Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.745
Поени од реакции
760
Значи за црквите не се криви охриѓани , тоа е така наредено од главните во МПЦ , пример во Св. Софија знам дека се наплаќа за влез .
Јасно ми е дека е од МПЦ, но не е добро во духовниот центар на Македонија да се стави акцент на такси за влез (материјалното) во активни цркви. Тоа создава лош впечаток кај верниците. Овие работи се прават со кутија за донации - кој сака, да донира колку што смета. Тука се разбира треба да се прави разлика помеѓу активна црква и црква-музеј или црква-културен споменик. Штом се служи во црквата би требало да нема влезници и да можат да се палат свеќи во неа.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Не бе Аце јадел во Момир таверна некој си двајстина метра пред ресторан Далга поточно одма пред Аквариус, јас денес јадев таму и врска нема шо пишит овај со цениве и то шо го пишит во мени. Или јас сум слепец или тој глуп се прајт или пак е некој тежок искључок.
Кај и да ојш, макар и Камбоџа да си, имат и ефтини и скапи ресторани само незнам шо се креват толку џева.
Зато фино лепо ак сакаш малце да платиш ојш кај богета во Панорама и јајш ем квалитетно (можда број 1 ) за скара во охрид и ќе поминит со многу мала сметка :D[DOUBLEPOST=1401656647][/DOUBLEPOST]
Јасно ми е дека е од МПЦ, но не е добро во духовниот центар на Македонија да се стави акцент на такси за влез (материјалното) во активни цркви. Тоа создава лош впечаток кај верниците. Овие работи се прават со кутија за донации - кој сака, да донира колку што смета. Тука се разбира треба да се прави разлика помеѓу активна црква и црква-музеј или црква-културен споменик. Штом се служи во црквата би требало да нема влезници и да можат да се палат свеќи во неа.
Епа јбг , како ќе купит дедо стефан после нов џип ? :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Зато фино лепо ак сакаш малце да платиш ојш кај богета во Панорама и јајш ем квалитетно (можда број 1 ) за скара во охрид и ќе поминит со многу мала сметка :D
Кај Богета е супер бе, мојш да се изнајајш салгам за ич пари. А и во Котва е ефтино јадење и пиење, многу убо. Само незнам овие помфритиве од 700 денари и шише Скопско 240 денари кај ги најџвет :D?!
И кај Даце-та е ефтино:) плус занает ќе научиш зш сите мајстори јадат од таму :D
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Кај Богета е супер бе, мојш да се изнајајш салгам за ич пари. А и во Котва е ефтино јадење и пиење, многу убо. Само незнам овие помфритиве од 700 денари и шише Скопско 240 денари кај ги најџвет :D?!
И кај Даце-та е ефтино:) плус занает ќе научиш зш сите мајстори јадат од таму :D
Требит да им напишиме овде кај имат вака за ич пари јадење и пиење и после да видиме дали ќе се жалет пак .. :D
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Абе ај еве да им напишиш, ама џабе со нопаци разбервачка немат пак се нешто ќе им фалит и ќе ќењет.
:ROFLMAO:
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.691
Мене не ми е јасно како тоа само на нашите туристи се нешто им фали, а странците се презадоволни. Не го кажувам ова од рекла казала, туку еве ова ќе ми е 5то лето по ред како работам во угостителство и секојдневно стапувам во контакт со различни туристи. Татко ми е во една од најозогласените групи охриѓани-таксисти. И низ разговор околу тоа кој како се жали,од што е незадоволен, дојдовме до заклучок дека без пари не се оди на одмор! Точка. Јас разбирам дека и ситуацијата во земјата ни е таква што не може секој домашен турист да се опреми со 500 евра и да дојде на одмор во Охрид, ама па не ви се ни Охриѓани криви за секоја ситница. Дека има пропусти,има.И сите се свесни за нив. И мене ми смета наплаќањето лежалки по плажите, ама тоа си е одлука на концесионерите, и доколку не е запазен односот од 30:70 си има надлежни институции кои треба да си го средат тоа, пошо ова е проблем кој се влечка со години. Исто и за дивите таксисти, нека си има контрола. Ама не може некој да оди на одмор во туристичко место и да очекува кока кола од 50 денари и вечера за двајца за 300 денари. Просечна цена на кока кола е 80 денари (значи некаде е 60,некаде е 70, некаде 90 ). За кока кола од 100 денари не сум слушнала ни видела а сум ги прошетала сите кафичи низ градов. Скопско стандард 90. Влез во поголемиот дел од клубовите не се наплаќа. Вечера за двајца во пицерија би ве коштала 600 денари, 300 денари по човек. Поефтино од ова само дома :) .
