Парно на дрва (Потрошувачка)

Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.282
Поени од реакции
15.420
Пошто се разбирам доста во оџаци,(ми беше дел од струката повеќе години), јас изградив доста добар оџак, кој мислам дека никогаш нема да има потреба да се чисти. Го проверив пролетоска и после 7-8 години користење, неша буквално ништо што да се чисти на него.

А за влечење.....влечи како луд. Имам еднаш испробано, го палев каминот со една канта од пликолор ситно сецкани дрва(најдебелите беа сецкани на околу 4 см) и за околу 10 минути од ставање на кибритот немаше во жариштето ништо повеќе од дрва. само жар.

Пуштете го моето видео на звучник со појак глас, па видете како дрма. Буквално стаклата пд каминот се тресат кога ќе ја отворам вратниката(само од тука влегува воздух во ложиш
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
525
Поени од реакции
511
Таа регулационата клапна се користи само кога дрвата ке догорат и ке остани само жар, не се користи за регулација на согорувањето. Сега незнам како стоиш со хаусмајсторски работи и дали ти делиле па да не направиш поголема беља, инаку има начин да му отвориш доток за секундарен воздух. Јас ке ти напишам што треба да направиш па сам одлучи дали ти фаќа главата . Ако ти фаќа арно ако не не гибај .
Помеѓу стаклото и вратничката на каминот треба да има стаклена плетенка преку целата површина каде се допира стаклото со металот. Барем би требало да има. Исто треба да има горе и долу некакви држачи кои го држат стаклото притиснато за стаклената плетенка и воедно за вратничката. Ти треба само на горниот дел од стаклото да отстраниш дел од стаклената плетенка , но не цела туку да оставиш на краевите по неколку сантими или повеќе, ете нека бидат по 5-7 сантими од страна. Другиот дел ќе го извадиш и така ке добиеш процеп помеѓу стаклото и вратничката од неколку мм по скоро целата должина на стаклото освен онаму каде си ја оставил стаклената плетенка. Првиот дел од операцијата завршен. Сега истото треба да го направиш и од задната страна на стаклото каде држачот го држи стаклото со вратничката. Обично и тој има некаква стаклена плетенка или некој друг вид на облога помеѓу него и стаклото, тоа зависи од изведба до изведба на камин. Исто тој држач најчесто е прицврстен со штрафови за самата врата. Истото што го направи напред со вратничката ке го направиш и со држачот, значи треба да добиеш некој процеп од неколку милиметри скоро по целата должина на стаклото освен по крајовите, но внимавај никаде стаклото да не ти се допира со металот било од вратата било со држачот, или случајно да го престегниш држачот па да го пукниш стаклото или при операцијата да ти се лизни и да ти падни пошто тоа не е обично стакло туку керамичко. Ако се направи како што треба ке добиеш процеп од неколку мм каде секундарниот воздух ке може да помини преку горната страна на стаклото и да создади ефект на воздушно перде. Негативна работа е што ке немаш регулација на дотокот на секундарен воздух, но со оглед дека се работи за процеп од неколку мм и не е некоја штета.
Во секој случај ако не си задоволен секогаш можеш пак да го вратиш во првобитна состојба, само ке треба да си купиш стаклена плетенка. Не се скапи и се продаваат на метро, ги има скоро секаде.
Сега пошто незнам како точно кај тебе е изведено ке треба можи малце да импровизираш, но генерално принципот е тој, да добиеш тенок процеп на воздух од предната и задната страна на стаклото на неговата горна страна.
Среќно и кажи што ке направиш.
Фала на опширниот одговор,баш таква е вратичката како што ја опиша, држи вода ова што го кажа, ама сепак ќе почекам да заврши грејна сезона да не зезнам работа па да немам греење.
А нема ли од делот каде што фали пелетенката да излегува чад во собата???
Имам видено на чешки камини (не ја запамтив фирмата, знам дека се наоѓа во аеродром позади гет кафе) имаат една метална лента на горната страна од ложиштето, насоката е нанадвор и надоле од каминот, целта е да го насочува ваљда воздухот, и стаклото многу малку се прља и воопшто не излегува чад и покрај отворена скроз вратичка. Се размислував за таа интервенција, само ќе ми треба некој што има искуство со заварување на гус
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.080
Поени од реакции
23.531
Фала на опширниот одговор,баш таква е вратичката како што ја опиша, држи вода ова што го кажа, ама сепак ќе почекам да заврши грејна сезона да не зезнам работа па да немам греење.
А нема ли од делот каде што фали пелетенката да излегува чад во собата???
Имам видено на чешки камини (не ја запамтив фирмата, знам дека се наоѓа во аеродром позади гет кафе) имаат една метална лента на горната страна од ложиштето, насоката е нанадвор и надоле од каминот, целта е да го насочува ваљда воздухот, и стаклото многу малку се прља и воопшто не излегува чад и покрај отворена скроз вратичка. Се размислував за таа интервенција, само ќе ми треба некој што има искуство со заварување на гус
Не нема да излегува чад ако оџакот ти е во ред. Нема да излегува чад и ако вратничката не ти е скроз затворена тоест ако зјае еден сантим. Напишав и претходно дека тоа дури е и препорачливо при палење на каминот.
Ако каминот фабрички имаше воздушно перде тогаш и самата конструкција на каминт ке беше таква и ке ја имаше таа лента, блокатор , насочувач или како да го наречам. Пошто твојот ја нема таа опција затоа и го нема тоа. Искрено не ти препорачувам да вариш гус, нити да бушиш нити нешто слично.
Ако ти брка работа вака арно ако не помири се со судбината дека ке го бришиш на секое. Евентуално види промозгај со горниот држач на стаклото , тој да го измениш , преправиш па тој да ја игра таа функција без да го бушиш или вариш гусот. Секако е со штраф фатен и не е гусен.
 
Член од
5 април 2019
Мислења
5
Поени од реакции
1
Размислувам да ставам парно на дрва, спратот ми е околу 140квадрати,шпоретот да ми биде во кујна која што ми е одделна од дневната за.да може да се користе и за готвење. Е сега како што рачунав повеке од 8 радијатори нема да ми се потребни, колку би ме коштало се вкупно отприлика?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.013
Поени од реакции
34.415
Kaде може да се најде поснабден избор на ќумци?
Ми треба фи120, емајлирани, црна боја, што подебел лим... Исто и регулациска клапна за регулирање на проток.

По големиве продавници (како Електроелемент, Сет, итн) слабо избор, или имаат парче/две, или нема боја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom