Охрид

Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.303
Поени од реакции
1.775
Абе добро само ние Охриѓаниве си палиме огној за Василица? Глеам секаде денес палеле.
Ние непогодениве :D плус Вевчанци, Дебрчани, Ресенско. Башка комад со паре ние прајме за Василица, сите други за Бадник прает.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.987
Поени од реакции
12.550
Овој проект му го препушти на Агенцијата за млади и спорт.
- Би било неекономично и несериозно, во исто време да направиме два покриени базени. Во овој момент е доволно еден кој ќе го гради Агенцијата. Изградбата ќе започне на пролет. Од тие причини ќе го стопирам проектот со кој општината требаше да го гради затворениот базен, изјави Петрески
http://ohridpress.com/index.php?option=com_content&view=article&id=10068:2012-01-05-10-32-41&catid=42:2010-02-11-16-49-30&Itemid=120
овај е жива легенда:pos:
Држ го аман, кај се погоди во исто време со Агенцијава бе.... шубо два ќе си имавме :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Ние непогодениве :D плус Вевчанци, Дебрчани, Ресенско. Башка комад со паре ние прајме за Василица, сите други за Бадник прает.
+ Битола, Прилеп...цела Југоисточна Македонија.Стружаниве не знам кога го прает то чудо:unsure:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.987
Поени од реакции
12.550
^ Сношти мислам дека и тие го праеја.
Иначе кашјакнца е надвор, излези по чаршија да видиш како дрифтет сите :D
 

DUKESSINCE1988

THE DUKE LORD
Член од
20 јануари 2011
Мислења
260
Поени од реакции
46
и во тетово комадот со пари4е го правиме за василица!
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.662
Поени од реакции
14.536
Кажете ми како е во Охрид овој период? Би сакал да одам за викенд и дали се исплати повеќе приватно сместување или некој хотел? Фала однапред
 
F

FuckYouAll

Гостин
Кажете ми како е во Охрид овој период? Би сакал да одам за викенд и дали се исплати повеќе приватно сместување или некој хотел? Фала однапред
Aко сакаш да дојш на ден-два и ако сакаш да си поминиш поевтино најпаметно ќе ти е да дојш за Водици, ем полн градов ќе е, ем уште од пред еден месец хотелиериве најавија попуст за Водици.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Кажете ми како е во Охрид овој период? Би сакал да одам за викенд и дали се исплати повеќе приватно сместување или некој хотел? Фала однапред
Добро ти кажа Фаца, за ноќевање со доручек околу Водици во поголем број хотели е 10-16 евра.
Барем не се замараш во приватно сместување со други состанари и мизерни газди.Вака си имаш барем своја соба, ако ти е за викенд многу подобра опција него
http://www.tvm.mk/ohrid/ohridski-hoteli-polni-novogodishni-praznici-gosti-za-vodici.html
Охридските хотели полни за Новогодишните празници, гости се очекуваат и за Водици
Напишано од Валентина Нелоска
Понеделник, 09 Јануари 2012 16:37

Хотелиерите ги сумираат резултатите од посетеноста за време на Новогодишните празници. Така, хотелиерите на охридската ривиера не го кријат задоволството од посетеноста на туристите на нивните објекти. Успешниот старт на годината им влева оптимизам и за плодна туристичка сезона. За време на празниците најбројни гости во хотелите на нашето крајбрежје биле туристи од соседството, а македонските гости биле во стандардна бројка, нагласуваат раководителите на проджба на аранжмани. Од хотелите Метропол и Белви се задоволни од исполнетоста на нивните капацитети со 95 посто. Во Метропол и Белви престојувале 445 гости од Бугарија, Србија, Албанија и Македонија. За прв пат имале организиран престој на гости од Романија. Грците кои во нивниот хотелски комплекс го поминале католичкиот Божик, ги откажале резервациите за Новогодишните празници, а овој пат ги немало и гостите од Косово, истакнува раководителот на продажба, Борче Тасески. Најави за гости во нивниот комплекс има и за големиот христијански празник Водици. Хотел Метропол за овој верски празник дава поволност како и повеќето хотели кои се вклучени во акцијата со намалени цени за ноќевање по цена од 10 евра, и со можност за престој на гостите за уште еден ден по истата цена за Денот на Рибарите. Хотел Метропол ја поддржува и организацијата на жителите од населбата Коњско во фрлањето на крстот за Водици од нивното пристаниште.
Од хотел Белведере исто така се задоволни од посетеноста на гостите за време на Новогодишните празници. Со тридневниот аранжман нивниот капацитет бил 100 посто исполнет со гости од соседните земји и од земјава.
Во хотел Силекс исполнетоста на капицетот со гости бил 100 посто и тоа од Црна Гора, Србија, Бугарија, Албанија и гости од земјава. Зголемен број на гости очекуваат и за престојните празници Василица и Водици.
Гранит пак, бил исполнет со 60 посто од својот капацитет со гости од соседството, но и со посетители од Полска. Хотелиерите, се задоволни од посетеноста за време на празниците кои поминаа и се оптимисти и за престојните празници Православна Нова година и големата верска манифестација Водици.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.805
Поени од реакции
20.144
А на плоштад кој ќе пеј каменолом или камелеон? :icon_lol:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
А на плоштад кој ќе пеј каменолом или камелеон? :icon_lol:

Каменолом, Елена Петреска/Ристеска (не е сигурен), Љамбе Арнаудов - бившиот директор на ЕСМ итн. :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom