Охрид

Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
Ај вака сеа, по шо ве гледам дека појкето од вас ќе одет за празников/концертиве Охрид - неколку типс анд трикс за места :)
(тука немат да ги најдите местата како Леонардо, Ди Анголо, Летница и ними слични по шо знам дека ги знајте сите :) )
Храна :

1. Орфеј - местото се наоѓат кај средното угостителсо школо. На 5 минути е од езеро, иако езерото не се гледат по шо имат згради еден ред. Меѓутоа, храната е предобра, а и е многу ефтино (под многу ефтино мислам на пола литро скопско 70-80 денари, храната во зависнот од шо ќе нарачате се движит измеѓу 150-400 денари порција). Нон стоп дури работев в кафич праќав странци таму и се презадоволни, а воедно и јас сам. Немат фенси јадења од типот на незнам ти какви пасти и салати, али за домаќински ручек фул месо, топени сирења и остали работи во фурна е премногу добро. И ПРЕЕФТИНО.

2. Летна бавча Канео - пред да заминам Германија зимава бев на вечера таму, и се преизненадив од вкусот и квалитетот. Меџутим, предупредувам, е fine dining, мали порции, преубо стокмени и изглед и вкус, ама се за уживање а не најадвење :). Цената е исто така посолена, ама со оглед на местото и видикот (особено на зајдисонце) и те како вредит. Барем за еднаш.

3. Скај корнер - новиот хотел шо го отворија кај Охридска банка. На 4ти спрат е ресторан, на 5ти е кафич.Можда и прв ресторан шо имплементира редовно морска храна на мени во летен период, а воедно немат и некоја предлабока понуда да нарачаш од бурек до чизкејк - оптимално мени, и доста интересно. имам другар шо работит в кујна и од прва рака знам дека кујната им е коска, и дека се трудет доста да се интересни и во понуда и во квалитет.исто и тие терет fine dinning,за велигден пробав едни интересни корнети со различни смеси од сирења и месо, како ипаста со песто сос и беше многу добро. Цените се малце повисоки, ама според мене скроз прифатливи за понудата, со оглед на то шо е ново и интересно место.

4. Burger Station - не е ново место, се отвори лани, ама летово ептен си ја имет земено работата сериозно. Прекрасни хоум мејд бургери, со домашно месо и печен домашен компир. Се наоѓат во бутката карши Фото Рекс среде чаршија, баш пред да излезиш на плоштад. Пробано преку 15 пати, никогаш не зажалено. Бургерите се движет од 120-220 зависит шо ќе нарачаш, али вредит секој ебан денар.

5. Хотел Гарден - чорба. Чорбетина... то шо е Дукат во Скопје, е Гарден во Охрид. Можда не во буквална смисла, али по значај. Ако сте љубители на чорба, обавезно да ојте таму.

6. Кај Мече - се наоѓат наспроти Универзитетско сместувалиште, пред угорницата кај Метропол. Ми беше малце извикано на почеток - дур не им го пробав реброто во фурна. 180 денари, мила моја мајко - бомбетина. Предупредување:фул гужва, ама нон стоп. Ако се јавите со повреме, можит да резервирате.

7. Билјанини Извори (кај четкар) - од стално ги биело/биет глас за добра скара. Јадев пред 3 месеци и уште е точно :) Е сеа, стандард а лето дојдит, цените се повисоки. Ама целиот тој амбиент, покрај изворите и со музиката мислам дека вредит исто една вечер таму.

8. ИТ кафе - се наоѓат скоро до бивши ирски паб балабан (и сеа имат паб ама нзн како се викат). Отворен пред еден месец. Одлична италјанска храна - газдата имат фирма во Италија и ептен е навлезен во то да ја донесит правата италјанска кујна во Охрид, а да не е само макарони и шпагети. Неколку другари се веќе бидени таму, и само пофални зборој слушам - така да топло ви го препорачувам местото :)

8. Нова Ривиера И Тино - имет доста добра храна, ама се попознати ради атмосферата/музиката него ли хранат. Ако сте љубители на жива музика, пропратена со солидна храна, тие се местата за вас :)

Пијалоци, кафе,коктели :

1. Шила - карши Фото Рекс, над Летница на терасата. Работев 6 лета таму , и скроз објективно можам да кажам е можда и најкул место во Охрид за секој можен пијалок. Особено се внимават на кафе, фала богу сме опкружени со еден куп турци и албанци со тезги околу шо се ептен пребирливи за добро кафе, па тој продукт морат да е нон стоп на место. Имате обични, јава, арабики, лате макијата, мокачина - да не речам локален Старбакс. Исто така еден куп смутиња од секаков вид, и предобри коктели (секое лето коктел мајстор држит обука за коктели и нови се додавет на менито - а имат и можност за "направи сам" коктел т.е. да си кажиш шо сакаш да имат во коктелот :) ). Фул странци на вечер, чил место со одлична музика, со цена на коктели од 200-350 денари. Пробајте да појдите еднаш, ќе ме сфатите шо сакам да кажам :)

2. СкајКорнер - како шо кажаб работев 6 години во угостителство и од то шо ги гледам по инстаграм и ФБ имет лудници коктели и пијачки, а и дечките шо се шанкери се многу спремни.Од на руфтоп се изгледат пубо, така да и пијалокот таму вервам дека ќеви легнит топ :)

3. Зона Гарден - одма до Сараиште,измеѓу сараиште и Џез ин. Ништо посебно од понуда, али предобро за ноќна пијачка покрај езеро :)

4. СУ Хотел - покрај езеро, после Даблин И тино пабојте. Ново отворен лани, интересна понуда, сега гледам имет ставено и за седење перници во паркот покрај езеро..така да би требало да е интересно :)

Такси : тука не можам да ви помогнам. Јас во Охрид живеев и творев 25 години и секое лето го јадев ст*пот исто како и секој турист :). Али 13 999 (сузуки) мислам дека се нај Ок, по шо имет доста коли и не се грабет толку многу за љуѓе како другиве.

Јавен превоз : комбиња и диви таксисти. Ви го препорачувам второво. За 70-80 денари од центар до Градиште по чоек и не е скапо. е сеа, или ќе требит да сте 4ца па да ојте со нив, или требит да чекате да се соберите 4ца па да тргните заедно. Али, дефинитивно подобро од варијантата да се бориш в комбе со уште 100 души без клима :)

Плажи : Тука батки исто не знам како да ви помогнам по шо се ќе е фул. Градиште ако ојте, пред 10 иначе јок место. Оревче, па можда и од 9 ќе требит да појте. Трпејца исто така. Љубаништа е далеку,ама вие си знајте. Оптимална далечина од град а ок за капење се Акапулко, Метропол и Гранит, барем јас одам таму :)

Места за избегавање : Пинк Пантер (ВЕ МОЛАМ НЕ ОЈТЕ ТАМУУУУУУ), Ликвид денски, Кадмо и Куба Либре денски, Хавана диското и Еспана. Зш, не ме прашвите. Како охриѓанец мислам дека требит да ми вервите на зборот :)

се надевам бар тро ви олеснив/поможив :)

Секое добро, и убав помин неделава/викендов :cool:
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Тинос е добро место. Храната е добра и прифатливи се цените ко што памтам.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846

Браво за постот.
За Скај Корнер можам да потврдам дека е одличен и има добар поглен кон дел од градот.
Има еден нов кафич за кафиња на кејот, мислам дека е од оваа година отворен кафичот, заборави да го споменеш. Заборавив како се викаше, но имаше некое англиско име.

А другиве што си ги спомнал ќе ги посетам. Тогаш за Велигден кога бев не седнав во Шила но овој пат ќе седнам и таму да видам како е.
 
Steve's coffee House :).. Интересно местенце, како концепт е мн прифатлив по шо е појке како да седниш за кафе пауза од работа, или да работиш со лап топ оттаму, значит не е типичен кафич. Селф сервис е, имат интересни сендвичи, колачи...ако сте покрај кеј, добро е како "пит стоп" :)

Иначе баш чекам коментар да видам какво искуство си имал :)
 
Јас бидејќи не пијам воопшто кафе, земав топло чоколадо и испадна топ. Ретко како што го сакам, не премногу благо, супер беше.
Прво седнав на терасата и гледам никој не ме служи 15 минути, а тоа да ти било самослужење, па отидов на шанк да си нарачам.
Иначе убаво е уреден внатре, имаат интересни пијалоци, но ги фатив на затворање, па некои машини беа затворени за работа, па остана само топло чоколадо.
 
storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Абе Охриѓани, што ви значи тоа "ништа петнајс". Мислам на повеќето ги интересира.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.998

