Искуства ГПП усно кај Милка?
Ако сакаш 10ка, усно е единствениот начин да се добие. Прашуваат многу и во детали, ама сигурно добиваш висока оценка. Сите што имате можност ГПП да идете усно, искористете ја, зашто писмено сите не измалтретира Милка и на крај, сите имавме 6ки и 7ци (и тие што ги заслужуваа тие оценки, а и тие студенти што заслужуваа повисоки).
Колеги, како е на усен испит административно право во предсесија кај Давитковски и Шумановска ?
Усно административно ви е најдобро кај Борче, дава три прашања, бара кратки одговори и не го тупи многу со детали. И писмено никако не одете, имам колеги што многу го завлечкаа тој предмет зашто постојано паѓаат на писмениот испит.
Здраво колеги, ќе може ли некој да ми каже збор-два за мастер меѓународно/деловно/корпоративно ? Како се одвива наставата, испитите итн.? Ви благодарам однапред
Ќе ти одговорам само за мастерот меѓународно, па колегите што се на другите смерови нека пишат дополнително. За меѓународно постои некоја предрасуда дека е најтешкиот смер на мастер, ама искрено барем по мое искуство, не е толку тешко колку што сите го праат филмот. Проф се многу пофини отколку на додипломски, попријателски се однесуваат, помагаат за се што бараме, ни излегуваат во пресрет за термини за испит. Се бара присуство на некои предмети (ама ако не си присутен/присутна, тоа не значи дека си паднал, него ќе треба да пишуваш семинарска за да надоместиш), материјалите за учење не се големи (освен за два предмети) и содржината е генерално разбирлива (ако сакаш да учиш меѓународно). Оценувањето е главно преку писмени испити, ама има и домашни и истражувања. Се на се, ќе научиш многу, а не е воопшто толку страшно колку што го зборат и барем проф се понормални во оценувањето на нашиот мастер, за разлика од некои други смерови.
Здраво колеги, сакам да прашам дали некој го има прераскажано, стокмено применета економика предметот, и ќе може да го прати/постави и да ни олесни на
многу што не сакаат економски предмети? Многи е обемен материјалов, знам дека се де прашува, ама ако има некој нешто скратено и сака да олесни ма други студенти, би била вечито благодарна.
Применета е еден од најтешките испити на нашиот факултет. Не толку самиот предмет, колку што професорите бараат многу. Затоа јас не би те советувала да користиш скрипта, сигурно ќе те бутнат...[DOUBLEPOST=1560963881][/DOUBLEPOST]
Кај Тумапнчевски казнено право на испит како е?
Усно ако полагаш е супер, неколку прашања, лесно е и прашува и твои ставови за тоа што го учите. Мене ми беше еден од полесните испити на додипломски. И обавезно учи од посебниот дел, не се положува без него.
Koga ke ima rezultati nasledno kaj Angel?
Вчера видов кај кабинетот имаше објавено дека ќе има резултати и увид на 25ти во 10ч, за испит што се одржал на 7ми јуни (ако за тој прашуваш).