СДС/ДПНЕ - Нема што да се каже. Првите се велепредавници и измеќари од најлош вид. Вторите се неми соучесници кои гледаат само како да ги соберат трошките..
Македонски Концепт - На наркоманот Бунтур воопшто не е партија. Партијата првин им се вика Социјал Демократска Унија, партија која не функционира од барем 2016. Он им ги земал некако печатите и се кандидира со нив. Но зошто е само сателит на СДС, и не сакајќи да доведе до збунување со името он иде со кампања под името Македонски Концепт додека на ливчето ќе бидат како СДУ. На крато олицетворение на сите стереотипи за најлошото во Македонија. Бугарофил, продадена душа, странски измеќар, пијандура и наркоман. Нема дно кое што го нема пробиено.
Твоја партија - Уште еден сателит на СДС. Целната група им беше незадоволното "бањато гражданство" да го насочат кон оваа партија и со тоа да си ги потрошат гласовите. На почеток воопшто не ни тераа кампања зошто изгледаше дека СДС нема потреба од нив а и да не им одземаат гласови, али се активирани во последно време за да спречат дел од гласовите на СДС да се префрлат во Левица и Глас.
ГДУ - Партија на Бугарската држава во Македонија. Нема што повеќе да се каже.
Интегра - Попот тргна добро со напади на двете страни али во последно време си го покажа своето право лице ( најверојатно поради резултатите од анкетите и зошто одземал гласачи и од погрешни групи). Уште еден сателит на СДС. Целна група им се незадоволните гласачи од ВМРО. Политичките ставови му се празен националистички фолклор без никаква супстанца позади него. Од друга страна на личен план се што би рекол е дека гласот што го бие не само што не е добар, катастрофален е. Зборот со кој најчесто го опишуваат е битанга. Исто така мислам дека е важно да се спомне дека не учествувал во ниеден на процесите против Преспанскиот договор и дека бил советник и во владите на Груевски и на Заев.
Единствена Македонија - Тука е малку работата за недоумница. Политичките ставови им се сосема добри. При делувањето како партија никогаш не направиле ништо сомнително. Учествуваа и во процесите за бојкотирање на Преспанскиот договор. Но, на мене лично ми се сомнителни поради две работи. Првата е дека програмата и делувањето на партијата личи како на стереотип на тоа како про-Руска партија би требало да изгледа. Некако премногу се поклопуваат работите. Вториот проблем пак е дека човекот е од служба и тоа остава огромен сомнеж.
Демократи/Работничка Партија/Партија на Ромите нема ништо кај овие луѓе за што би можело да се збори.
Левица/Глас - Ќе ги ставам заедно зошто иако имаат разлика во политички програми, за најважната работа за мене тие ги имаат истите идеи. Двете партии не се сателити на СДС и ДПНЕ. И двете партии учестуваа во протестите против Преспанскиот договор. И двете партии се против двојазичноста и тиранската платформа. И и двете партии имаат луѓе чија цел е да ги поматат сметките на СДС и ДПНЕ.
Јас како би ги рангирал партиите за гласање:
- Партии за кој што вреди да се гласа: Левица/Глас - зависно од кои се вашите политички убедувања. Али и во двата случаја гласот иде на добро место.
- Партии за кој можеби вреди да се гласа: Единствена Македонија
- Партии за кој што не вреди да се гласа али во најлош случај глсајте: ДПНЕ.
- Партии за кој што не вреди да се гласа : Интегра, Твоја Партија
- Партии за кој што не смее да се гласа: СДС
- Партии за кој што ниеден нормален човек не би требало да гласа: Македонски Концепт/ГДУ
Али во секој случај негласањето или уште полошо поништување на гласачкото ливче е најлошата одлука која што може да ја направите. Избориве немаат цензус, цел живот слушам како сите се жалат дека никогаш немаат избор. Ете имате избор на партии кои конечно пробуваат да им се спротистават на СДС и ДПНЕ, не се совршени али се трудат. Прекинете цел живот со релативизација на како се е исто. Не е исто и мора да се почне од некаде.