Toa им е ваљда некоја узречица базирана на она што често го кажуваат српските коментатори за тенис.
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
Абе Охриѓани, што ви значи тоа "ништа петнајс". Мислам на повеќето ги интересира.
Хаха, како шо имат искоментирано Берик над мене, "ништа петнајс" го иаме украдено од тенисот, и мислам дека србите појке го користет од нас каде каде:)... да ти го дефинирам точно не можам, ама да ти го искористам во реченица можам :

- Аре,шо напрај на испитот ? .... - Ништа петнајс брат, ќе паднам
-Стигна плата ?...... - Проверив на бакномат, ништа петнајс ...уште не
- Аууу ја виде Марија вчера колку беше јака ? ..... - Џабе брат ко немат во глана, ништа петнајс :D

И да не ме јајт греот, заборајф претходно отворена е нова take away пицерија "Prova" во Охрид од Нова Година, се наоѓат кај Адмирал казиноно кај шо беше Вегера, малце потака. Марко, газдата и воедно главниот пица мајстор имат работено со години во Италија во пицерија и сеа си отвори негова. Можиш да нарачаш парче, мала,средна или голема...за тука, за носење или за деливери исто. Предобра е, летово мислам дека работит и до сабајле,пиците му се предобри и се продавет ко алва... дефинитивно да си пробате :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.998
A

Avenger99

Гостин
Ретардиран, 12.5 кила пастрмка јаделе. Да не сакаш по 50 денари кило да им наплатет?
 
12 кила пастрмка им донеле како и ред друг работи кои не ги нарачале
а исто така им наплатиле и работи кои ниту ги нарачале, ниту ги добиле

Не ми кажувај дека тие од Пештани биле чисти и не ги одрале. У ствари кажувај што сакаш, ама никој па дури ни ти не веруе дека не ги украле за многу.
Тоа не е чудо, модус операнди во земјава е краткорочен ќар на сметка на долгорочна загуба. Таков е народот и власта.

Најбоље е коа некој затоа што е од истото место со друг непрокопсан идиот, го брани вака иако и врапците им е јасно што се десило. Утре другарти од Пештани ќе ти каже - брао, ние требит вака да се држиме или нешто слично идиотско? Затоа ги браниш или чисто заради локалпатриотизам?
 
:pos: Не нарачале ама ги добиле??? Сериозно си толку ненормален да вервиш во ова? Овие носеле се и свашта овие 10 души ги гледале и ништо не им рекле? Хахахахахаа приказна за мали деца. Нити иам другар во Пештани нити нишчо. кур ме заболе. Имаш во Радожда за 1700 денари кило пастрмка оди таму јај, ама нити фискална нити услуга ќе добиеш.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Во Охрид немам отидено 6-7год, дали стварно се вакви цените на повеќето места? Поскапи и од Скопје сте станале.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.998
Така значи било, ја не сум од Охрид и не можам да знам ништо повеќе за случајов од тоа што е пишано. Злите Холанѓани сакаат да ги набедат овие од Пештани дека им наплатиле повеќе...

Она што можам да го знам и го знам, од лично искуство, е дека навистина во охридските локали се случува ваков тип на грабеж, особено кон странци и скопјани. Ја сум бил лично сведок во две ситуации кога имало обид да се протне у голема нарачка у ресторант, нешто што ниту е нарачно ниту добиено.
 
A

Avenger99

Гостин
Во Охрид немам отидено 6-7год, дали стварно се вакви цените на повеќето места? Поскапи и од Скопје сте станале.
Не идај, глеаш шо е.
Автоматски споено мислење:

Така значи било, ја не сум од Охрид и не можам да знам ништо повеќе за случајов од тоа што е пишано. Злите Холанѓани сакаат да ги набедат овие од Пештани дека им наплатиле повеќе...

Она што можам да го знам и го знам, од лично искуство, е дека навистина во охридските локали се случува ваков тип на грабеж, особено кон странци и скопјани. Ја сум бил лично сведок во две ситуации кога имало обид да се протне у голема нарачка у ресторант, нешто што ниту е нарачно ниту добиено.
Убо си кажа, не си од Охрид и немојш ништо да кажиш. Си кажа шо си имаше, уствари ништо не кажа.
Автоматски споено мислење:

Иначе волкава дечурлана во градов немало не памтам од кога.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom