Парно на дрва (Потрошувачка)

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.070
Поени од реакции
23.519
Извини, страна 12, RK1 rez
Небитно кој модел е, секако на сликите слабо се гледаат детали. Види дали е изводливо тоа што ти го напишав. И за доток на надворешен воздух и за воздушното перде и за начинот на експлоатирање. Само внимавај да не направиш некоја беља па наместо зачадено стакло да немаш никакво стакло:)
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
131
Да не збориме на памет,еве слики. Точно те разбирам што ми збориш.Како што кажав има една регулација-довод на воздух под стаклото, и втора - на излез на издувните гасови кај што се поврзува со оџакот има клапна, ако е скроз отворена влече ко лудо. Стаклото е точно така врзано како што опиша, може да земам плетенка нова и да пробам (страв ми е да не почне да чури внатре). Материјалов на каминов мислам дека е гус, тежок е у ПМ, над 200 кг мислам дека беше.
Прва работа што ќе ја направам е ќе избушам отвор за надвор кај што се украсните дрва доле (види слика),за да стига свеж воздух.Ќе бидете благовремено известени (ако ве интересира воопшто).Фала на времето мкд владе DSC00551.jpg Kamin_HDR1.jpg [DOUBLEPOST=1404163025][/DOUBLEPOST]@мкд владе пиши за вентилаторче ако знаеш, а ако му треба на некој термореле можам да му продадам - купив 2,а едното ќе си го вградам кај мене
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.070
Поени од реакции
23.519
Ако нема друг влез за воздух освен тој на вратничката тогаш не се мачи ич да правиш дупка внатре во ѕиданото пошто секако нема од каде да влези, тоест прво ке влези во собата па после во каминот. А такви дупки веќе имаш и се викаат прозорци.
Ако клапната е отворена а дотокот на воздух затворен а каминот сепак гори со полна снага и нема видливо намалување на пламенот тогаш најверојатно не ти дихтова како што треба, а пошто е гусен неможиш многу што да направиш околу тоа. Едноставно ке немаш потполна контрола на согорувањето а со тоа и потрошувачката на дрва ке ти се зголеми а и ефикасноста на самиот камин нема да биди на завидно ниво. Но тоа е тоа, тука неможеш многу многу што да направиш. Секако клапната како што напоменав не е решение за регулација на горењето туку служи за друго.
Значи ако каминот е разгорен со полн пламен, клапната е отворена а примарниот воздух го затвориш целосно би требало за некој момент откако ке го потроши кислородот што е моментално вантре да има видливо гушење на огнот.
И не се секирај за чадењето од кај стаклото пошто ако оџакот влечи како што треба нема шанси од таму ни димче од цигара да излези. Ке провериш со тоа што ке запалиш цигара и ке ја доближиш до стаклото каде е направен процепот и ке забележиш како чадот влегува внатре а не излегува надовр.
Секако ако ти е клапната отворена, ако е затворена ако прочади тој процеп на стаклото ке ти биди најмалиот проблем.
Само внимавај на стаклото да не го скршиш и никако што и да правиш немој стаклото да ти се допира со металот. Помеѓу него и металот мора да има стаклена плетенка а не директно да лежи на метал. Мислам ке забележиш и самиот како е прицврстено и дека ако е правен салам дека никаде стаклото не лежи на метал туку има нешто измеѓу. Значи и да ја правиш модификацијата на ова посебно внимавај.
Од сликите неможам да забележам но дали кога го ѕидавте каминот или кога го опшиваше мајсторот со гипс картон , дали забележа дали каминот се допира со конструкцијата или таа е одделена физички од него барем за некој мм, тоест дали каминот виси во просторот или е врзан со конструкцијата.
Ако е врзан со тек на време доста веројатно е да ти напука на спојовите. После дали ти остави горе и долу простор за циркулација на топлиот воздух и дали ти остави можност да ја чистиш боријата некако пошто порано или покасно на неа ке се налепи гареж, а незнам дали има пристап од горилникот за чистење на боријата и спојот на боријата со оџакот пошто тука најчесто ќе се затнува со саѓи и гареж.
И ако не е тајна колку те кошташе ѕидањето. Дали со негов материјал или само за работна рака .[DOUBLEPOST=1404164037][/DOUBLEPOST]За каде вентилаторче. За да циркулира воздухот од опшиеното во собата ? Колкава е собата и дали предвидовте во самата конструкција таква можност. Ако е собата мала нема потреба , ке си циркулира воздухот сам. Веќе ако бараш вентилаторче тогаш барај некое тивко како кулерите за компјутер само да работи на 220 волти. Сега незнам како е изведено но две мислам дека ке бидат доволни за присилна циркулација. Нормално ке ги поставиш долу и да дуваат навнатре во конструкцијата, а не да влечат жежок воздух. Мада ако ти е за истата просторија каде е каминот немаш некоја поголема потреба освен ако ти е кеф. Можеш да ги направиш да се уклучваат рачно или на термостат ама сепак би ти препорачал рачно( мислам на прекинувач).
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
131
20131020_160600.jpg DSC00556.jpg Kamin HDR2.jpg
Не се допира конструкцијата со каминот. Каминот си е на вградени ногарки, и целиот дел позади каменјата е шуплив и е само маска за опремата. Гипсот е огноотпорен, и од внатрешна страна има 5 цм камена волна за да не се криви гипсот од топлина. Има отвор со вратичка за интервенција - не се гледа на сликите. Земав силикон до 1400 степени, за да ги премачкам споевите на кривините. Кажи од каде да најдам добар и тивок вентилатор, отпорен на висока температура 70-80 степени??
Идеата со бушење отвор беше од под каминот да оди воздухот директно во него, за да не шета ладниот надворешен воздух по цела соба.
Мислам дека ме фати околу 100 еур со негов камен и работна рака, а со мој лепак. Каменот за седење е гранитен, и тежок за обработка. Ако има некој потреба, го препорачувам дечкото, проверен и одличен мајстор[DOUBLEPOST=1404164993][/DOUBLEPOST]
Ако нема друг влез за воздух освен тој на вратничката тогаш не се мачи ич да правиш дупка внатре во ѕиданото пошто секако нема од каде да влези, тоест прво ке влези во собата па после во каминот. А такви дупки веќе имаш и се викаат прозорци.
Ако клапната е отворена а дотокот на воздух затворен а каминот сепак гори со полна снага и нема видливо намалување на пламенот тогаш најверојатно не ти дихтова како што треба, а пошто е гусен неможиш многу што да направиш околу тоа. Едноставно ке немаш потполна контрола на согорувањето а со тоа и потрошувачката на дрва ке ти се зголеми а и ефикасноста на самиот камин нема да биди на завидно ниво. Но тоа е тоа, тука неможеш многу многу што да направиш. Секако клапната како што напоменав не е решение за регулација на горењето туку служи за друго.
Значи ако каминот е разгорен со полн пламен, клапната е отворена а примарниот воздух го затвориш целосно би требало за некој момент откако ке го потроши кислородот што е моментално вантре да има видливо гушење на огнот.
И не се секирај за чадењето од кај стаклото пошто ако оџакот влечи како што треба нема шанси од таму ни димче од цигара да излези. Ке провериш со тоа што ке запалиш цигара и ке ја доближиш до стаклото каде е направен процепот и ке забележиш како чадот влегува внатре а не излегува надовр.
Секако ако ти е клапната отворена, ако е затворена ако прочади тој процеп на стаклото ке ти биди најмалиот проблем.
Само внимавај на стаклото да не го скршиш и никако што и да правиш немој стаклото да ти се допира со металот. Помеѓу него и металот мора да има стаклена плетенка а не директно да лежи на метал. Мислам ке забележиш и самиот како е прицврстено и дека ако е правен салам дека никаде стаклото не лежи на метал туку има нешто измеѓу. Значи и да ја правиш модификацијата на ова посебно внимавај.
Од сликите неможам да забележам но дали кога го ѕидавте каминот или кога го опшиваше мајсторот со гипс картон , дали забележа дали каминот се допира со конструкцијата или таа е одделена физички од него барем за некој мм, тоест дали каминот виси во просторот или е врзан со конструкцијата.
Ако е врзан со тек на време доста веројатно е да ти напука на спојовите. После дали ти остави горе и долу простор за циркулација на топлиот воздух и дали ти остави можност да ја чистиш боријата некако пошто порано или покасно на неа ке се налепи гареж, а незнам дали има пристап од горилникот за чистење на боријата и спојот на боријата со оџакот пошто тука најчесто ќе се затнува со саѓи и гареж.
