Не баш оцрнување, туку паѓало и добар и по некој лош збор. Без разлика дали сеуште сум во врска со него или не.
Мојата сегашна врска ја започнав со човек кој е сосема раличен од моите бивши. Во тоа се уверив по еден мој љубоморен испад за едно негово излегување без мене. Знаев дека ќе излезе со другарите, но не и со другарка, која всушност ја `бркал` во минатото. Гледајќи слика од нив заедно на фамозниот кадевечер избувнав и започнав расправија со него. Тој и претходно ми имаше кажувано за неа дека ја бркал, но сум заборавила. Инаку никогаш не направиле ништо и спонтано останале само другари. Но, повторно ми разјасни се до најмал детал и сега имам многу повеќе доверба во него, бидејќи ме убеди дека не е како другите и не би ме изневерил.
А јас за возврат му ја објаснив мојата бурна реакција. Тоа е последица од однесувањето на моите драги бивши. Сум била изневерена и разочарана од буквално сите. За среќа, не ми рече : Одјеби, гајле ми е што мислиш...туку го средивме тоа и во иднина се надевам дека нема да има проблеми.
Тоа беше само еден премин преку кој требаше да се помине за да се достигне наредниот степен на меѓусебна доверба.
Но, ми беше потребно да му објаснам како сум била третирана од бившите за да знае зошто изреагирав така кога ги видов сликите. Бев навикнала да ме повредуваат.Помислив дека е уште еден од `нив`.
Но, дефинитивно ми докажа дека не е.
Е сега, за мене да ме оцрнат ..и тоа ми се случи, итоа во последната пропала врска.
Го имав неговиот пасворд од фб, преку кој најпрвин дознав дека ме изневерува.
По тоа, откако раскинавме, видов од разговорите кои ги водел на чет дека грдо ме оцрнил пред негов другар, давајќи му надеж да се обиде кај мене како да сум лесна девојка. Тоа ужасно ме налути и бидејќи го имав избришано од пријатели на фејсбук, му пратив порака заканувајќи му се дека ќе му уништам се што постигнал, а реално гледано имав можност да го сторам тоа на многу начини.
Ми се јавуваше, но не кревав..на мсн тврдеше дека не ме оцрнил, но јас само му реков да не се осмели да му се повтори. Оттогаш разговаравме само уште еднаш, кога го `реметев` за неговата сегашна ружна девојка, која е со него само колку да не му биде досадно (инаку повторно изневерува и тоа нема да се промени кај него никогаш).
Потоа веќе не сме разговарале, но сепак иако можам пак да разговарам со него, никогаш не би можела да му ја простам навредата и оцрнувањето.
Сум била оцрнета, повеќе отколку што сум кажала лош збор за него.