Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Не знам колку гласови освои Заев на изборите во 2017та,ама знам дека од тие што го гласаа ниту еден не очекувал да решава децениски спорови и да не внесе во ЕУ и НАТО.Нека ви текне што се бараше од него,да ги затвори апашите и да донесе правда.
Па сега со апашите си тера бизниси.Не е будала да затвора такви бизнис-таленти како Мијалков,Мукоски и др,кога заедно можат да прават добар профит!
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Ако се види првата преамбула со оваа што постои денес, очигледно е дека јако сме биле тртени во шупак овие три децении. :D
Уште поочигледно е дека можеби и не сме заслужувале да имаме држава а дефинитвно дека не знаеме како да ја зачуваме.

Сега кога ќе ни го натопорат ДУИ со некое барање за врзани потписи за одлуки на институции и со носење на буџет по бадентер, нема да знаеме кај да се чешаме.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Не знам колку гласови освои Заев на изборите во 2017та,ама знам дека од тие што го гласаа ниту еден не очекувал да решава децениски спорови и да не внесе во ЕУ и НАТО.Нека ви текне што се бараше од него,да ги затвори апашите и да донесе правда.
Ако некој гласал за Заев во 2017ма и мислел дека нема да смени име или има даде на Бугарите, Грците и Албанците се што сакаат и повеќе бил приглуп. А најголем дел беа се попалија како зелени мајмуни на снимките. И сега си го кркаме. А со оглед на структурата и интелигенцијата на гласачите ќе си го кркаме уште долго време. Не мислам да навредувам ама тоа е вистината.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Не е можно да се промаши ова и да не се сфати како тенденциозно отфрлање на државотворниот карактер на македонскиот народ.
„И што ќе ти смени тоа, името ќе ти даде плата?“
„Идентиетот ли ќе те храни?“
„Историјата нема да ни донесе влез во ЕУ и економска ренесанса.“

Ова е само за да доловам дека таква приземна пропаганда каква што спомна некој погоре има и од другата страна на приказната. Но тоа не датира ни од сега, датира од пред 20 години. Тогаш , во последните години од минатиот и првите години од овој милениум, исто таква приземна и тивка пропаганда беше водена од директните фамилиарни предци но и буквално од истите ликови кои пред 2-3 години ги пишуваа овие реченици на почетокот од мојов пост.

Само што тогаш наместо меѓусоседски/меѓудржавен соживот се пропагираше внатрешно-државен, со истите шаблони. И тогаш исто на кажувањата дека за неколку години унапред ќе станеме двојазична држава, со тиранија од малцинството се гледаше со потсмев и со тоа дека таквите ставови се заостанати и за политички неписмени. Прогресивното Скопје го водеше колото во кое се потсмеваше со градовите од Западна Македонија дека „Албанците не се такви какви што они ги престтавуваат“.

Неполни 20 години подоцна реалноста е таква, обратна од тоа што прогресивната пропаганда го зборуваше.

Затоа се неиздржливи повторно тие ставови и пропагирања дека Грците и Бугарите нема да злоупотребат ништо од договорите, дека нема да бидат дополнително модифицирани во наша штета итн.

Веќе две децении во државава се наметнува став дека грижата за националниот идентитет те прави заостанат, небањат, вмровец (понеточно од тоа не може да биде), виновник за кризата во која е Македонија, бидејќи заради тебе кој не сака да го даде името државава тоне и нема просперитет.

Па тука следи онаа најголема небулоза, дека во развиените земји за кои се стремиме да ги стигнеме, никој не се грижи за националната моќ и чувство. Еве баш денеска е празникот на една од најспоменуваните држави од овие разумни пропагатори, Швајцарија. Но, реалноста е дека во Швајцарија секој денеска (освен Србите и Албанците наравно) си го слави празникот гордо, со национални обележја. Не е ништо поразлично и во толку идеализираните скандинавки земји, а за земјите во цетнрална европа и Италија и Франција, да не зборуваме за нивното ниво на патриотизам.

