Многу често се случува... И најчесто не сакам да ги слушам тие муабети... Ме нервираат... Особено ако ги знам добро и двајцата... И одма реагирам и ги карам тие што зборат

И не ми е јасна поентата на зборењето... Што ќе постигне со тоа? Стварно неможам да најдам логичко објаснение...
Сум идела со некој, било крај и тоа е тоа... Што ако зборам лошо? Ќе смени нешто? Па дури и да направил нешто лошо, нешто што не било во ред и ме повредил на било кој начин, можам само да им кажам на блиските, чисто да се испразнам и да ме утешат

Сигурно нема да го разгласувам тоа на сите...
Па и да е лош, и да заслужува да го оцрнувам нема да направам тоа... Ако бил таков со мене немора да значи дека со сите ќе биде... И нема зашто да го правам тоа, тие што го знаат нема потреба да им кажувам каков е, а тие што не го знаат ќе си дознаат... Која сум јас да зборам?
Не знам дали ми се случило од причина што не ме интересираат... Ако зборел нека збори... Ај донт кеар... Ако некој сака да знае каква сум нека дојде да ме запознае... Ако слуша по муабети каква сум и верува во тоа, нека му е
