Судбината на Трајковски можеш да ја доживееш ако сите се согласат да те продадат и немаш никаква своја лична подршка ( многу слично на Џинџиќ во Србија, со разликата што овој почна да си оформува негова база на моќ и да им се спротиставува зошто свати дека целата нивна пропаганда е лага). Трајковски го донесоа они, ДПНЕ немаа никаква лојалност кон него, СДС немаат лојалност кон ништо освен пари, целиот советнички круг околу него како што можеме да видиме денес се предавници и тоа е тоа. Они не убија некој што се борел против нив, си го убија својот човек. Најверојатно за да ја завршат целата таа епоха. Па неговата фамилија го продаде и не сакаше да се бори за правда за него. Што можеш да очекуваш од другите.
Да тргнеш да почнеш да ликвидираш политичари кои се против тебе, Американците не прибегуваат кон такви мерки и во за нив далеку поважни ситуации и држави ( во 90% од случаите). А Македонија дефинитивно не им е толку важна.
Дали се заебаваш дека мкд не им е важна?
Додуша во право си, не им е важна, клучна им е.
Не за џабе го имаат чудовиштето на Кале, не за џабе сме во нато и точки како Кодра Фура од каде можеш на тацна да го гледаш Косово и Бондстил се сега и официјално нивни, како што е и Криволак, граници порозни кон секаде (не дека претходно не беа на одредени точки), не за џабе го туркаа груевски со години бидејќи им требаше полесна разврска во однос на возењето на албанското прашање бидејќи во регион каде немаш премногу проблеми (отворени прашања) имаш постабилно донесување на одлуки кои тежат кон сувереност. Тука нема, особено не сега.
Тогаш имавме отворено прашање со Грција, кое впрочем со одлука на меѓународен суд падна. Тоа што на таа одлука западот молчеше, а на неуставно газење на референдумски резултати честита "победа", е друго 20.
Сега имаш:
- Изгласана двојазичност која ќе се спроведи до танчина во најскоро време.
- Тиранска платформа.
- Договор со Грција кој го потпишаа погрешни луѓе и сам по себе е ништовен - што значи и тоа прашање не е затворено.
- Бугари со кои "делиш" (оти така им е по желба) историја, јазик и ти се нов проблем за влез во ЕУ.
- Синод на МПЦ кој пола ти е пробугарски, а другата половина удбашки структури.
- Сосед на север кој се' уште ти контролира голем дел од олигарси во мкд.
- Џихадисти пред кои Грујо молчеше, а Зајакот не ги ни перцепира т.е. видовме како се слика после диво насеље...
Федерализација ет итс фајнест.
И да, во делот дека каменот доаѓа одблизу, во право си - треба да има прво предавство од внатре па да дојде интервенцијата од надвор.
Ќиро го предадоа од внатре, Борис и не баш ама така некако, а Апасиев (под услов да се свести народецот и масовно да го гласа - што ќе биди чудо еднакво на лек против сида измислен) доколку добие на сила и не им одговара на некои структури тука или надвор треба да си го пази газето.
По реакциите на само два саати после избори, па до ден денес, гледаме колку му одговара на внатрешните предавници (од двете страни).