Годинава меѓу 16 и 17 кубика дрва.
Котел на дрва од 40 киловата, два спрата вкупно околу 200 и нешто ситно квадрата.
Алуминиумска столарија, изолација стиропор.
Спомнував на една слична тема, кога ми местеа парното рекоа мајсторите дека потрошувачката би се движела од 16-20 кубика, зависи од зимата и колку сакам да е топло.
Дрвата за оваа сезона беа купени некаде во мај, 80% даб, 20% бука и имаше време убаво да се исушат.
Лани потрошив околу 18 кубика, со тоа што куќата прв пат се грееше, а и дрвата беа купени во август. Тоа резултираше со чистење на котелот и оџакот двапати во сезоната. Барем кај мене, потребно е дрвата да се суви.
Во Струмица кубик дрва се купува во просек за 2100 денари + 100 денари за сечење и уште 100 за цепење (ако те мрзи).
Цената по сезона за загревање на горенаведениот простор ми е околу 46000 ден. ако купувам 20 кубика, а одам на тоа на почетокот на сезоната да имам 20 кубика, за секој случај.
Тука е актуелно и греење на гас.
За тоа што јас го загревам, по пресметките да преминам на гас би ме чинело 700 евра за приклучок, 300-400 евра прилагодување на котелот, и плус околу 20000 денари месечна сметка.
Засега, останувам на дрва.