И ако не е тајна колку те кошташе ѕидањето. Дали со негов материјал или само за работна рака .[DOUBLEPOST=1404164037][/DOUBLEPOST]За каде вентилаторче. За да циркулира воздухот од опшиеното во собата ? Колкава е собата и дали предвидовте во самата конструкција таква можност. Ако е собата мала нема потреба , ке си циркулира воздухот сам. Веќе ако бараш вентилаторче тогаш барај некое тивко како кулерите за компјутер само да работи на 220 волти. Сега незнам како е изведено но две мислам дека ке бидат доволни за присилна циркулација. Нормално ке ги поставиш долу и да дуваат навнатре во конструкцијата, а не да влечат жежок воздух. Мада ако ти е за истата просторија каде е каминот немаш некоја поголема потреба освен ако ти е кеф. Можеш да ги направиш да се уклучваат рачно или на термостат ама сепак би ти препорачал рачно( мислам на прекинувач).
За вентилаторчето,сега видов :rolleyes: Собата е 40м2, си има природна циркулација, влече од кај дрвата а турка горе од кај белиот ѕид. Пријател вгради вентилатор и драстично се зголеми температурата во собата. Планирам на местото на решетката да ставам вентилаторче, за сега едно, да влече топол воздух и да го внесува во собата. Видов во бриколаж убаво метално вентилаторче за повисока температура, околу 1500 беше,ама не бев сигурен за бучавоста, па мислев ако знаеш....
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.070
Поени од реакции
23.519
Зошто ти е вентилатор за високи тепмератури? Затоа ти нагласив дека вентилаторот се става најдолу каде влегува ладниот воздухот во конструкцијата , а не каде што ке излегува жешкиот.
Секаде е така, дури и на термо печката. Значи веќе ако ставаш вентилатор ке го ставиш долу и тој ке биди најобичен вентилатор за собна темпертаура и ке дува навнатре. Најпрактични се оние кои се исти као кулер за компјутер само што се на 220 волти. Тивки се скоро бешумни а и цената им беше околу 200-300 денари. Можеш и од термо печка да ставиш, тие се околу 600-700 мислам. Решетката не ја гибај таман си е таму каде што е. Можеби требаше ( пожелно беше) да има дупли таван конструкцијата за да го заштити таванот од големи температури ама сега каква е таква е.
И дали јас неубаво забележав или буњата( каменот) допира директно на каминот или каминот има маска која ја прикрива празнината. Исто трбеаше да ти остави порстор помеѓу горниот дел на каминот ( над вратничката) и ѕиданото од барем неколку сантими, ама ете не оставил.Баш добро се најдува ако некогаш кога ставаш дрва па ти врати чад , тој ке го зачадеше внарешниот дел од конструкцијата наместо сега надворешниот. Инаку се на се за 100 евра со негов материјал ( камен, гипскаротн и ц-д профили) и работна рака си поминал багатела.
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
131
Не допира буњата на каминот, туку е залепена на гипсот-може лош агол и така ти се гледа. Гипсот е во вертикално иста рамнина со вратичката на каминот, така да буњата е испакната колку што е дебела 1-2цм.
Мислам дека ме фати околу 100 еур со негов камен и работна рака, а со мој лепак = камен и работна рака 100 еур, гипсот и профилите за гипсот се друга математика :icon_mrgr: Пријател ми го правеше гипсот за 0 денари.
Над буњата ставив даска, од естетска причина, кога ќе ја сликам ќе ти пратам финален изглед
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.070
Поени од реакции
23.519
Изведбата ми влече на кај вевчанска школа посебно буњата ,даската и просторот за дрва;)
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
131
НЕЕЕ, идеата и техничкиот цртеж беше мој - гледав камини на интернет и си склопив по мој вкус, а реализација на мајсторите.
Немам баш ништо со Вевчани, а ни мајсторите
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.987
Поени од реакции
34.375
НЕЕЕ, идеата и техничкиот цртеж беше мој - гледав камини на интернет и си склопив по мој вкус, а реализација на мајсторите.
Немам баш ништо со Вевчани, а ни мајсторите
Баче, кажи каменов од каде го зема... баш вакво нешто барам, и баш исто за ѕидање камин ми треба. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom