Паркови за миленици и данок за опасни миленици

  • Креатор на темата Deleted member 55587
  • Време на започнување
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
инаку добро те разбирам на што мислиш кога велиш дека ти е дискриминирачки, но јас кога велам поделба на термини мислам на овој пример :)
Тоа веќе е друго, кога збориме за плажи. Кај нас, еве мочан Охрид отиди со куче, не можеш сместување да најдеш, а да не зборам за на плажа да отидам со ротвајлер:drk:. Можеби во Мелбурн има термини, но ја пак сум против термините. Ако е така, во Чикаго, имаш плажа само за кучиња:). А на нашиве плажи комотно можат да се одделат 10 квадрати за таа намена, пак ќе кажам без термини. Пошто и во термините каде што ќе биде дозволено со кучиња пак ќе имаш кретени кои што ќе се плашат од нив и ќе урлаат за да си го прибереш кучето, зашо они шетаат таму сеуште. Само посебен простор му е мајката и нека дојде некој у тој простор и нека покака зашо се пуштени. А колкав е просторот што кај нас се одделува за таа намена... е тоа е друг проблем. Али полека, ја им давам шанса еве, можеби третиот парк ќе се погоди и ќе одделат повеќе простор.
Еве ја плажата во Чикаго и многу други места достапни за сопствениците со миленици.
http://www.yelp.com/biz_photos/montrose-dog-beach-chicago?select=DPehPk2H0x9Gu9hPMrTXfg#Gpt6TX9RMjF0jItLF5XfyA
http://www.sonomapets.com/?p=1813
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Вие каков таков парк имате а ете и ке добиете нов...што да кажеме ние од останатите градови. Кај нас кога ги шетам двете кучиња ме гледаат како луда, а она што ме најмногу нервира е реакцијата на некои шмизли кога ке ги видат кучињата,како тие по нив да се пуштаат и вриштат и пиштат и скокаат. Ако нешто можам да ги пофалам кучињата е тоа што кога шетаат воопшто не се заинтересирани за она околу нив, едноставно си тераат напред,нити се влечат ниту се вртат на страна, ама кога ке ги видат лугето-хорор филм. Инаку страшните ѕверки се лабрадори.
E тоа па, тоа па.
Лабрадорот е единственото куче кое мисли дека е големо колку чивава, а истовремено е човек :)
Ако постои понеагресивно куче од лаб.... нека ми се јават.
Ги сакам сите можни раси и нераси на кучиња, секое куче е добро во моиве очи, ама кога ќе го погледнеш лабрадорот во фаца, имаш чувство дека гледаш во некој замислен филозоф :)
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
E тоа па, тоа па.
Лабрадорот е единственото куче кое мисли дека е големо колку чивава, а истовремено е човек :)
Ако постои понеагресивно куче од лаб.... нека ми се јават.
Ги сакам сите можни раси и нераси на кучиња, секое куче е добро во моиве очи, ама кога ќе го погледнеш лабрадорот во фаца, имаш чувство дека гледаш во некој замислен филозоф :)
Мојава и не изгледа многу замислена бидејки ретко на која слика е со затворена уста, секогаш изгледа како да се смее, значи во нејзините 17 месеци од животот дали 5 слики и се како што велиш ти филозофски.:D

Инаку на секоја специјалка за лабрадори, многу се цени погледот на лабрадорот, секој судија ја истакнува нивната племенитос...бидејки судиите велат„можеш да го имаш и најправилното куче на цела изложба, ако ако не те купи и не те плени со погледот...тогаш that`s not it"
 
Абе јасно, мала е уште, како брливо дете е. До душа и 10 години да има, брлива ќе биде.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
E тоа па, тоа па.
Лабрадорот е единственото куче кое мисли дека е големо колку чивава, а истовремено е човек :)
Ако постои понеагресивно куче од лаб.... нека ми се јават.
Ги сакам сите можни раси и нераси на кучиња, секое куче е добро во моиве очи, ама кога ќе го погледнеш лабрадорот во фаца, имаш чувство дека гледаш во некој замислен филозоф :)
Не знам баш за агресивноста, до мојот лабрадор куче/мажјак друг тешко да се припари.
За женки и луѓе е најдоброто куче што постои. Се трудам да му ја отстранам агресивноста и го социјализирам со многу кучиња од мало, ама кога почна да маркира територија мажјаци останати не трпи. Со истите што мажјаци со кои си играше како мал, сега не можеш да го доближеш.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Не знам баш за агресивноста, до мојот лабрадор куче/мажјак друг тешко да се припари.
За женки и луѓе е најдоброто куче што постои. Се трудам да му ја отстранам агресивноста и го социјализирам со многу кучиња од мало, ама кога почна да маркира територија мажјаци останати не трпи. Со истите што мажјаци со кои си играше како мал, сега не можеш да го доближеш.
Па тоа е сосема нормално, кај било кое машко куче.
И Бубу мој имаше кане корсо другар, од бебиња заедно, кога направија по 1 ипол година, више не можеа да се поднесат.
Сега е друга приказна, ама тоа е зашто е кастриран - ни тој се тепа, ни го тепаат. И порано тој не се тепаше, ама ако го заржеа не ќутеше.
Тоа си е природа, не можеме ние многу да делуваме таму :) Затоа каде што има машки кучиња, на ланец, кај што нема, слободно ;)
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
43
Може малку ќе избегам од темава,ама на претходните страни видов коментари за собирање на изметот од животинкиве наши.Е сега се е тоа ок,немам против.Арно ама корпи па поготово за органски отпад или не знам како пишуваше таму нема.Јас го шетам кучево низ населба и го пуштам да врши нужда по тревниве површини и само слушаш коментари,тука деца играат а тебе кучето ти моча и кака овде,епа каде бе да кака?Зар има посебно место за кучиња?по некое заградено просторче во секоја населба и барем таму да има корпи?нема корпи кај да фрлиш хартија ја носис со тебе цел километар,а па не ова.Само лесно е да се збори како треба а условите ги немаш.
Друга работа,на моиве комшии се им смета,има сметало моето куче што одело по дома се слушало ги вознемирувало.И сега таа будала ако ме пријави јас ќе треба да го дадам кучето?А ниту лае ниту ништо по дома.Ама им сметало што одело и се плашеле што е голем.И што?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Друга работа,на моиве комшии се им смета,има сметало моето куче што одело по дома се слушало ги вознемирувало.И сега таа будала ако ме пријави јас ќе треба да го дадам кучето?А ниту лае ниту ништо по дома.Ама им сметало што одело и се плашеле што е голем.И што?
Секакви будали има, ако се слуша одење каква ли звучна изолација имате? Тогаш и креветот кога крцка може им смета? :)

