П.С. Патот низ повеќе европски градови предходниве недели ме подсети на една работа што ја имам запазено и предходно. Кучињата што таму ги шетаат низ толпи народ, целосно ги игнорираат луѓето. Овде кај нас кучињата се многу подружељубиви, сакаат да дојдат и убаво да те изнамирисаат од повеќе агли.
До кучињата е... или до сопствениците?
Со ова (по втор пат), можам комплетно да се согласам со тебе. Факт е дека кај нас, поголем број од самопрогласените познавачи на кучиња (а тоа се некои 80% од луѓето што чуваат), врска си немаат од тоа што значи добро воспитано куче. Дисциплината ја споредуваат со малтретирање на кучето, што е комплетно погрешно бидејќи, во природна средини (зборам за диви кучиња и уличари) има добра поставена хиерархија и се почитуваат одредени правила. Тоа е факт кој љубителите на кучиња го забораваат.
Еден пример од мое искуство при прошетка со опаснава моја кучка
, она не се радува на никој друг освен на мене, и луѓе кога и приоѓаат да ја погалат е тотално незаинтересирана за никој, као, ајде погалиме и веќе да завршиме со тоа
, но луѓето на тоа гледаат како- оо па не ми се радува, не ме душка, може да ме нападне.... абе ајде!
Но, тоа не е причина за воведување данок, нели?
Што мислиш, нели е попаметно да се поработи на едукација? Можеби е премногу компициран процес и можеби ретко кој би пристапил на истиот, но сепак е одредено решение.
Знаеме дека на простиов наш народ, кога ќе му лупнеш данок за куче, кое го чува цел живот врзано во двор, ни еднаш прошетано, ретко однесено на вет, кога-како погалено, повеќе игнорирано, хрането само со остатоци од леб, е па него нема да му се исплати да плаќа данок. Се знае што ќе се случи со тоа куче, ќе заврши на улица. Ретки се тие кои, без разлика на се, би продужиле да чуваат куче.
Тоа ми е поентата со едукација и со давање на повеќе време работите да се средат, па после нека се воведе данок. Нека не се избрзува.
Oдговорот на КСМ кои имаат прекрасно објаснето зашто овој данок не е во ред.
http://www.kupimilenik.mk/vest/184/KSM-se-izjasni-po-povod-izjavite-za-donesuvanje-na-danok-za-kuchinja
--- надополнето: 9 мај 2012 во 11:48 ---
Си дозволуваш пресумпции за мене.
Каков е мојот стандард за пиење кафе и дали сакам кучиња во моја близина не е важно за темава. Ако веќе инсистираш на интимни податоци за мене можам да ти кажам дека ниедно од предходните две не е точно.
Тоа што е точно е дека јас не сакам кучиња кои имаат идиот за власник... и на мислење сум дека законите за кои зборевме предходно а воедно и даноков, ќе го намалат бројот на идиотите кои чуваат куче.
... и ќе го зголеми бројот на кучиња скитници, за кои нели очајно се бориме да се тргнат од улиците....