка само и само ако:
-каминот правилно се употребува
-самиот камин има опција за воздушно чистење на стаклото
-оџакот влечи како што треба тоест овозможува добар проток на воздух а со тоа и подобро и целосно согорување на дрвата без гушење.
-дрвата се доволно суви но ако се исполнети условите погоре тоа и не би требало да претставува толкав голем проблем посебно ако горилникот е доволно загреан.
Единствена пречка може да претставува самиот котел кој не дозволува горилникот да развие оптимална температура при која дрвата ке изгорат најефикасно но тоа е тоа.
Еден од овие улови да не е исполнет ке имате покрај се друго налепено со гареж и зацрнето стакло.
Од мое искуство најчест проблем е неправилно димензиониран оџак кој не обезбедува доволно провев, следно е неправилна употреба на каминот и поретко ( ако се работи за понови модели) е каминот да нема опција за воздушно перде со кое во голема мера се решава проблемот со зацрнетото стакло.
Сепак и покрај се колку толку да се намали нафаќањето на гареж било на стаклото било на котелот или на оџакот е каминот да се работи при високи температури на горилникот за да има поцелосно и поефикасно соговрување на дрвата, без притоа да имате потреба да го гушите за да ја намалите температурата на собата или водата. Тоа се постигнува со купување на камин со снага која најповеќе ви одговара спрема кубните метри кои планирате да ги загревате така да каминот би работел оптимално без притоа да го прегревате или гушите.
Поопштирно за се што ве интересира имаше веќе објаснето во оваа
тема поточно некаде од 4 страна па понатаму само што треба некој да побара. Има таму и за правилно горење на каминот, типови на камини, пресметка на потребна снага на камин, пресметка на оџак како и теоретски објаснувања и практични искуства во врска со камините и многу други работи.