Проблемот е што ова (правење бука од кучиња, ама од лаење) не е дефинирано со закон. Јас на пример имам соседи со невротично куче, мислам дека е Џек Расел Териер. Значи не е само недостаток од дресинг и дисциплина, туку кучево е едноставно невретично, ај што лае на непознати нормално е тоа, лае по сите соседи дури и на неколку десетеци метри оддалечени, лае по сите мачки, лае по врапчиња, ма лае и кога поминуваати инсекти. Ама онакво лаење како да се работи за живот или смрт, се откорнува од лаење со цела сила демек да не е вратата ќе ги растрне тие од другата страна. Така дење и ноќе, а газдите не му се замараат ич.

Куче е нормално да го чува дворот, значи да лае кога некој ќе се обиде да влезе. Но кога лае на птица или мачка или на соседи од другиот крај на улицата... тоа е невоспитано, недресирано куче.
Во нормални земји можеш да го пријавиш ова, и доаѓа инспектор да направи увид. Ако кучево неконтолирано лае, тогаш се предупредува власникот а на втората жалба му се пишува пријава и се дава обврска да го прати кучето на тренинг во соодветни места за тоа. По извесен законски период, ако има пак пријава а проблемот не е надминат следува дебела казна.

Соодветно по ова ако некој те пријави а инспекторот не утврди дека кучево претерано ти лае, соседите можат да се сликаат со пријавата (за премногу одење?). Дури ако продолжат така би требало да добијат против пријава од службеното лице, за лажна пријавување и трошење на ресурси на службата.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Дискриминација.

Е, затоа што нема доволно голем кучешки парк.
Не е, затоа што се подразбира дека човечки и кучешки парк треба да бидат физички одвоени.
 
L

Lu

Гостин
Е, затоа што нема доволно голем кучешки парк.
Не е, затоа што се подразбира дека човечки и кучешки парк треба да бидат физички одвоени.
Не ми ја свати поентата :)

Кога реков дискриминација ... се однесуваше на ова:
- со поводник и заштитна маска за одредени раси.

Зошто ?
Која е поентата да се дискриминираат „одредени“ раси, и кој е тој што одлучува кои раси ќе бидат „одредени“ ... бидејќи никаде не е наведено кои се тие раси ?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Не ми ја свати поентата :)

Кога реков дискриминација ... се однесуваше на ова:
- со поводник и заштитна маска за одредени раси.

Зошто ?
Која е поентата да се дискриминираат „одредени“ раси, и кој е тој што одлучува кои раси ќе бидат „одредени“ ... бидејќи никаде не е наведено кои се тие раси ?

Тогаш не сум те разбрала :)
Одредени раси е смешно, зошто и просечно куче од мал раст може да те повреди. Никаде не постои доказ дека одредена раса е ,,поагресивна,, од некоја друга.
Како и со луѓето - како е воспитан човекот, така ќе се однесува.
--- надополнето: 7 август 2013 во 14:34 ---
И најинтересно е што во Скопје, град со безброј улични кучиња, овие ми продаваат муда за бубрези за маски и поводници :) Демек, уличниве, сите се крајно воспитани и мирни...
 
Член од
6 август 2008
Мислења
46
Поени од реакции
21
Парк за миленици нека направат низ сите градови,ама данок за опасни раси на кучиња со тава не се согласувам,јас чувам пит бул ,шарпланинец,ротвајлер и вучјак,па ако треба да плаќам данок ќе треба да се откажам од чувањето на кучиња.
 
Секоја раса е опасна, ако е изложена на погрешна социјализација.
Како што не постои опасна раса на луѓе, не постои ни опасно куче.

Ако според физички карактеристики гледаме, мажите обично се поснажни од жените, можеби ќе треба да почнеме да ги припремаме од дома, дали ќе бидат агресивни према останати женки, шо знаеш....
 
Член од
6 август 2008
Мислења
46
Поени од реакции
21
и јас се слагам со напишаното,но некои ги сметат за опасни оние раси на кучиња кои што прават голема штета пример еден пикинејзер да нападне на некое лице може само да му ги скине пачавиците и ништо друго,а додека ако нападне незнам шарпланинец или пит бул или ротвајлер ке направи поголема беља
 
Kajgana Shop

На врв Bottom