Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Па освен Северна и споменувањето на Охридскиот договор, навистина не гледам некоја суштинска разлика во смисла на продавање на некоја историја, со што тргна овај муабет. Факт е дека првата преамбула звучи понационално, втората помалу национално, ама нели не беше тоа темата на дискусија, туку продажбата на историјата со акцент на прекин на континуитетот, кој и со најдобра волја не можам да го видам.

Изгледа никому ништо...

:toe:
Се имаат одкажано и од историјата и од народот овие од СДСМ.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Се имаат одкажано и од историјата и од народот овие од СДСМ.
Само ти со берзата фалеше на темава. Плус, одамна немаш кажано за кого ќе гласаш и зошто. Не дека некому му е гајле, ама не се стегај, слободно напиши.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Преспанскиот договор и уставот не се еден извор, ама ок.

Последен обид, споредба на преамбули.

На РМ:

Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година, како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, а со цел: - Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава; - да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта; - да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност; - да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и - да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот. Собранието на Република Македонија, донесува...

На Рсџљ:

Граѓаните на Република Северна Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Северна Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Северна Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Северна Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година и на Охридскиот рамковен договор, ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој...

Ако ти овде не гледаш ништо спорно, никому ништо. :D
Џабе се објаснуваш со штабски лебарки.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Само ти со берзата фалеше на темава. Плус, одамна немаш кажано за кого ќе гласаш и зошто. Не дека некому му е гајле, ама не се стегај, слободно напиши.
Не гласав на овие избори бев зафатен со правење пари од НАТО и ЕУ.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.243
Поени од реакции
4.446
Причините зошто се тргаат одлуките од АСНОМ биле во содржината на една реченица во која се повикува на обединување со Македонците од Грција и Бугарија, додека во Прогласот го нема тој дел.
Ги замислувам Маричиќ, Димитров и Заев како со ништо прозвани како ученичиња дигаат раце пред овие од Грција и Бугарија :pos: а вака да пишеме у устав шо мислите?
А љупче николовски се јавуе од Мала Речица, Али и Бујар рекоа и рамковен да стои у устав:pos:
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Ги замислувам Маричиќ, Димитров и Заев како со ништо прозвани како ученичиња дигаат раце пред овие од Грција и Бугарија :pos: а вака да пишеме у устав шо мислите?
А љупче николовски се јавуе од Мала Речица, Али и Бујар рекоа и рамковен да стои у устав:pos:
На нив гаќите им се тресат и од Косово и од Црна Гора а тек од Али и БГ и ГР.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
Одиш на пазар и имаш 10 тезги. На сите освен на една имаш скапани патлиџани, само на една имаш убави. Ти зимаш од скапаните....кој е крив?
Ти или тој пазарџијата со убав патлиџан?
Убаво си пишал дека народот не сака скапани патлиџани па затоа Левица имаше толку гласа.

Друга работа што се заборава е дека Амди сега не беше во колиција со ВМРО некој 5-10к гласови (иако зависи кој ке плати повеќе), а ми се чини ДПТ турската мислам дека така беше не беше со коалиција сега а носеше 10-15к гласови, Кочан го затворија па и тие ги изгуби, би рекол 20-30к гласови ВМРО имаше од таму, а сега тие гласови отидоа за СДССМ.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.491
Поени од реакции
4.730
Абе КАДЕ Е ИСТОРИЈАТА ПРОДАДЕНА? Глуп си, неписмен си, ретардиран си што морам да ти се дерам? Јас му велам не изјави, тој пак изјава? Многу ми е гајле што изјавил Пендаровски, Заев, Бојков или Сотир Костов. Имаш некаде во некој документ или каде и да се води историјата ПРОМЕНА?

Знаеш што е доказ? Црно на бело, папирич? Поооо....
Абе добро можи сум и глуп и неписмен и ретардиран, то е такви се небањатите, заостанати, ненашетани патриоти.. Ама која придавка би те опишала тебе ако сум јас глуп, не знам.

Значи не вреди тоа што изјавуваат премиер и претседател на држава, ајде до некаде и држи вода за заев, имаше тој многу изјави за неменување на името, а го направи спротивното, ама тоа беше кога демек го бранеше името, а сега отворено го негира постоењето на македонскиот народ и нормално тоа ќе го искористат максимално нашите добри соседи во нивни цели.

Доказ не мора да е само на некој документ, ете го имаш текстот од “договорот за добрососедство" со кој се состави комисија за "научно толкување на историските факти". Која е потребата од таква комисија ако не се ревидира, продава, предава, подарува историјата на бугарија, имајќи го во предвид КОНТИНУИРАНОТО НЕГИРАЊЕ на истата од нејзина страна и имајќи ја во предвид ЛЕСНОТИЈАТА со која ЗАЕВ, ДИМИТРОВ и друштвото, ПОТПИШАА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ПРИФАТИЈА ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА И ДВОЈАЗИЧНОСТ?
Сега велиш дека не го направиле истото и со историјата, само дека уште не е официјално објавено?
Па така беше и со промената на името, прво беше жицата, времето и семето, па нема жив човек Македонец кој ќе бара промена на уставот заради промена на име, па после разговори со нашите пријатели од Грција за фер решение, па Илинденска Македонија, па Северна Македонија и на крај потпис на Преспанско езеро. А дотогаш немаше ни документи ни ништо официјално за тоа, и тогаш беа изјави само за "постигнатиот договор", па не знаевме дека копуците го продаваа името?

