Прво, немам мои, досадни сте со ова. Второ, тоа беше декларација на БАН, а овде имаше реакција од македонски лингвисти и историчари. Како е тоа продажба на било што? Секој може да изјави што сака. Србите едно време тврдеа преку САНУ Србија до Токија, и што со тоа? Треба на секоја глупост да и се придава значење?
Друга работа, Бугарија е членка на ЕУ, со право на вето. Ние сакаме во ЕУ, изгледа сите заборавате на тоа. Постои консензус кај сите македонски и албански партии, со исклучок на Левица, дека членството во ЕУ и НАТО ни е стратешка цел. Тоа го има и кај најптариотската партија на светот, ДПМНЕ.
Од сега ви кажувам дека Бугарија ќе ја користи позицијата на моќ исто како што тоа го направи Грција со НАТО. Не е прашање дали нешто ќе изгубиме во процесот, туку колку ќе изгубиме и што. Политиката не е ниту праведна, ниту некому му е суштински гајле за Македонија.
Секој може да изјави што сака точно, но заев може да ја витка кичмата на секој кој може да изјави што сака, тоа е најголемиот проблем.
Да, имаше реакции од МАНУ за чудо прв пат по националните прашања, иако на еден до два членови, но што вреди кога таа МАНУ е полна со квази академици кои ќутат за сите предавства, па и одобруваат по потреба.
Да, Бугарија е членка на еу, и секако нема да го испушти тој џокер да ни става вето, а со тоа да изнудува уште поголеми и поголеми отстапки, како и Грција што правеше за името. Ова кажува две работи:
Прво, пропаѓа тезата која упорно ни се наметнува дека соседите ни се пријатели, добри соседи, партнери и којзнае што, особено за Бугарија. Ако ни беа пријатели, немаше да не уценуваат со вето за еу, НАТО, со цел да има промена на име, ревизија на историјата и други отстапки и воопшто немаше да бараат отстапки и да не беа нато и еу нивни џокери. Тие меѓусебе војни водеа за Македонија, надворешната политика им се водеше исклучиво во однос на тоа кои големи сили ќе им дадат повеќе од територијата на Македонија, на Бугарија национален празник ѝ е 3 март - санстефанска бугарија која никогаш неостварена во реалноста, се простираше до Охридското езеро, а нас константно нѐ напаѓаат дека сме биле ирендетисти, шовинисти итн, та сега ќе ни продаваат тези за пријателство, соработка, добрососедство и други убаво спакувани фрази, но тоа е нивната подмолност и жално е што ги има многу кои веруваат во тоа "пријателство".
Второ, каде е таа возвишувана, славена еу, каде е нејзиното толку фалено право, правда, тие европски вредности кога на еден цел народ му се ускратува правото на самоопределување, на самоименување, на сопствен јазик, историја, традиција, култура, кога во 21 век се прави ова и притоа со овие прашања се уценува тој народ за влез во истата таа организација која била најдемократска, се застапувала за правда, принципи, вредности...
Поради ова треба барем да се преиспита таа наша стратешка цел и јавно да им се каже ова на тие големи "демократи", евроамбасадори, еврокомесари итн.
Плус, еу никогаш нема да ја прими Македонија, колку и да сакаме да преговараме џабе е, секогаш ќе има некој нов проблем, нова причина за да не нѐ примат. И не само Македонија, и држави како Босна, Албанија, Црна Гора, Србија, Турција...
Тоа со името беше исклучиво за зачленување во НАТО, заради нивните геостратешки интереси, но никогаш за во еу. Еу беше само ветувана за да помине полесно референдумот и процесот на промена на името.
И шарената револуција беше за таа цел, и бомбите, сите тие операции за туркање на грујо, за да дојде заев на власт со задача да го смени името, а со тоа Грција да попушти за влез во НАТО, а со тоа ним им остана уште Србија за средување и истото сценарио со шарени револуционери се почна и таму
Нема веќе "колку ќе изгубиме и што", сѐ е изгубено, остана уште северната територија, прашање на време е ми се чини и тоа за жал..