Не се согласувам со овој дел.
Тoxoplasma не е „секаде присутна во мали количини„, и дефинитивно не е дел од дигестивнита флора. Се работи за паразит кој во сендвичара можеш да се закачи само ако вработениот ги намачкал рацете со измет од мачиња/кучиња (можеби се рекреирал на спортски терен кој служи и за „шетање„ на миленици).
Да не ги ни спомнувам другите паразити кои често се присутни во дигестивниот тракт на домашните миленици.
П.С. како се собира изметот, кога миленикот има дијареа?
Исто како и кога нема, само плус мораш да измиеш.
Кучево мое, еве веќе 4 година фаќа, го шетам и во населба, и во парк, и во шумичка и секаде, нормално не врши нужда дома, и собирам зад него. Пазам колку што можам да не го пуштам кај што има чопор деца, и не, не разбирам зошто би го пуштила кај што играат на голем одмор.
Затоа рано, или доцна навечер, си трча во паркчево (сега ладно е и темно за во шума)
Поштено си врши нужда, јас си собирам, си има канта, изметот е во кеса, кесата во канта.
Немам намера да не го истрчувам на јавни површини, се додека не ми обезбедат соодветен простор за истото.
Должност на секоја држава е да се грижи за потребите на своите граѓани. Град Скопје недоволно се грижи за моите, а и на сите останати луѓе со миленици, потреби.
Од култура и детето да ти се посере во сред парк, треба да собереш. Не ми треба закон за тоа. Мозок само е доволно.
Ама и тоа е живо суштество и има потреба да протрча, протегне нозе... и ќе го прави истото меѓу луѓе се додека немаме избор.
Мада, доста сум среќна што децата сосема позитивно реагираат, си играат со него, го гушкаат, гњават, тој жив среќен е со деца кога игра.