А ако сакаш документи толку, ете пред некое време БАН издаде декларација со која го смета македонскиот јазик за бугарски дијалект, а твоите а не рекоа за тоа. Или и тоа не е доказ за продажба, негирање, како сакаш речи на македонскиот јазик?
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
А ако сакаш документи толку, ете пред некое време БАН издаде декларација со која го смета македонскиот јазик за бугарски дијалект, а твоите а не рекоа за тоа. Или и тоа не е доказ за продажба, негирање, како сакаш речи на македонскиот јазик?
Прво, немам мои, досадни сте со ова. Второ, тоа беше декларација на БАН, а овде имаше реакција од македонски лингвисти и историчари. Како е тоа продажба на било што? Секој може да изјави што сака. Србите едно време тврдеа преку САНУ Србија до Токија, и што со тоа? Треба на секоја глупост да и се придава значење?

Друга работа, Бугарија е членка на ЕУ, со право на вето. Ние сакаме во ЕУ, изгледа сите заборавате на тоа. Постои консензус кај сите македонски и албански партии, со исклучок на Левица, дека членството во ЕУ и НАТО ни е стратешка цел. Тоа го има и кај најптариотската партија на светот, ДПМНЕ.

Од сега ви кажувам дека Бугарија ќе ја користи позицијата на моќ исто како што тоа го направи Грција со НАТО. Не е прашање дали нешто ќе изгубиме во процесот, туку колку ќе изгубиме и што. Политиката не е ниту праведна, ниту некому му е суштински гајле за Македонија.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Прво, немам мои, досадни сте со ова. Второ, тоа беше декларација на БАН, а овде имаше реакција од македонски лингвисти и историчари. Како е тоа продажба на било што? Секој може да изјави што сака. Србите едно време тврдеа преку САНУ Србија до Токија, и што со тоа? Треба на секоја глупост да и се придава значење?

Друга работа, Бугарија е членка на ЕУ, со право на вето. Ние сакаме во ЕУ, изгледа сите заборавате на тоа. Постои консензус кај сите македонски и албански партии, со исклучок на Левица, дека членството во ЕУ и НАТО ни е стратешка цел. Тоа го има и кај најптариотската партија на светот, ДПМНЕ.

Од сега ви кажувам дека Бугарија ќе ја користи позицијата на моќ исто како што тоа го направи Грција со НАТО. Не е прашање дали нешто ќе изгубиме во процесот, туку колку ќе изгубиме и што. Политиката не е ниту праведна, ниту некому му е суштински гајле за Македонија.
Лелеле човече колку пари се наполнив од ЕУ и НАТО ко Бајо Патор сум. Тебе ти стигна кешот?
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Џабе се објаснуваш со штабски лебарки.
Се разбира, секој што не "мисли" како тебе е штапска лебарка. Тоа е затоа што во твојот живот не постои ништо друго, различно од штапски лебарки. И да, штаБски се пишува штапски. Барем македонски да научите, гревови едни.
Автоматски споено мислење:

Лелеле човече колку пари се наполнив од ЕУ и НАТО ко Бајо Патор сум. Тебе ти стигна кешот?
Не досадувај и побарај си психијатар, јас не можам да ти помогнам.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Се разбира, секој што не "мисли" како тебе е штапска лебарка. Тоа е затоа што во твојот живот не постои ништо различно од штапски лебарки. И да, штаБски се пишува штапски. Барем македонски да научите, гревови едни.
Автоматски споено мислење:



Не досадувај и побарај си психијатар, јас не можам да ти помогнам.
Глеј си Собрание и Телма таму се сите тачни.
 

Munze

Dr. Oetker
Член од
21 јули 2020
Мислења
203
Поени од реакции
195
Во преамбулата на што? Каде пишува дека преименуваната држава ги влече своите корени од рамковниот договор а се откажува од континуитетот со Република Македонија и АСНОМ?
Pa ti veke se otkaza od asnom i od se bre. Ne ti licno nie taka ide zborott. Ramkoven se primenuva nasekade. Kade gledas ti asnom veke temelite na mkd se razruseni ti bukvalno sega nemas drzava nema na sho se potpira severnata na dve papiri potpisani od lideri izbereni od nadvor bez volja na narod pod kontrola na lideri i luge koi rabotat samo za stranski interesi od zbir zemji. Na toa li se temeli ovaa nasa t.n. drzava.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom