Се надевам ќе се реши, пред да си го посвои некој тоа и на крај заврши во приватна колекција.
--- надополнето: Oct 8, 2011 11:02 AM ---
нешто плус
Инаку за овие мумии се знае уште по истражувањата на Иван Микулќиќ во 1965 година кога тој и самиот се обидел да истражува во крајот на 90- тите, но сопстевниците уште тогаш не му дозволиле. Една таква мумија подолго време беше изложена во витрините на Судска медицина во Скопје, каде се наоѓа се уште а вработените велат дека ниту една релевантна институција сите овие години не е заинтересирана за нејзино истражување. Со овие наоди , велат стручњаците, би се потврдиле претпоставките од старите научни сознанија кои велат дека во локалитетот Кисела Вода, најверојатно минералите и жицата на киселата вода, која тече покрај патот, и дрвените стебла придонеле за мумифицирање на лешевите.
Добиените резултати од мумиите од 1963 и 1965 година дале драстично различни толкувања на периодот од кој потекнувале, според едни од 4-ти и 3-ти век пред нашата ера, а според други од 7 и 8 век од нашата ера. Стручњаците се загрижени за судбината на мумиите бидејќи сметаат дека со откопувањето и отворањето на едниот сандак можеби дошло до оштетување на мумифицираните тела, односно дека во допир со воздухот тие се распаднале.
Според пронајдените остатоци од керамика, мумиите датираат од почетокот на античкиот период, 5-4 век п.н.е. Сместени се во дабови ковчези и представууваат најголема енигма во историјата на македонската култура.
Останува прашањето дали мумиите од Липково им припаѓале на древните Македонци, и дали воопшто се работи за антички мумии.
Ако се знае уште од тогаш, се поставува прашањето што чекале толку време?