Палење на Куранот

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
Последни обиди свештеникот Тери Џонс од американската христијанска црква на Флорида да се убеди да не го организира палењето на светата муслиманска книга куранот на 11-ти септември, годишнината од нападот на САД.
Имамот Мухамед Мусри од Флорида скептик дека неговиот разговор со свештеникот Џонс ќе вроди со плод.
„Никогаш не е доцна да се откаже такво нешто. Му кажав како целиот свет ќе го цени и ќе му се восхитува на храброста ако се предомисли“, вели Имам Мухамед Мусри.
„Ме радува тоа што сме единствени во осудата на овој настан, што јасна порака упатија американските лидери од сите вери, евангелистичката црква и американскиот државен врв“, изјави Хилари Клинтон.
Најавеното палење на куранот, покрај властите во Вашингтон го осудија и Ватикан, ЕУ, глумци, верски лидери и експертите се дел од противниците.
„Тоа е чин со кој се покажува елементарно непочитување кон слободата на верата и религијата. За мене тоа е погрешно и одвратно“, рече Ангела Меркел.
„Должност на муслиманите е да реагираат. Ако се запали куранот, тогаш реакцијата ќе биде - американците ќе бидат убивани насекаде“, изјави Мухамед Муктар, муслимански свештеник.
„Ме остава без зборови помислата дека некој има намера да запали религиозна книга“, рече Анџелина Џоли.
Но и покрај овие осуди, свештеникот од Флорида засега не се откажува од својата намера. Следбениците на оваа мала евангелистичка заедница соопштија дека палењето на куранот претставува предупредување до радикалните исламисти.

А1
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Абе на вакви рисјански фанатици ако и дозволат ќе направат и муслимам на скара.
Ретардирани.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ако се запали куранот, тогаш реакцијата ќе биде - американците ќе бидат убивани насекаде“, изјави Мухамед Муктар, муслимански свештеник.
ЛОЛ, уште еден кретен како овој што сака да пали, ваквите како овој и овој другиов да може некако сами да изгорат во пламен... светов ќе стане вистински рај.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Бидејќи реагирала Џоли, позната по својот здрав разум, по посвојување на деца на нервна база и како ценет изумител на нови и креативни перверзии, еве да кажам и јас нешто. Ова Америве особено ме загрижуваат. Всушност стравот кој што ме фаќа од нив е скоро еднаков на помислата што би било ако земјата ја "опне" астероид. Да се чудиш колку се извртени. Какви методи користат за опипавање на пулсот т.е јавното мислење во однос на повеќегодишното сатанизирање на муслиманскиот свет!

Особено ова ми боде очи " Ако се запали куранот, тогаш реакцијата ќе биде - американците ќе бидат убивани насекаде", изјави Мухамед Муктар, муслимански свештеник "

Од целава оваа глупава ИДЕЈА, образложена нашироко, ние особито треба да сме загрижени што ќе им се случи на Американците??? Оваа изјава треба да ги представи муслиманите како дивјаци и немилосрдни кољачи на Американци, а американците како заштитници (?) на муслиманите и нивната света книга

„Ме радува тоа што сме единствени во осудата на овој настан, што јасна порака упатија американските лидери од сите вери, евангелистичката црква и американскиот државен врв“, изјави Хилари Клинтон.

Абе ајде, ние само треба да веруваме дека на некојси Џонс му паднала на ум ваква мисла а целиот (американски) свет као ја осудува и го убедува Џонс дека тоа не е у ред? Као треба да се убедат потенцијално здивените муслимани жедни за американска крв, дека не треба да се вознемируваат, бидејќи ова е само една вжештена американска глава, наспроти цел свет разум и убава мисла?

Мааа дај...
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Енџи (Angelina Jolie) згрозена од најавата за палење на Куранот

"Денот за палење на Куранот" според америкаснкиот пастор Тери Џонс, кој сака со тоа да ја одбележи 9 годишнината од нападот на САД, ја шокираше светската хуманитарка. Најавата за палење на Куранот, со која пасторот Тери Џонс сака да предупреди дека Исламот е многу поопасен и насилен отколку што се мисли, ја згрози светската јавност, па и Анџелина Џоли.

"Неможам да пронајдам зборови за некој кој сака да запали нечија света книга" - кажала Џоли во текот на посетата на Пакистан.

Како што пренесуваат медиумите, Џоли била разочарана од тешката состојба во која се наоѓа таа земја поради неодамнешните поплави, но и дека истовремено е обесхрабрена поради тоа што не добивала доволно медиумска подршка.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Со палењето на куранот може Американците си бараат рачка за започнување светски немири.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Последни обиди свештеникот Тери Џонс од американската христијанска црква на Флорида да се убеди да не го организира палењето на светата муслиманска книга куранот на 11-ти септември, годишнината од нападот на САД.
И
И? Што мислиш за сето ова? Го оправдуваш,да,не,зошто,како?
 

saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Ја осудувам помислата за такво нешто. Недај боже доколку се деси палење на Куранот радикалните структури на исламот ќе имаат мотив повеќе за убивање на неверниците и секако регрутирање на нови членови. Сето ова има некоја позадина, доколку сакам да направам некоја работа би ја направил без претходни најавувања во медиумите. Со ова најавување се остава поголем простор за разгорување на тензиите. Со изјавите на познати политичари само се дава поголема тежина на овој настан и секако поголемо медиумско влијание.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Kaj gi bombardiraat gi palat i gi ubivaat i gi ebat pa uste i Knigata im ja palat-jasno e, da se unisti Islamot toa im e celta.
 
Член од
14 јануари 2006
Мислења
93
Поени од реакции
2
Nikako ne bi trebalo toa da se sluci bas poradi toa sto kuranot e verska kniga.Iako ne sum go cital ama sigurno ne pisuva navredlivi zborovi protiv nikoja druga religija inaku ne bi bila sveta kniga.sum videl na televizija poradi znak na nezadovolstvo da palat zname ama ne sveta kniga.Ne bi sakal ni da gledam kako ja palat biblijata.Ne mu e lesno nitu na semejstvata na zaginatite vo teroristickiot napad na kulite bliznacki ama sigurno palenjeto na kuranot nema da gi utesi.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Јас сум Македонец, атеист - во слободно време ванаби христијански верник, и сметам дека куранот не треба да се запали.
Доволно за да ги скрши генерализациите?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Колку само договорено е ова... Лошото е што овие се само запаленото чкорче пред кантата со бензин. Ако е доволно паметен светов, или прописно ќе им пресуди на овие гнидиња или воопшто нема да реагира. Но не е. За жал секогаш ќе постои фанатизмот како начин на остварување на политиките на големите луѓе. Или што ќе рече една професорка по историја: Ништа ново на овом капом небеском.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
А ѓомити книгата е крива.
Не е ни прва ни последна книга која ќе се пали.
Со овакво човештво ќе гледаме уште многу мајмунски работи.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
И кога ќе го запали куранот, друг нема веќе да има? Како му дозволиле на човекот да стигне до куранот? Значи тој решава ќе има или не муслиманска религија, алал да му е. Ова мора да е некое грчко сценарио или грците да вмешале прсти.
 
Член од
17 октомври 2009
Мислења
148
Поени од реакции
10
Си игра со животов овој .. која избеглица .. ццц .. како не му иди умо дека наредните минути по палењето ќе го убијат .. една обична карикатура во весник какви немири и протести предизвика а камо ли некој да им го запали куранот ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom