- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.481
- Поени од реакции
- 5.948
Еве ти збориш за Струшко,јас ти кажувам за Велешко,Карлос збори за Прилепско.Значи поради икс причина торбешите се пишаа албанци и така во 2002 добивме енормно виока цифра.Е сега кога ќе си го продадеш газот под кирија,триста причини ќе измислиш,но без пари (економски фактор) никој не менува националност.
И за бегалци ти дадов пример,неможеш мене да ме убедиш,бидејќу сум разговарала со луѓе од Врановци и добро ме служи и слухот и меморијата.Ако ги има во Врановци,ги има и на други места,исто како случајот на торбешите.
Албанците им нуделе пари на торбешите од Струшко

Еве што пишуваше ВЕСТ за оваа проблематика :
Со последниот попис од 2002 година, во Лабуништа, Струшко каде што, според резултатите од претходните пописи, се мислеше дека живее македонско население од муслиманска вероисповед, речиси преку ноќ ги снема Македонците. Бројот на Македонците за нецели осум години се намали за речиси 2.500 жители, со што драстично се смени етничката структура во полза на етничките Албанци. Само 1.149 жители, од некогашните 3.583, се изјасниле како Македонци, додека 4.935 се попишале како Албанци. Во споредба со 1994 година, ова е голем скок за етничките Албанци, бидејќи пред осум години во Лабуништа не броеле ни 2.000. Бројката на турското население, пак, од 2.334 во '94 година, во 2002 година паѓа на 1.618 лица. Лани за првпат во Лабуништа се попишани тројца Роми, осуммина Власи и 72 Бошњаци, додека бројот на Србите се намалува на еден жител. Кои се причините за само осум години во толку големи размери да се смени националното чувство кај жителите на селото.
Кога ќе се влезе во селото, веднаш се забележува дека жителите се имашливи луѓе кои вложуваат во своите домови.
- Муслиман, велат тие. И тука почнува приказната за тоа кои се, од каде се и какви се лабуништани.
Пред стотици години, кога некој од Лабурија, пограничен реон во Албанија, ќе тргнел да посети некој од роднините кои се иселиле на другата страна на падините на Јабланица и кога соседите на албански ќе го прашале "Кудашкојш?", тој им одговарал: "Кај Лабуришти".
Тосум Јускоски, историчар ,кој предава георгафија во основното училиште во селото, го објаснува потеклото на името на Лабуништа:
Поголемиот дел од предците на лабуништани се дојдени од Лабурија, па оттука доаѓа и името. Населението овде е од разни конфесии. Дури и луѓето кои доаѓале тука од Лабурија биле мешани, и Албанци и Македонци кои домот го напуштале од различни причини. Тука се испомешале со домашното население", објаснува Јускоски на беспрекорно чист и течен македонски јазик, некарактеристичен за струшкиот регион. Тој и своето фамилијарно стебло го опишува како невидено измешани конфесии. Поради што и на прашањето како се чувствува тој, наместо краток одговор, Јускоски се потсети на своите предци. Следејќи го шест колена наназад своето фамилијарно стебло, сознал дека неговиот прадедо Јусуф, исто така потекнувал од Лабурија. Затоа, постарите лабуништани, меѓу кои и неговиот татко и чичковци, течно и чисто говореле албански, иако тој самиот има само површно познавање на албанскиот јазик. Не го говори ни турскиот јазик, иако од мајчина страна предците му се Турци, а во семејството имале и Македонци, Црногорци, Бошњаци...
"Јас сум муслиман. Од татко Албанец и од мајка Турчинка. Не можам да одберам ни една страна, ако натежнам наваму или натаму, ќе повредам некој од нив", вели Јускоски.
За повеке прочитај тука
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=70953&idg=4&idb=1034&rubrika=Revija