Што е тоа што смета, услугата? Еве еден пример од гледна страна на келнер. Седнуваат 10 души на јадење, притоа зафаќаат три маси, и делат три пици. И душата ќе ти ја извадат со чаша вода вода вода.И после ќе се пишува по форуми келнерот не ми донесе вода! Па после 20тата чаша ќе ти прекипи! Јас мислам дека треба да се има малце осет и култура најосновно, ако немаат пари за вечера во ресторан нека јадат фаст фуд! И не го кажувам ова иронично или со доза на цинизам, ама ако сум тргнала на одмор и немам 300 да седнам да вечерам како човек, па да ти се плукнам на одморот. Значи испружи ги нозете колку што ти е долго чергичето. Многу од домашните туристи го потценуваат Охрид и од таму вакви неосновани критики.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612

:) Ова со водата и со пицата го претера. И да се случува се случува еднаш во милион пати.

Како и да е, и самата потврди дека не функционира системот во туристичкото место. Таксистите се случува да наплаќаат енормни суми тоа сум го почуствувал.... Треба свежина новости во градот секоја година, програма за привлечување на туристите, секоја година барем по две плажи да се песочат со ситен убав песок, да се исчистат големи каменишта....никој не обратил внимание на овие работи кои дефинитивно ке остават позитивен впечаток кај туристите, но се гледа само да дојде сезоната да се направи колку толку профит, не се мисли на долг рок.
 
На секое такси имаш број од УЈП , ако не ти пушти таксиметар или ако сака да ти наплати повеќе од сумата што дошла слободно пријависи го , не разбирам што не е јасно тука . Плажите се земаат под концесија така што градот не е крив за тоа , има и со песок и со камен , тоа е најмал проблем.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.691
:) Ова со водата и со пицата го претера. И да се случува се случува еднаш во милион пати.

Како и да е, и самата потврди дека не функционира системот во туристичкото место. Таксистите се случува да наплаќаат енормни суми тоа сум го почуствувал.... Треба свежина новости во градот секоја година, програма за привлечување на туристите, секоја година барем по две плажи да се песочат со ситен убав песок, да се исчистат големи каменишта....никој не обратил внимание на овие работи кои дефинитивно ке остават позитивен впечаток кај туристите, но се гледа само да дојде сезоната да се направи колку толку профит, не се мисли на долг рок.
Не е претерување, секоја вечер ми се случува да имам минумум по една маса ваква. Останатите 50% од масите ( домашни туристи ) делат пица. И тоа не е од што се не гладни, туку од што немаат пари. Пак ќе речам, седнуваш во ресторан и сакаш да поминеш со 150 денари. Тоа со песокот не се согласувам, бидејќи сме на езеро а не на море, и се уништува природната убавина на езерото. Замисли колку тиња ќе има и колку ќе е гнасна водата ако плажите се со ситен песок. Реални очекувања ќе ве молам.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Скоро секоја година сум во Охрид и си поминувам ТОБ. Најголема забелешка ми е што веќе скоро и да нема плажа без лежалки. Така да оваа година одев на војната плажа во свети Наум. Таму е најдобро особено за оние што се со дечиња нема лежалки што автоматкси значи слобода а и плажата е песок и тоа песок носен од Јадранското море. За цените можам да кажам дека се некој си 20 до 30% поскапи од другите градови. На пример во пицерија во Охрид плаќавме по 2400 денари за 4 возрасни и три мали дечиња додека за сличното јадење во Битола плативме 1800 денари. Тука веројатно има простор за мала корекција но не е толку страшно со оглед на тоа дека се работи за туристички град. На крај сепак останува најголемата замерка на претераната урбанизација на плажите. Верувам дека тоа ги иритира и странските туристи зошто несака секој да му виси келнер над главата дури и кога е на плажа.
Да кажам исто така дека бев сместен во стариот град и можам дамо да го препорачам мотелот. Платив 25 евра за двајца од вечер но затоа имав поглед на езеро, паркинг и за 5 минути пешки во центар. За хигиената, пречекот и останатите формалности само пофални зборови.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Не е претерување, секоја вечер ми се случува да имам минумум по една маса ваква. Останатите 50% од масите ( домашни туристи ) делат пица. И тоа не е од што се не гладни, туку од што немаат пари. Пак ќе речам, седнуваш во ресторан и сакаш да поминеш со 150 денари. Тоа со песокот не се согласувам, бидејќи сме на езеро а не на море, и се уништува природната убавина на езерото. Замисли колку тиња ќе има и колку ќе е гнасна водата ако плажите се со ситен песок. Реални очекувања ќе ве молам.
Една идеја за тоа со водата.
Во Лондон дури и во поскапите ресторани и фенси пабови, заедно со пијачката што ќе ја нарачаш секогаш ти носат и шише со вода на маса.
Нека купи газдата на пицеријата 20тина интересни шишиња или бокали и решен проблем.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Не е претерување, секоја вечер ми се случува да имам минумум по една маса ваква. Останатите 50% од масите ( домашни туристи ) делат пица. И тоа не е од што се не гладни, туку од што немаат пари. Пак ќе речам, седнуваш во ресторан и сакаш да поминеш со 150 денари. Тоа со песокот не се согласувам, бидејќи сме на езеро а не на море, и се уништува природната убавина на езерото. Замисли колку тиња ќе има и колку ќе е гнасна водата ако плажите се со ситен песок. Реални очекувања ќе ве молам.
Не сум специјалист за плажи, само идеја давам како би било попријатно за туристите, може ке има и негативен ефект за езерото не, тоа за стручни лица е тема тогаш, јас од друг аспект како идеја го кажувам. За она дека седнуваат со малце пари, епа седнуваат бе дете, може не си почуствувала како е да немаш, но и сиромашните луге сакаат да почуствуваат како е да се јаде пица.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Не сум специјалист за плажи, само идеја давам како би било попријатно за туристите, може ке има и негативен ефект за езерото не, тоа за стручни лица е тема тогаш, јас од друг аспект како идеја го кажувам. За она дека седнуваат со малце пари, епа седнуваат бе дете, може не си почуствувала како е да немаш, но и сиромашните луге сакаат да почуствуваат како е да се јаде пица.
Епа за тоа зборуваме ... ке си седнеш да јадеш каде што можеш т.е колку што имаш пари нема да одиш во некоја пицерија што е поскапа од другите и да се срамиш ...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Една идеја за тоа со водата.
.
Вака ако даваме идеи нема крај. Во Германија водата се купува каква и да е. А во италија ти наплаќат 2 евра од човек за што си седнал на маса и ќе користиш прибор за јадење.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.691
Не сум специјалист за плажи, само идеја давам како би било попријатно за туристите, може ке има и негативен ефект за езерото не, тоа за стручни лица е тема тогаш, јас од друг аспект како идеја го кажувам. За она дека седнуваат со малце пари, епа седнуваат бе дете, може не си почуствувала како е да немаш, но и сиромашните луге сакаат да почуствуваат како е да се јаде пица.
Да, може 1/9 да се сиромашни и да сакаат да почувствуваат, не може 90% да се сиромашни. Не може некој да нема пари да седне во ресторан во местото од каде што е, да дојде на одмор Охрид и да се жали дека е скапо. Затоа викам дека го потценувате градот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom