Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Членовите и симпатизерите се идентификуваат со ВМРО....сакал ти или не :)
Колку за информација пола од членовите се за враќање на името и поништување на договорите и тоа е единствена компонента во равенката која може да направи промена.
Автоматски споено мислење:

Си муабетиме....пред да отидам накај дома...уште 3 мин.
Сакаш верувај сакаш не.....членовите ако не повеќе 50% се патриоти. Таа е реалната моќ на партијата.
Какви патриоти се бе друже, патриоти шо чекаат знак од партија?
Ако се патриоти оти ќутеа за албанизацијата на Скопје во вашиот маднат, шо не се дигнаа општинските комитети по Ѓорче, Гази Баба, Бутел(а и другите) и да кажеа ќе бојкотираме гласање се додека врвот ја води оваа политика?

Или патриоти ама платата на прво место?

Ќе ви преседнат тие плати и викенди по Грчка или пак по туристичките места кај нас, тие од врвот ќе избегаат, вашите деца ќе му ја мислат како ќе градат иднина тука.

Ова важи за двете партии.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Многу филозофски теми отвараш....ова се дискутира во живо и тоа со денови. Пак тешко ќе се разбереме...секако ова е јалов муабет, затоа што додека пишуваме овде некој се смее и веќе крои планови.
Многу работи не ти се јасни околу функционирање на човечка психа....многу леташ во облаци. Реалниот свет е многу суров, гледај да не се изгориш и да не ти помине животот во бладање. Ова е мој најдобронамерен совет, и покрак антагонизмот кој не можеш да го контролираш.
Ебати филозофијата каде што ти земаш провизија за твојот глас а народот останува со прстот в уста.
Јас обично сум многу благ со партиските ботови кои што отворено говорат за своите лични мотиви, без филозофии, идеологии и слични срања. Ама ептен ме иритира кога некој ме прави мајмун и ми пропагира од срањата што му ги кажуваат во партија. Тоа не е став, уште помалку пак филозофија.
Таа твоја филозофија не турна во провалија со 200 на саат. Нашата државност заврши уште пред да започне од вакви калкуланти, филозофи.
Реалноста е дека ти твојата слободна воља си ја продал за личен интерес, провизија или како и да го нарекуваш тоа. Има една група кај нас што се нарекуваат Турци а не знаат турски, гласаат за дуи, се македонски муслимани, правилен назив им е торбеши, ама тоа ги вреѓа па се тешат оти биле турци. Така и вие, партиски полтрони кои што слободната воља сте ја продале за личен ќар, за да ви биде полесно во овој пекол, а се тешите оти сте патриоти, прогресивци и кои и други називи да ви ги кажуваат вашите господари за да ви биде полесно.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.568
Какви патриоти се бе друже, патриоти шо чекаат знак од партија?
Ако се патриоти оти ќутеа за албанизацијата на Скопје во вашиот маднат, шо не дигнаа општинските комитети по Ѓорче, Гази Баба, Бутел(а и другите) и да кажеа ќе бојкотираме гласање се додека врвот ја води оваа политика?

Или патриоти ама платата на прво место?
Им идев ја со прашања и листи на настани, по штабови, пред едни избори (пред едно 10 години) и прашував што им е план на тема Албанци и нивни напади врз луѓе, објекти и сл. Све уредно со список на настани, дати и сл. Едни ми се смееја (не директно). Други измислуваа секакви глупости кои и баба знае дека не се вистина и така. Еден не ни знаеше дека такви ствари се дешаваат.
Генерално, у ниеден од три штаба кај што поминав не добив ни приближно нормален одговор, ама добив смешни обиди на бегање од темата, секакви изговори, а и подсмев. Да, у штаб на ВМРО, добивав потсмев зашто прашувам за тие работи.
Не дека ВМРО се потсмева, него таму се погодил у тој момент таков рандом игнорамус.
 
Такви теми не се спомнуваат кај овие новите вмровци. На пример некој од УМС ќе те замара како овие другите се предавници ама ако му тргнеш да му зборуваш за нешто вакво ќе рече брат не замарај со тоа или пак епа затоа треба да се гласа за ВМРО, ако дојдат другите ќе биде полошо.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.141
Поени од реакции
11.758
Не знам како се' уште не ви е јасно на сите дека шансата на овие избори беше трет пат (конкретно Левица), а останатото беше бирање на сиво и малку посиво (иста боја, друга нијанса).

Членот на кој сите му реплицирате го брани македонизмот иако во вмро моментално на раководни функции (вклучително и претседател) има најмалку такви фаци, а обратно во сдсм (како и секогаш) нема ни М од македонизам.

Не може вмро да помине добро на избори кога во 5ИЕ го праќа дурловски и истиот во битола го има вкупно 20 саати во цела кампања или пак да го стави во 4 Николовски да се бори со Заев (наместо Квиско), во 1 да ја пушти Гога комуњарката да игра латински танци наместо да агитира.
Во кампања, а ТРИ години е кампања - под услов да сакаш да се вратиш на власт, да не си секој ден на терен, да не си меѓу народ, да немаш фидбек од членството КОИ луѓе да ти се најдат на листи, да си ги бркаш членовите кои искрено ја сакаат партијата и на нивно место да си носиш кодоши на лидерот. Не оди тоа така.

Ќе си излезиш на кампања и по тв и интернет портали со КОНКРЕТНИ и ЈАСНИ ставови за сите отворени прашања, ќе си жртвоваш лагодност кај странски дипломати и ќе створиш сојузници меѓу народ и останати мали партии кои ќе ги собериш на едно место. Доколку имаше Жмицко јасни ставови за името и сл., лесно ќе правеше коалиција со Солза Бачев, лесно ќе прибереше и заќутеше кариеристи како Филипче реформаторот и слични.
НО ТРЕБА ДА НЕ СИ ЧОВЕК НА ГЕРМАНСКА БНД за да го направиш сето тоа, така да... јбг.

Крајно, не знам зошто рипате како попарени сите кои немате излезено на избори (а бројките покажуваат дека немате) за тоа каква ќе ви биде иднината следните Х години, ќе ви биде онаква каква што ќе ви ја сервираат курто-мурто и ДА во голем дел сами сте кабает.

Лидерот на Левица, доколку по некое чудо издејствува промена на изборен модел со една ИЕ и без излезен праг (%), во зависност од тоа колку пратеници ќе има и колку ќе знае да тактизира со странците може или да биди дел од идна влада или да ја доживее судбината на Борис Трајковски, времето ќе покаже што...

Во меѓувреме, луѓето како членот ЏоДалтон ќе се селат од државата (ако можат), а нивните родители во длабока старост и после 50 премрежја во животот своите деца и внуци ќе ги гледаат на вајбер додека соседите ги поздравуваат со "Честит Курбан-Бајрам комшија".
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Туку настрана математиките и филозофиите за тоа кој е партиот а кој предавник, имиња презимиња. Од август струјата поскапа за 7 и пол насто. Кај се сега овие другиве математичари да ни кажат како тоа платата во време на дпмне беше 8 илјади а сега е 14 и петсто и како тоа продажбата на ЕСМ е бонбона бизнис, истите тие што се декларираат како социјал демократи, што нели, наводно се залагаат за социјална правда и еднаквост.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Да ве известам Жмицко конечно после 2 недели се јави. Навистина се јави. Гледам бицепс трицепс му е малку подослабен, веројатно во скривницата не практикувал вежбање. Ќе треба време малку за да се врати во топ форма, но олеснителна околност е што сега нема карантин, па без да го замараат ќе може да билда.
Јас мислев тек после Илинден ќе смогне сили да се обрати на јавноста, ама каде ќе славиме Илинден без војводата.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Во меѓувреме, луѓето како членот ЏоДалтон ќе се селат од државата (ако можат), а нивните родители во длабока старост и после 50 премрежја во животот своите деца и внуци ќе ги гледаат на вајбер додека соседите ги поздравуваат со "Честит Курбан-Бајрам комшија".
Во меѓувреме секоја трета куќа во населбава е празна. Порано шеташе еден инкасатор за вода, сега шетаат двајца, ако помалку куќи. Едниот е турчин што наместо во сандаче сметките ми ги фрла во вода. Ваљда дека се за вода :D
 
THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
712
Поени од реакции
1.024
@Bodhidharma друже неможе да си патриот и партиски бот во исто време.

Вас главна цел ви е да ве вработат за 200 евра плата, а за државата само на збор ви е битно, буквално Заев да ви го стават за лидер на партијата ќе прифатите без збор.

Ова секако важи и за сдс и нивните предавнички ботови, буквално никаква разлика немате едни со други.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.141
Поени од реакции
11.758
Во меѓувреме секоја трета куќа во населбава е празна. Порано шеташе еден инкасатор за вода, сега шетаат двајца, ако помалку куќи. Едниот е турчин што наместо во сандаче сметките ми ги фрла во вода. Ваљда дека се за вода :D
Добро е што е турчин па ваљда разбира кирилица, да беше шошон ќе си ги бараше твоите сметки кај комшијата, секако бањати.

п.с. пред кУрона кризата иди другарка од словенија и вика, слушај кај моите во населба куќите се празни, до толку се отселија луѓето?
И викам, сакаш да отвориме реклама5 и да видиш како во еден момент имаш 150 станови кои се издаваат и зјаат празни?

п.п.с. штета што Киро најверојатно беше единствениот донекаде принципиелен државник па уште тогаш не ја припои државата во сојуз со грција (а имаше понуда), јас лично жалам за тоа.
Ќе немавме проблем со бугари, срби и албанци и како северо-македонци или горно-македонци, ќе имавме пасош и финансиска стабилност.

Вака, 30 години борба за бранко, љупчо, бучковски, груевски, заев... и тонење со секои следни избори.

Бегај си дури ти е време... и ти и секој друг кој се' уште може.
 
Океј се во глобала турците, мислам кога ќе ги ставиш рамо до рамо со овие другите. Работливи луѓе, тераат земјоделие, ги занима само машинерија во дворот да има. Башка и прагматични. Во времето на Грујо цело село им гласаше за ВМРО, која иронија, нели? Вееа вмровски знамиња. Имаа ќар, им шитна Грујо ниви под концесија, трактори и машинерија преку ипард програмата, 50-50 што беа. Во глобала го вадат лебот со труд, бар од она јас што го знам.

Инаку се виде од ова држава. Сервилност, наведнати глави, непотизам, фолклор кој што промовира опортунизам, "снаоѓање". Немаме државнички менталитет, згора на тоа и национално не сме доволно изградени, ептен е порозивна таа нишка, неконстантна и сколна на туѓи влијанија, внатрешни и надворешни.
За иселувањето, очекувам да се интензивира, гледано од актуелниве политички и економски околности не не чека ништо добро во блиска иднина.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Бранче лепотанот треба да си посети некое стручно лице, јака амнезија му го пржи мозокот. Остана уште вечерва да се смислат релативизациите по комитетите, па утре ботчињата да ги споделат.

IMG_20200731_190322_457.JPG
 
F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
855
Поени од реакции
1.359
Бранче лепотанот треба да си посети некое стручно лице, јака амнезија му го пржи мозокот. Остана уште вечерва да се смислат релативизациите по комитетите, па утре ботчињата да ги споделат.

Прегледај го приврзокот 261104
Епа не сме ние у Европа, мора да се кради. Возо за Европа одамна замина, разбираш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom