Заинтеренсирана сум за применета хемија. Мојата професорка по хемија многу го фали ПМФ како еден од ретките факултети кои функционираат добро кај нас. Посебно ја пофали работата на професорите и нивната професионалност.
Може некој нешто да каже за оваа насока(применета хемија)? Совет? :smir:
Јас сум на применета хемија, пред се интересна насока, затоа што секоја година има се помалку и помалку студенти, оваа година само 8. (тоа пак има предност, при работа во лабораториите, нема гужва, работите индивидуално и со тоа ќе научите повеќе).
По завршување се добива звање дипломиран инженер по хемија.
Порано се делеше на две насоки применетата хемија, сега е само Применета хемија., така да потешко е

Инаку различно е од биохемија, мислам најчесто зборат, па као исто е, али применетата е чиста хемија, не се занимава многу со биохемија, односно, се узучуват само 2 биохемии, и тоа Б ниво. Останатото, имаш 3 математики

2 физики, 7 физички хемии (2 наречени како Физичка I i II, останатите како, структура на атоми и молекули, јонска врска, кристалохемија, минерологија... ги има доста), 4 органски, 3 неоргански, 5 аналитички, хемија на производи, на комплекси и други. Пред се, за применета хемија, ти треба знаење од хемија и физика

и математика, али сите професори зборат дека хемичарите се многу слаби со математика, така да, како и да е, лесно ќе ја изгураш математиката ако се решиш да се запишеш на применета...
Поздрав
А од сите насоки на биологија можи да се оди на форензика или ?
Може од сите три институти да се иде на форензика, од физика, биологија и хемија, мислам дека од биологија може од молекуларна и биохемиско физиолошка, како и да е, форензика е нешто што кај нас не е развиено, единствено на институтот за физика имаат балистичка лабораторија, ова другото е гола вода...
