Парга

Дискусија во форумот 'Грција' започната од Олимпија, 16 јануари 2013.

  1. Олимпија

    Олимпија Македонија во срцето!!!

    Член од:
    26 март 2008
    Мислења:
    5.606
    Допаѓања:
    9.070
    На брегот на Јонско море и Епир, помеѓу Превеза и Игуменица,се наоѓа прекрасното градче Парга. Опкружена со Лефкада на едната страна и островите Паксос и Антипаксос на другата страна, како и неизбежниот Крф, Парга денес е модерно летувалиште со богата туристичка понуда.
    Поради специфичната положба Парга во минатото била мета на многу освојувачи – Венецијанци, Французите и секако Турците. Парга денес брои околу 3000 жители, кои се занимаваат најчесто со туризам, кои секоја година ги дочекуваат туристите од западна Европа.
    Под остатоците на венецијанскиот замок, Парга потсеќа на мал амфитеатар со своите тесни камени улички во стариот дел на градот.
    Незначителен е трудот кој ќе го вложите, за да се искачите до замокот, од каде има неопислив поглед со зборови.
    [​IMG]

    [​IMG]

    Kрф, Јонските острови, реката Ахерон, островите Паксос и Антипаксос се само еден мал дел на излети што се организираат од Парга.
    Излетот со брод до островите Паксос и Антипаксос е нешто за кое долго време ќе раскажувате.
    [​IMG]

    [​IMG]
    Можноста да се искапите на прекрасните и пусти плажи на малиот остров Антипакси или пак да ги посетите сините морски пештери под карпите на Пакси, е секако несекојдневно доживување. Престојот во местото Гајос на Пакси и можноста да ја вкусите свежата морска храна во малите таверни или пак да си купите некој производ од домашното производство на маслиновото масло е секако уште едно искуство повеќе. Доколку во мирните и чисти води на Пакси успеете да сретнете и делфини, ќе биде само среќа повеќе за која вредело да одпатувате.
    [​IMG]
    Престојот во Парга, надополнет со мноштвото излети во нејзината околина претставува прекрасен летен одмор.
    Сите плажи во Парга имаат кристално чисто море и зелена околина.

    Валтос - долга и песочна плажа, една од најпопуларните меѓу туристите бидејќи има прекрасни таверни и барови. Погледот во кој посетителите може да уживаат е единствен-на левата страна тврдината, а на десната страна островите Паксос и Антипаксос. Валтос се наоѓа на 2 км од градот.
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Крионери - "главната" плажа во Парга на само неколку метри од центарот на градот.На плажата има кафичи,продавници и таверни. Половина плажа е со песок, а другата половина е со камчиња,а водата е кристално чиста. Огромна атракција е и островот посветен на Богородица веднаш пред плажата. До островчето можете да стигнете со изнајмена педалина или дури со пливање.
    [​IMG]

    [​IMG]

    Писо Крионери е веднаш до Крионери(залив до залив се).На врвот на плажата/карпите има црква наречена Св.Атанасиос.Писо Крионери е помала од Крионери и со помалку гужва,но пак затоа има кристално чиста вода.
    [​IMG]

    [​IMG]

    Лихнос е одалечена 5 километри јужно од Парга. На плажата има ресторани. До нејзе може да се дојде со брод,кола или пешки. Половина плажа е со песок, а другата половина е со камчиња. Овде се наоѓа пештерата на Афродита која е на 5 мин пешачење од плажата.
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Саракинико е една од најубавите и најразвиените плажи на Парга. Дел е песочна а дел со каменчиња, но водата е кристално чиста. Убаво организирана плажа која нуди топло добредојде и вистинско уживање. До неа можете да дојдете со брод или со автомобил. Оддалечена е 12 км од Парга.
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Сте биле ли во Парга? Какви се вашите впечатоци? Некоја слика/инфо?
     
    На Staeseng, pain_killer, Stefan-kobe и уште 14 други им се допаѓа ова.
  2. Vaalbara

    Vaalbara

    Член од:
    14 јануари 2013
    Мислења:
    14
    Допаѓања:
    10
    mnogu sakam da ja posetam zas site so bile tamu ja falat , e sea malce povisoki se cenite od halikidiki na pr ali mislam deka vredi
     
  3. Barto

    Barto

    Член од:
    8 март 2012
    Мислења:
    3.058
    Допаѓања:
    1.250
    Прекрасно ..
     
  4. El Bohemio

    El Bohemio Silver Gate

    Член од:
    6 јули 2009
    Мислења:
    1.055
    Допаѓања:
    933
    Прекрасно градче и убава плажа-Валтос. Доколку имате можност за 20 евра крстарење до Паксос и Антипаксос да не пропуштите. Ви го препорачувам за летен одмор, место на кое мора да отидете барем еднаш.

    Како изгледа градчето
    269122_219074214802258_6714934_n.jpg
    Слика направена од Кале ...
    263582_219073611468985_4937967_n.jpg
    Плажа Валтос
    278586_221094251266921_498711_o.jpg
    За време на крстерење се прави 1 час пауза Антипаксос, за капење во пештери ...
    283343_219076521468694_7335851_n.jpg
    267752_219076598135353_5221478_n.jpg
     

    Прикачени податотеки:

    Stefan-kobe, Олимпија, Vaalbara и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. aleksandar994

    aleksandar994

    Член од:
    26 октомври 2011
    Мислења:
    795
    Допаѓања:
    375
  6. khz777

    khz777

    Член од:
    26 октомври 2012
    Мислења:
    2.489
    Допаѓања:
    3.323
    [​IMG]
     
    Antigona, propoise, Azriel и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. PurplePuma

    PurplePuma Somewhere, over the rainbow...

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    8.062
    Допаѓања:
    8.176
    Лично не сум била, а одамна планирам да одам, нема некој што бил а да не е воодушевен.
     
  8. Solid

    Solid Зона на самракот

    Член од:
    26 август 2007
    Мислења:
    6.954
    Допаѓања:
    3.355
    Бев минатово лето.Убаво гратче,со стар дел,тврдина и симпатични плажи.Има и едно островче со црквичка до кое може да дојдете со пливање.Од туристите најзастапени се Италијанците.На крстарење(20 евра) обавезно да одите.
    лебот е 0.90 евра
    млеко 1л 1.3 евра
    6 јајца се 1,8 евра
    вода 6х1,5 л е 1,8 евра
    нескафе е 3 евра
    фрапе 4-5 евра
    тост 4-5 евра
    морската храна од 10 евра/порција нагоре
    гиро 2 евра
     
    Staeseng, Plavooka, Azriel и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RebelMk

    RebelMk ₪ ₪ ₪

    Член од:
    18 октомври 2010
    Мислења:
    1.479
    Допаѓања:
    738
    Ова е местото на Паргали а.к.а Ибрахим паша од Величенствениот кој прати чат пат можда знае :D Шала на страна многу е убаво местото особено втората слика премногу ме асоцира на Костур а до некаде и на Охрид само Парга за разлика од овие градови е по егзотична прав рај :)
     
  10. devojka87

    devojka87

    Член од:
    26 март 2011
    Мислења:
    659
    Допаѓања:
    661
    Бев лани. Прекрасно место, мене лично ме потсетува на Дубровник, со тесни мали улички, стари градби. Можам слободно да кажам дека Парга е нешто најубавото од Грција, што се однесува до копно, островите се друг муабет.
    Се погодив таму за време на празникот Св. Богородица, фантастичен едночасовен огномет, прекрасна музика и премноооогу туристи.
    Цените се поскапи во споредба со останатите места во Грција, па дури и поскапи од Крф и Лефкада, но сепак не нешто незамисливо.
    Од плажите најмногу ми се допадна Саракинико, прекрасен покрупен песок измешан со ситни бели камчиња и тиркизно плаво-зелена вода. До неа се стигнува или со автомобил или со брод. Ние изнајмивме скутерче и сосема добро не служеше.(y)
    Од поблиските плажи Валтос ја издвојувам како најдобра. Прекрасна атмосфера, Танго барот е неизбежна локација. Од Лихнос плажата не сум нешто запрепастена, мене лично Валтос повеќе ми се допадна. Како што кажав ние имавме изнајмено моторче па 2-3 пати бевме на оваа плажа меѓутоа и ако не отидете нема нешто да пропуштите многу. Нај обична плажа, единствена предност и е што има природна сенка (маслинки), инаку ситен песок, чиста вода.
    Малку после Лихнос има уште една плажа, Паралија, која воодушевува, но бидејќи е малку подалеку малку е позната. Плажата е со камчиња и кристално чиста вода.
    Излетот до Паксос и Антипаксос е задолжителен, тотално вреди за тие 20 евра. За љубителите на skinny dipping има едно мало плажиче до кое се стигнува исклучиво со бродче. Доволно е да речете само "Amore beach" и ќе знаат каде да ве однесат. Понесете си вода и нешто за јадење , зошто бродчето ве остава во 11 а се враќа кога ќе се договорите да ве земе, не покасно од 18 часот, а во близина нема апсолутно ништо, само карпи, песок и море и препуштете се на уживање :D
    Се на се, Парга дефинитивно вреди да се посети, толку мало местенце а едноставно плени со својата харизма. Секоја препорака.
    Еве некоја слика
    1.jpg
    Плавите пештери-Паксос