Е сеа да се вратиме тука, ако утре некој за Илинден тури македонско знаме у двор, ќе биде ословен како заостанат небањат вмровец. Затоа што тука овие години се наметна таков став, дека е грев да си ја почитуваш државата и нејзините симболи, дека со тоа ги навредуваш Албанците, Грците, Бугарите итн итн. Што секако е тотален нонсенс.

Но токму затоа и глатко се промени името. Затоа што делумно таа пропаганда успеа, просечниот Македонец веќе не го интересира ништо во поглед на име, идентитет, државотворност...Таа пропаганда не ни запира тука, туку и ќе продолжи понатаму за да го олесни патот за федерализација.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Веќе не е прашање дали ќе има федерализација туку кога.
Прво ќе им дадат некоја заедница на општини, да се формира правниот ентитет да се исцртаат границите па постепено за секое коалицирање ќе им ги зголемуваат овластувањата и правата се дур еден ден некој нов Заев (а можеби ќе биде и овој истиот како што тргнал) не им даде федерална единка. После тоа право на самоопределување и отиде државата во тутуњето што би рекол Апасиев.
И сериозно сум убеден дека ќе ја добијат без еден испукан куршум.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Веќе не е прашање дали ќе има федерализација туку кога.
Прво ќе им дадат некоја заедница на општини, да се формира правниот ентитет да се исцртаат границите па постепено за секое коалицирање ќе им ги зголемуваат овластувањата и правата се дур еден ден некој нов Заев (а можеби ќе биде и овој истиот како што тргнал) не им даде федерална единка. После тоа право на самоопределување и отиде државата во тутуњето што би рекол Апасиев.
И сериозно сум убеден дека ќе ја добијат без еден испукан куршум.
Остатокот ќе се припои или биде некој сателит на Бугарија а народот ќе се бугаризира.
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Ма каква федерализација. Имаме патриоти ќе ги запреме. Верба другари. Борбата е тешка но не и невозможна шо вика другарот Апа. Ќе апеме ако треба.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.492
Поени од реакции
4.732
Прво, немам мои, досадни сте со ова. Второ, тоа беше декларација на БАН, а овде имаше реакција од македонски лингвисти и историчари. Како е тоа продажба на било што? Секој може да изјави што сака. Србите едно време тврдеа преку САНУ Србија до Токија, и што со тоа? Треба на секоја глупост да и се придава значење?

Друга работа, Бугарија е членка на ЕУ, со право на вето. Ние сакаме во ЕУ, изгледа сите заборавате на тоа. Постои консензус кај сите македонски и албански партии, со исклучок на Левица, дека членството во ЕУ и НАТО ни е стратешка цел. Тоа го има и кај најптариотската партија на светот, ДПМНЕ.

Од сега ви кажувам дека Бугарија ќе ја користи позицијата на моќ исто како што тоа го направи Грција со НАТО. Не е прашање дали нешто ќе изгубиме во процесот, туку колку ќе изгубиме и што. Политиката не е ниту праведна, ниту некому му е суштински гајле за Македонија.
Секој може да изјави што сака точно, но заев може да ја витка кичмата на секој кој може да изјави што сака, тоа е најголемиот проблем.
Да, имаше реакции од МАНУ за чудо прв пат по националните прашања, иако на еден до два членови, но што вреди кога таа МАНУ е полна со квази академици кои ќутат за сите предавства, па и одобруваат по потреба.

Да, Бугарија е членка на еу, и секако нема да го испушти тој џокер да ни става вето, а со тоа да изнудува уште поголеми и поголеми отстапки, како и Грција што правеше за името. Ова кажува две работи:
Прво, пропаѓа тезата која упорно ни се наметнува дека соседите ни се пријатели, добри соседи, партнери и којзнае што, особено за Бугарија. Ако ни беа пријатели, немаше да не уценуваат со вето за еу, НАТО, со цел да има промена на име, ревизија на историјата и други отстапки и воопшто немаше да бараат отстапки и да не беа нато и еу нивни џокери. Тие меѓусебе војни водеа за Македонија, надворешната политика им се водеше исклучиво во однос на тоа кои големи сили ќе им дадат повеќе од територијата на Македонија, на Бугарија национален празник ѝ е 3 март - санстефанска бугарија која никогаш неостварена во реалноста, се простираше до Охридското езеро, а нас константно нѐ напаѓаат дека сме биле ирендетисти, шовинисти итн, та сега ќе ни продаваат тези за пријателство, соработка, добрососедство и други убаво спакувани фрази, но тоа е нивната подмолност и жално е што ги има многу кои веруваат во тоа "пријателство".

Второ, каде е таа возвишувана, славена еу, каде е нејзиното толку фалено право, правда, тие европски вредности кога на еден цел народ му се ускратува правото на самоопределување, на самоименување, на сопствен јазик, историја, традиција, култура, кога во 21 век се прави ова и притоа со овие прашања се уценува тој народ за влез во истата таа организација која била најдемократска, се застапувала за правда, принципи, вредности...
Поради ова треба барем да се преиспита таа наша стратешка цел и јавно да им се каже ова на тие големи "демократи", евроамбасадори, еврокомесари итн.

Плус, еу никогаш нема да ја прими Македонија, колку и да сакаме да преговараме џабе е, секогаш ќе има некој нов проблем, нова причина за да не нѐ примат. И не само Македонија, и држави како Босна, Албанија, Црна Гора, Србија, Турција...
Тоа со името беше исклучиво за зачленување во НАТО, заради нивните геостратешки интереси, но никогаш за во еу. Еу беше само ветувана за да помине полесно референдумот и процесот на промена на името.
И шарената револуција беше за таа цел, и бомбите, сите тие операции за туркање на грујо, за да дојде заев на власт со задача да го смени името, а со тоа Грција да попушти за влез во НАТО, а со тоа ним им остана уште Србија за средување и истото сценарио со шарени револуционери се почна и таму

Нема веќе "колку ќе изгубиме и што", сѐ е изгубено, остана уште северната територија, прашање на време е ми се чини и тоа за жал..
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.295
Поени од реакции
45.843
Имаше една грда германска амбасадорка што пред десетина години кажа дека иднината ќе налага Македонците да учат албански и тогаш жената беше на криво магаре качена .
Денес веќе малиот Максимилијан од Песталоци се спрема за тие часови со некој пилот проект на Општина Центар.

И тогаш и денес ништо тоа не мењаше во моментот кога тој што сакаше да релативизира го поставуваше тоа прашање. Тогаш Скопје не му веруваше на Тетово, денес Штип не му верува на Скопје..

Не мења , да, исто како што не и мења ништо на жабата акната во лонец да се вари додека она мисли дека е во џакузи.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Имаше една грда германска амбасадорка што пред десетина години кажа дека иднината ќе налага Македонците да учат албански и тогаш жената беше на криво магаре качена .
Денес веќе малиот Максимилијан од Песталоци се спрема за тие часови со некој пилот проект на Општина Центар.

И тогаш и денес ништо тоа не мењаше во моментот кога тој што сакаше да релативизира го поставуваше тоа прашање. Тогаш Скопје не му веруваше на Тетово, денес Штип не му верува на Скопје..

Не мења , да, исто како што не и мења ништо на жабата акната во лонец да се вари додека она мисли дека е во џакузи.
Се виде во декември кога го менуваа уставот. Еден таксист ме возеше и просераваше зошто протестираат тие 10 лица. Зошто се бунеле оние двајца без тројца. Плус и се виде сега на избори колку добија гласови партиите кои се за името.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Мајко мила.

Жалосна Сова на Командант Марк делува како оптимист покрај вас. :)
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.985
Мајко мила.

Жалосна Сова на Командант Марк делува како оптимист покрај вас. :)
Па и Чико на Загор Те Неј не делува комично како тебе кога релативизираш :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Припадниците на АНА и на Фондот за национално обединување на Албанците се во Кондово - изјави Гафур Адили, претседател на ФНОА и политички лидер на АНА.
Според него, БЈРМ и сите други вештачки држави како неа, се "темпирана бомба" на Балканот.
Во интервјуто тој наведува дека е оптимист и дека на одбележувањето на 100-годишнината од албанската држава, во ноември 2012 година, сите албански простори ќе бидат обединети во една држава - Албанија.

Изглеа Груевски им ги одложи 20 години плановите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom