Друга работа,на моиве комшии се им смета,има сметало моето куче што одело по дома се слушало ги вознемирувало.И сега таа будала ако ме пријави јас ќе треба да го дадам кучето?А ниту лае ниту ништо по дома.Ама им сметало што одело и се плашеле што е голем.И што?
Секакви будали има, ако се слуша одење каква ли звучна изолација имате? Тогаш и креветот кога крцка може им смета?
Проблемот е што ова (правење бука од кучиња, ама од лаење) не е дефинирано со закон. Јас на пример имам соседи со невротично куче, мислам дека е Џек Расел Териер. Значи не е само недостаток од дресинг и дисциплина, туку кучево е едноставно невретично, ај што лае на непознати нормално е тоа, лае по сите соседи дури и на неколку десетеци метри оддалечени, лае по сите мачки, лае по врапчиња, ма лае и кога поминуваати инсекти. Ама онакво лаење како да се работи за живот или смрт, се откорнува од лаење со цела сила демек да не е вратата ќе ги растрне тие од другата страна. Така дење и ноќе, а газдите не му се замараат ич.
Куче е нормално да го чува дворот, значи да лае кога некој ќе се обиде да влезе. Но кога лае на птица или мачка или на соседи од другиот крај на улицата... тоа е невоспитано, недресирано куче.
Во нормални земји можеш да го пријавиш ова, и доаѓа инспектор да направи увид. Ако кучево неконтолирано лае, тогаш се предупредува власникот а на втората жалба му се пишува пријава и се дава обврска да го прати кучето на тренинг во соодветни места за тоа. По извесен законски период, ако има пак пријава а проблемот не е надминат следува дебела казна.
Соодветно по ова ако некој те пријави а инспекторот не утврди дека кучево претерано ти лае, соседите можат да се сликаат со пријавата (за премногу одење?). Дури ако продолжат така би требало да добијат против пријава од службеното лице, за лажна пријавување и трошење на ресурси на службата.