Уау, пастор со дури 50 „верници“ од кој и керка му се откажала (пред ова, заради тоа што направил секта).
Не ли ви личи малку во сурат на Јозеф Фрицл?
Него околу палењето на книгата, има право да ја запали, не постои закон во америка што може да му забрани. Глуп и дегенеричен потез али не е нелегален. Лудакот точно проценил со што може да добие медиско влијание и тично тоа и го направил. Дури не го ни направил само го најавил и сега од водач на мала ретардирана секта од 50 луѓе е медијска личност, интервјуа на секој телевизија, дава мислења, бара средби со Муслиманските свештеници.............................успеа човекот во замислата, за жал. Него не му беше до палење на Коранот туку медиското внимание кое ете го доби.
А и да ја запали што ке се деси? Протести на муслиманите ноз цел свет (во кои ке загинат неколку исто така муслимани во стампеда), закани кон дебилот, Америка, западот и Христијаните секако да не ги заборавиме Џусовите и Израел. И пак Муслиманите криви на крај.
Разбирам дека е невкусно (за мене и дебилно) но има право да ја пали книгата а ако некој проба да го убие или направи терористички акт како „одмазда“ за тоа само ке му даде уште повеќе право. Во една секуларна држава религијата не смее да има влијание, а пошто во Америка има регистрирана Сатанистичка црква на овој не му смее никој ништо.
Проблемот до некаде е што Муслиманите во Пакистан, Авганистан и добар дел од Арапските земји се или необразувани или живеат под тешка диктатура или и двете и на нив им се чини дека целата Америка или Американска влада го нарачала ова. На нив не им е појмливо дека во некои земји постојат работи како слобода на говор и мисла, дека постојат организации (како оваа на дебилов) кои не се под контрола на државата и на крај дека постои секуларно општество. Јебига нив не им е јасно како тоа Обама или владата на САД едноставно не ги забрани нинџиве или ги пикне во затвор (како што се прави во нивните држави)..........................
EDIT: Само што ми текна, во Америка е легално да го запалиш Американското знаме па и библијата. Уставот го гарантира тоа под слобода на говор. И секако слобода на протест.