    2.jpg
    Валтос

    3.jpg
    Саракинико

    4.jpg
    Паралија

    8.jpg
    Саракинико

    6.jpg
    Поглед од тврдината на Крионери и Писокрионери

    5.jpg
    Гаиос-Паксос
     
    На Stefan-kobe, Avanturist 1989, zumbulj aga и уште 3 други им се допаѓа ова.
  11. peperutka25*

    peperutka25*

    Член од:
    21 ноември 2008
    Мислења:
    1.157
    Допаѓања:
    18
    Оваа година Парга дефинитивно
     
    На Talicniot Tom му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EpicAwesomness

    EpicAwesomness

    Член од:
    28 март 2013
    Мислења:
    8
    Допаѓања:
    4
    Најтопло ти ја препорачувам Парга, бев таму 2011 година и си поминав феноменално. Јас би ти препорачала кога веќе си таму да се распрашаш по тамошните туристички агенции кои нудат различни крстарења. Јас бев на еднодневно крстарење по јонските острови и ги посетивме сите: Лефкада, Итака, Кефалонија, Скорпиос единствено не го посетивме Крф. Тој ден ми направи онака нај ќејф.
     
    На peperutka25* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dac_kufer

    dac_kufer

    Член од:
    6 мај 2010
    Мислења:
    194
    Допаѓања:
    35
    и јас сум бил и се што е напишано е вистина нема што повеќе да се каже и да крстарење обавезно.
     
  14. Avanturist 1989

    Avanturist 1989

    Член од:
    3 јуни 2013
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Zdravo :).Parga navistian e prekrasna (y).Ova leto najverojatno ke go iskoristam za tamu,pa bidejki prv pat odam na tamu neznam bas sto e kako e!?Nekoj da kazi iskustvo okolu cenite poopsirno ako znae,dali na plazata Krioneri (glavnata gradska plaza) mora da se iznajme lezalka za preku denot,kolku kosta toa i slicno...!??!Isto dali nekoj znae poopsirno za vila apostolis i vila fiore?Mestoto e vistina dobro i citajki gi komentarite pogore se soglasuvam deka vredi da se poseti Parga..
    P.S Ako znaete o nesto pisete ;)
     
  15. devojka87

    devojka87

    Член од:
    26 март 2011
    Мислења:
    659
    Допаѓања:
    661
    Искрено не ти ја препорачувам вила фиоре зошто колку што се сеќавам беше малку подалеку од плажите и ноќниот живот во Парга. Ако некаде можеш да најдеш понуда за вила МИМИС искрено ти ја препорачувам. Сместена во самиот центар на Парга на 2 мин од Крионери и Писокрионери и на 5 мин од валтос плажата. Перфектна локација.
    Лежалки можеш но и немораш да изнајмиш како ти душа сака, сопствен чадор можеш да поставиш каде сакаш, дури и помеѓу редовите со лежалки. Инаку цена на две лежалки со чадор е 10 евра, ако се исценкаш може и до 7 да дојде.
    Др не знам што би те интересирало, слободно прашај
     

Сподели преку: